Ве читам вие што не спиете и ви се дивам. За такво темпо треба екстремно многу живци. Читам и се чудам. Јас, еве, без тренинг за спиење, па спие по цела ноќ одамна. Од 11 месеци спие сама во своја соба. Ве читам и не знам како сум заслужила вака. @FreeMind исто се осеќав за кариерата. Ама ме фаќа рчка веќе нешто да успеам повеќе, баш ради нејзе, а да не ми се скрати квалитетното време со неа. Има начини 1 000 000 и варијанти, и нема погрешни избори, се се сведува на лична желба, а и желбите се променливи. Би то рекла да си ја чуваш у ракав понудата уште малце.
Не да ми се деси...да ми кажуваше некој претходно вака, ќе го правев будала. Пред да родам на работа велев дека породилно ќе користам 3 месеци и се враќам. Да ме чекаат. Се жалев и за тие 3 месеци што ќе сум правела дома, без работа, без колегите.... Велев еднаш годишно ќе продолжам да шеткам со другарки низ европа. Велев јас во кујна не влегувам. Велев јас во теретана продолжувам да одам од коа ќе родам. Велев не доам повеќе од 6 месеци, ептен дека мора до 6 оти е препорачливо.. Еве ме сега си дадов отказ од работа. Нема да тражам нова барем додека не наполни 2 години. А мислам дека и повеќе. Го немам оставено малиот повеќе од 2 часа со баба (и ова се има десено 2-3 пати). Обожавам да му готвам, сакам да си средувам по дома. Да си украсувам, да си планирам шеткања со него. Без него не ми се помислува до Скопје да идам, а не да шетам Теретана несакам да видам. Една година уште доам и најверојатно ќе продолжиме уште некој месец.... и така, всушност сега сум се она што порано велев нема шанси да бидам. И преубаво ми е. И ништо друго не ме интересира Сега воопшто не сум модерна по ова прашање како што се замислував дек ќе бидам. Желбите и целите ми се многу доле сега. Само он да ми е насмеан и среќен. Толку.
Јас за нешто вакво се спремав, а искочи спротивното. Од секогаш сум викала дека да имам услови би родила 5 деца и ќе седам дома. Ама кога бебе имаше 2 месеца, почнав да работам нешто од дома, летоска одев по неколку саата на работа да помогнам додека имаше некој на одмор, сега со пеење си тргнав на работа, дури се заборавам и останувам после завршување на работно време, малата секако рано заспива и не ја гледам навечер. Испадна поубаво ми е да работам. Поисполнета се осеќам. Остатокот од времето дома го поминувам со малата со уште поголем ентузијазам од претходно. Е дома порастурено не било, се мислам да најдам жена секоја недела да доаѓа, ама не ми е гајле. Не е ништо страшно да се предомислиш што сакаш во животот, битно да го сфатиш тоа на време за да не бидеш несреќен од моменталната ситуација. На крајот од денот, сега имаме деца за кои треба да бидеш најдобар родител што можеш да бидеш. Без разлика дали е тоа како дел од работната сила или stay at home mom, се додека времето поминато со нив е квалитетно искористено.
Тој/ тие ќе се насмеани и весели ако мама е исполнета а мама ќе биде исполнета ако знае дека ствара за себе и за нив. Животот го сваќам ко предизвик и борба и ако нема предизвици ќе биде монотоно и досадно. Тамн работа ако на моите 36 год мислам дека се сум постигнала во животот а всушност мислам дека сега сум најпродуктивна на сите страни . Рака на срце уште не ми се оди на работа но знам дека ќе дојде денот кога едвај ќе чекам да излезам преку врата. Бебчо овие денови е звер невиден преку ноќ. Горните единици на повидок, набабрени и местото жар црвено. Денес партал ме направи и воопшто не сакаше да цица. Денес во онаа цуцла со мрежичка му ставив јаболко па така беше мирен некој период и јаболкото партал го направи. На се што може да се фати со рачиња се фаќа и се усправува интересен ми е но и напорен. Се заигрува и сам но бара и внимание од мене. Ако не ме гледа веднаш лази накај кујната или накај ВЦ . Вчера ме најде во тоалетот (безбеден му е патот до таму)
Spoiler Ако зборам лично за мене јас се сум постигнала се што сум зацртала до 36 години. Се, она буквално се без лажна скромност. Животот го гледав како предизвик и борба до некаде 30 години потоа гледав повеќе да се посветам на себе си и фамилија. Барав работи каде нема да се нервирам и нема да главам до 20ч навечер. Нема да ми ѕвонат на тел во сабота и недела и да имам супер колеги. Дури и за плата повеќе не прашував бегајќи од целиот тој 'пакет на самодокажување'. Едноставно на професионален план сум остварена целосно. Може да постигнам во годините што следат едни добри неизгорени колачи и идеално насолен ручек. Во домаќинлук не сум остварена ама пак и не ми бил на список. За без работа да седам дома како @AlicaInWonderland што се пронашла тоа не би. Јас сум жива нерва и морам да се вратам на работа. На кариера мислев каде трчаш по подобра позиција, поплатена, поодговорна е за тој дел изгубив секакви чувства. Амбициите да бидам јас нешто повеќе во очите на другите ги нема исчезнаа. Имам амбиција само да го скратам работното време на 80% и петок да не одам. И таа ќе ја остварам што се вратам. @TeddyGrey за пари правење без да кратам од слободно време од дома драго би. Ако имаш нешто во план вака како за мене веднаш ти помагам Сфатив дека доволни се некои работи за исполнет живот и вишок пари се добродојдени но не по цена на слободно време и нерви. Тоа го сфатив кога пиев два пати на ден диазапам од 5мг за работа. Од тогаш си ветив никогаш повеќе нема да ме зароби работата. Напротив ќе си џогирам, ќе си шетам во природа сакам да живеам со овие битија околу мене колку може подолго. Доволно е покрив свој над глава, доволно за јадење, шетање, одмори и играчки, една кола и колку толку обезбедена иднина на детето. Ова го сметам за нормален живот и навистина е доволно. Малава вчера еднаш преспа и мислев ќе заспие порано кај 20.30 ја легнав. Стана во 21.30 наспана топ и забавата почна до 12.30. Никад нема да ја легнам повеќе пред 21.30/22ч
Лејдис после 10 дена доцнење ми дојде ми олесна да бидам искрена. Не дека сум јас таа среќа од еднаш ама што знаеш . Бурна ноќ,плачење на секој час,со солзи со благо покачена температура до 37.8 Заби ли ке вади ке видиме,вака непцата се исти нема некоја разлика,освен што не спие плачи и еве темперстурата. Прв пат во 7 месеци крена,па и не ми беше баш лесно,жал ми падна многу. Дадов парацетамол,и еве сега го успав. Кој знае низ што поминуваат Па гледм на апликација , сме во скок но го нареков скок во место. Дали и он тоа има нешто што детево не спие и е нервозно,кемкаво кој знае. @Spidy де земав пенкало во раце,диктирај кога ке можеш тоа книгатауспаванка
Пиши ми мејл адреса во порака, ќе ти ја пратам. А ова што го кажуваш мене ептен му звучи на заби, исто бевме на 9 месеца. Сега еве пак, само без температурата.
Најпрво сакам да ве поздравам сите. Темата со нашите искуства совети си ја направивме мајчински муабети за џивџани од 6-12м. Креветчето беше до спална доближено, вчера го одалечивме и ја кренавме оградата. Синоќа се разбуди во 00:30,дете виде дека ние сме на страна она сама си плачеше и ја земав на спална. Задпиваше на градите на татко и во дијагонала. Цук, не бива така. Ајде со нозете расчепатени и на нашите лица. Она се ширеше максимално во секоја нејзина awkward поза, ние не наспани. И викам ејгидииии мааале. Ме повторуваше на нејзин јазик. Се научи да кажува здраво. А за денсање? На секоја песна, мелодија, whatever, она игра и тверка. Тверка бе..
Добро утро и од мене, "да се пофалам" Откако мм проба да го заспие со нишање и не успеа, а синко вриштетше цело време, ми го фрли на спална во 12ч и ми рече што сакаш прај му, мене не ме барај, кога успеа тој толку да се изнервира, значи стварно беше напорно оти тој мн е трпелив со него, ајде некако заспа на цицка се разбира стана одма во 2ч со плачење, ни цицка ни нишш, да плачи само, да вришти, 10 мин неможев да го смирам, ајде некако заспа, пак стана во 4ч, пак презаспа, пак во 6ч стана...јас на работа сум од 8ч, незнам стварно што да се прави повеќе, што е ова вриштење, зоштооо? Станувам немоќна, ми е жал...дали нешто го боли???? А вчера му правев smash cake фотосесија за роденденот се сама правев, цел ден спремав, торта правев...дневната на ништо не личеше, се расфрлено, масата во 1 ќош пикната, столиците кој ваму кој таму ама шо мерак си направи синко, лелеле пресреќен беше, кога почна да се шлака со тој шлагот, со двете рачиња пикаше в усте, на главчето си стави, абе лом беше од тука дирекно на капење, лудница беше дома. @LoveHope и моево тверка хахахаха
ЈБГ суровиот капитализам не е само овде ,,доле,, туку и тамо горе . Ова што си го пишала ја дообјаснуваш ситуацијата и јасно е дека со такво темпо на работа тешко е да се прави баланс меѓу работата и семејството а уште потешко кога имаш подршка за помош само од маж. Не знам што си по професија но алал да ти е ако на 30 год си баш се постигнала на професионален план но и зависи кои ти биле целите за самоостварување. Ок е што животот не го гледаш низ призмата на парите на сметка на здравјето и хармонијата во семејството. Најверојатно сега оваа позиција (мислам со бебе) ти е едно големо дигање на ,,рачна,, и забавување на темпото на животот. Што и ова е ок и од тоа зависи каква работа ќе бараш во иднина (после породилно мислам) и од тоа ќе зависи дали ќе го прифатиш предизвикот на шефот . Воопшто не ми беше поентата за изигравање на ,,очајна домаќинка,, да не се разбереме погрешно. Не е ова за оваа тема туку ај Јас на сметката си запишувам уште една ноќ со 200 будења на бебчо. Аман забииии
Јас се наспав синоќа. Бебо заспа околу 23ч, и не се будеше воопшто во текот на ноќта, само закенка на 2 пати ама со цуцлата сам презаспиваше. Ни сабајле не стана да цица пред да одам на работа. Спиел до 09:30. Е вака можам да издржам Нека потрае ако може.
Moeto devojce napolni godinka pred dve nedeli, nema nitu edno zabce uste. Batko ima 6, a taa nisto. Nekogas ss prasam, normalno li e toa
Доста шеговито кажано. Јас мислам дека кај моево и тантруми почнуваат. Или некој заб како 4ка искача или бебево и психички е околу 1,5 не само физички. Значи ако не е по нејзино те гледа и се мава од земја со плачење со све што си носи скокот али погледот кој го има исто како да разбира се и се кара со мене. Јас оставам 100 евра од сега дека ќе на*бам со тантрумите. Пак бевме на педијатар, дијареата не прекина. Зелен измет 6ти ден и дијареа. Рече дека е вирус и дека може и до две недели да трае. Електролити ако е на правец кон дехитрација и брис од измет за секој случај да не е нешто друго. И да си јаде се освен мрсна храна. Расположена активна, стомак и провери нема болки али ете не прекинува. Дали од групата за лазење доби нешто не знам.
Пробиотик не ви дадоа?Со пробиотик и електролити ќе се среди. Синоќа дежурав на саат и пол,ај да видиме вечер како ќе биде.Добра ноќ и да ви оздрават бебчињата фри и @Milaаа991 .
Првиот пат и даде али не го пие треба на сила да и ставам во уста. Само електролити даваат овде за дијареа. Ќе и среди, ова како обука пред градинка.