Ти благодарам душо. Помина температурата и се појави уште едно запче. Со јадењето уште мака мачиме, чекаме уште 2 запчиња кои се набобрени. Не знам зошто вади вака по 4 одеднаш.
Добро вечер од 3 смена @Milaаа991 и мојата одеднаш 5 извади, тоа беше хорор, кај со температура па и со непрекинато плачење, ама па кој знае колку и било тешко. Јас користам гингивал бил на природна база, ја смируваше барем 3ч. Што е полошо од дете во скок? Дете во скок и настинато Од каде никна волку секрет стварно незнам, значи се дави во него... Плаче, станува па и да не не забораве скокот сакаме само во раце, нишкајќи и тоа само кај мама. Сега неможам да му пребацам на мм дека си спие Почна да мрчи и да плаче ако треба да ја земе некој Не си го познавам бебето, онака скрос е со attitude дури да се зачудиш
Не сте сами да ве поздравам само, синко не дава да пишувам, морам да нишкам исто сме, само кај мене во раце и не смеам ни да седнам нишкајки го, одма врескањеовој скок значи... нека е со помин кај сите бебчиња болни
Ево мене ево мене пиу пиу пииии Веќе 1 час пробував да го презаспијам, нече одиме в дневна ќе си играме, а во 12 и пол заспа, па стана во 1 и пол па во 5
Сите можни патики/чизми /кондури ми ги соблака па пробав со овие. Лесно се облекуваат,лесни се и топли. И не ги соблекува. H&M
Пиличи у Рију, пију пију пи. Ова изгледа групен скок е. Сите се жалиме... Јас се наспав. Малата спиеше со баба и.
@Minnie 1 овие и ги земав исти се речиси со твоите https://www.amazon.de/gp/product/B0788C4912/ref=ppx_yo_dt_b_asin_title_o08_s00?ie=UTF8&psc=1 Али и фатив финта, значи прво облакаш од оние чарапи за проддување со тврда гума доле и со се нив во чизмите. Така не може да ги соблече бидејќи не се лизга лесно и овие се стегаат кај глуждот. Веројатно се што е на чорап директно лесно ќе го вади поради лизгање. @lackygirl кога ќе дојдам доле ќе те носам на ручек да ти доделам медал.
За мене една чоколада немачка Добар ден и од нас,далеку помирна вечер од предходната,без толку плачење и температура до 37.4 Очекувам да му излезе забчеако ништо друго да му олесни. Многу нервозно се пика во уста и се гледа дека многу го боли. А и жлездите позади уши доста се потечени. Ми е да не крева темература и плаче од настинка,но нема симптоми друго,изненадувачки дури и јадеше вчера ,половина изеде . Кај вас после колку време од кога ке крене температура излегува забче , и колку дена траела температурата?
Еве ме и мене на работа, ненаспана, уморна, право зомби. Вчера Антонија со баба и била умна, јадела спиела и какала како што е редот. Затоа со мама лумпуваше од 1 часот по полноќ до 04.00. Не спиеше, само лежеше во раце кај мене додека ја нишкав низ соба. Ако седнев или легнам со неа или ја ставам во креветче одма плаче. Од мука си плачев и јас, не спиев претходната ноќ, уморна, и врв ми беше коментарот на мм ти само нервирај се па ќе заспие Антонија Уште повеќе липтав и изгледа од моето шмркање и тешко дишење конечно Антонија се предаде на сонот. Сабајле на мм не му зборев и кога ме праша што е проблемот му реков браво за тебе кога помеѓу две хрчења ќе кажеш некоја реченица зашто си експерт за бебиња а твоето вришти од тебе кога ќе го земеш да го презаспиеш Кога ќе заврши скоков? А мислам дека ја вади и другата единица доле. Смеам ли да дадам пола доза ефералган? Барем навечер пред спиење?
Лајкот за поддршка 2, 3 пати му имам даено по 1 мало лаж. парацетамол пред заспивање, многу помирно спиеше, така кога е ептен нервозен и кога се пика в уста. Јас мислам дека можеш, не е штетно, кога гледаш дека мн се мачи од забите дај и. Др ќе те прашував, дали некогаш мт ја држи така в раце да ја нишка? Ако не јас мислам дека време еда му ја предадеш барем 1 ноќ па да види колку е тешко. Дури бев дома само на мене беше се, оти нели јас дома "седам" мм оди на работа мора тој да спие откако почнав на работа почнав да му го оставам и него, стануваше и тој да го ниша и да го презаспива и само се жали се го болело, а јас со операција, со зае*ана половина за цел живот што да речам. Синко презаспа во 7, заспав и јас и еве сега јас станав тој уште спие
Здраво девојчиња убави.Фала на честитките Ве читам нон стоп пишувате околу спиењето,јас несакам да ја урочам работата кај нас па ќутам Со големиот имав страшна мака,првите 4 месеци ни порасна спиејки во раце,изгледа имавме некои боцки на креветите И сега во споредба со тоа се ми е гола вода.Покрљј големи и мали ми фати некој ред,па ако стане навечер 3 4 пати да цица не ми е фрка.Кој немал такво дете незнае како е Ние имаме 4 забчиња еве и уште едно пробива.За разлика од големово кое беше многу захтевно и уште е(мораше или во раце или да седиш со него да си играш)малово само си се заигрува.На мали најомилени игри му се дѕе,да си става врвка меѓу ноџиња и борба со брат му.Едно време ги двоев сега гледам интересно им е па ги оставам.Најнемајка на годината Сите сме во трка со времето сите викаме ајде да пораснат,ама како поминува времето сфаќам дека тоа премногу ќе ми фали.Си сакам мало бебче кое ќе ми се наслони на рамо и ќе заспие а јас ќе го бацувам и стискам Се топам тогаш.Сакам и трето ама не дозволува телово дефинитивно ми е скроз исцрпено.Па така изгледа место да раѓам трето ќе си земам куче Друго што сакам да кажам е дека вистина нема ништо потешко од болно дете.Првиот пат кога ќе се разболат ти е крај на светот,а после влегуваш во таа машинерија и отрпнуваш.Навикнат си на мрсули температури и чуда.Стануваш по-доктор и од докторите.Да не ве плашам ама ова неспиење нејадење е ништо во споредба со тантруми.Мислам дека ме исцедија,ми земаа 10 год од живот и од лепота. Се надевам со мали полесно ќе поминеме,а ако не тогаш ми нема спас.Тој уште сега легнува се треска се лути,а кај е после 2 гидини.Ама се ќе помине.И да ви кажам ако еден од поголемите стресови ми беше одбивањето,адаптацијата во градинка ми беше пута 3.А детето преубаво си ја поднесе и супер прифати градинка,ама мајчин мозок чудно функционира.За 3 дена ми побеле 1 третина од косата
Да дополнам:Ниту температура и дијареа има од заби. Има само од намален имунитет при вадење заби вируси. @simona_baby јас би кума на кутрето ако е посвоено. Имаш креветче, играчка, за храна и за вода од мене И за сите останати важи понудата ако е подолго на улица и вакцина и стерилизација во поклонот од кумата ќе следи. Само да се вдоми и да се чува како член од фамилија. Јас пак со кампања али навикнете се таа е
Во групава групен скок фатило . Побрзо оздравување на сите кои се настинати. Кај мене малата 8 + уште нема запче. Се живо изглода и изеде но уште ништо. Минатата недела бевме на контрола, докторот вели уште нема заб на повидок, така да ќе си чекаме. За чудо беба е мирна овие два дена, да не ја урочам . Си лазе, игра на под, сака да стане, па штом ме здогледа одма иде накај мене и се исправа. Изгледа ние попрво ќе правиме постапалки одколку колачиња за запче . Многу е среќна кога ќе застане на нозе. Јаде веќе три оброка. Едини проблем ни е заспивањето во раце, нишкајќи и стоејќи, и тоа само кај мене не плаче, кај секој друг со борби заспива . Во глобала, мирни денови, иако ни е започнат 6 скок, некако сумнето ми е детето .
Мајки со што им ги миете забите? Јас досега со вода и мека четкичка. Денес на контрола ни дадоа пакетче со упатство за чистење и паста внатре. Користи ли некој паста и каква? Ја користи ли некој оваа? Инаку вчера на синко едниот образ му беше жар црвен и топол на допир,па ми рекоа веројатно заби на таа страна ќе му излезат. Ете и тоа научив.
Да. Истата. Секоја вечер и ги четкам со напрсток. Ставаш многу малку, а д витаминот го даваш чист (иначе се таблети со флуор, а флуор имаш во пастава да не го предозираш).
Ок значи ако му ги мијам со пастава,на Вигантол без флуорид да се вратам. Ете ни тоа не ми кажаа. Ако не си прашаш,ништо.