Од кои смоки давате женски? Немам дадено,сам уште не става во уста,ама вака може ќе почне. Незнам дали да почнеме со напрсток или директно со четка да почнеме? Штознам дали ќе ми даде да му ги четкам со четка,иако му е интересно кога ме гледа мене додека мијам заби. @Spidy лесни чекорчиња.
Има во дм многу видови земи од сите и ќе видиш кои најмногу ги сака. @Spidy браво мајка лесно да чекори низ животот срцушот мал. И секако дека е за радост бебето премина во дете.
Лесни чекорчиња на малата Јас му давам зелени смоки од агроплод и црвени од витаминка, ама повеќе зелени сам си ги зема и си ги јади, сега се сака сам да јади, парчиња ко за голем човек јади Во меѓувреме излегла и др 2ка горе, сега се 8 забчиња. Многу му се ситни и со дијастеми, колку што се сеќавам од средно што учев нормално е да се со дијастеми млечните заби за да ина после повеќе место за трајните @Spidy i @Annath поправете ме ако грешам Др да се пофалам вечерва заспа од 10 ипол синко, не во 12 и пол.
Не само што е правилно да има дијастеми, туку и подобро е за загризот понатаму. Деца што немаат дијастеми на млечните заби речиси сигурно ќе имаат криви заби кога ќе им никнат трајните. Сега работам во ортодонтска ординација, ептен често гледам такви случаи. А и за хигиена кај млечни заби многу подобро е да нема контакти.
Немам уште посвоено ни родено кутре А сакаме одамна,се туфкаме се мислиме.Прво знам која обврска е нели не е само да го земеш.Најголем страв имам децава какви ќе се со него.И двајцата обожаваат животинчиња ама нивното галење од страна делува како насилство Поготово големиот ги гушка бацува сите ама и ги крева па ги пушта од висина,нормално за него тоа е игра.Твоја Емили заедно е растена со кутрето,па верувам знае и како да се однесува.Оно дете е дете,сеуште немаат стекнато осет.Си замислувам им носам дома кутре и почнува општа тепачка кој прв да го гњави.Малку да потпораснат и ќе им земам.Се надевам нема да не има по анима мунди на видеа. А ти кума со сите нишани и име и повојница,сВЕ
Колку беше во право Докторкеее Испадна вирус,сабајлево станува цел нафрлан на стомак,грб и под врат со ситен осип. И пролив. Као малце црвено грло само,а осипот исто така од вирус. Ке си пројдело само ништо освен пробиотик. Дури ни кс да не испирувам не ми даде упат па се мислам дали да го носам на приватно? Само еден ден со тт,и денес пролив. Осипов за колку време би требало да се смири? А душа само вика,мака си има...
Ќе помине за ден-два. Не чеша, не е проблематичен осипот, давај течности, пробиотик, и ќе помине. Нема потреба од крвна слика.
Здраво женички.Едно прашање или искуство за ова? Моето е 7 и пол месеци и цело време ги тресе рачињата кога сака да фати нешто а најмногу кога јаде со прстињата му играат.Дали некоја има вакво искуство? Педијатарот ми рече нема простор за паника но доколку сакам да го однесам на неврологија.Што да правам не знам..
Однеси го нека го видат ќе си бидеш мирна. Добро утро, екипата тргна на работа и потона. Е баш ми фалите само да знаете. Од вчера малечка како е активирана да стане не седна бебе. Цел ден се влече нагоре. Проблемот е што сака да стане седејќи, а не да се фати за нешто. Се мести како за склекови го прчи газот горе и се фрла со рацете и се траска од под нормално. Па плачки, гушкања за да повторно го прави истото. Вчера и покажував дека треба да се фати за софа и да стане али не инат бебе се труди од место, смешки е. Ози не може да сфати што и е цел ден ја гледа од горе као зошто се мава бебево од земја и онака со загрижена фаца спремен да рипне да и помогне. Никад онакви фаци не правел ги клемпави ушите и ме прашува што се дешава со благо наклонета глава како на цртаните. Скоков го минеме фала богу наспани и расположени.Прв пат нели скок вака да поминува. Некако се е поинаку од кога се смени динамиката навечер. Дури почнав и да готвам ручек редовно. Замисли. Санката и стаса и ставив машна и право под елка. Разгледувам за зимовање на некој ден на планина, ќе биде интересно со двајцата во снег. Време е да ја учам да пие од чаша. Од денес почнувам да и го заменувам шишето со чаша, доволно беше три месеца додека го најдеме вистинското треба да се откаже. Живот. Со доењето крај на Декември ќе завршиме. Туку читав за млеко и гледам формула не се препорачува од 12 месеци: https://www.bellybelly.com.au/toddler/is-toddler-formula-a-waste-of-money/ Не дека пие моево али сепак да понудам нешто. Ќе остане да јаде само млечни продукти и толку.
Здраво женски Неделава сум наспиена, и бебо исто. Заспива околу 22:30/23ч, и или ич не се буди или само еднаш сабајлето околу 6 за да цица и пак заспива. Не кенка веќе во сонот, мирно си спие. Почна да се исправа на нозете и си стои потпрен на табуретка или петоседот. Обожава да си игра со нови играчки, моментално еден воз му е главна занимација додека е на земја. Уште ги чекаме горните заби, два месеци се скроз отечени и бели, ама не пробиваат. Ама не е нервозен веќе од нив како што беше, не се чеша, само стандард лигави премногу. Мм е со стомачен вирус три дена, спие во дневна, не оди на работа и преку ден седи кај мајка му за да не биде во близина на бебо. После 5 кога си одам дома сум како на норма со бебо, сака да си играме, не престанува да лази, да стои, цело време е во движење. При крај сме со припремите за роденденот, следниот вторник ќе го славиме, здравје само. Поканите се напишани, гостите известени, чекаме повратна информација за присуство Се читаме
Добро утро. Да пишам и јас некој збор дур спие малата. Скокот го поминуваме прилично лошо, нешто и од настинката има придонес за таквото однесување. Не сака да отвори уста, не и не. Баш ми е чудно од дете што јадеше апсолутно се, во добри количини вака се промени на лошо. Се надевам дека со скокот ќе го испратиме и не јадењето. Имаме уште крај на оваа недела. Новогодишните подароци се избрани само да се купат и спакуваат. Со вакцини заостануваме, заради постојани настинки и вируси, па и крвта не е сјајна. Со тоа се одложува и одењето во градинка, а мама на работа. Тешко ќе ми биде да се одделиме ама знам дека и најдобро за двете. За разлика од Фри јас се осеќам како да го изгубив она да ми биде се под конец дома, неможам ништо да постигнам, од сите страни храна размавана, марамици, играчки... Совет од педијатарот да трчам по неа со лажичка, цел ден. Тоа што најмногу го мразам ќе ме снајде, ама за неа би го правела. Околу роденденот, декорацијата е закажана, тортата исто закажана, беба дотерана уште да се одбери местото каде.
Мајки бебе мое сака на перница да спие,ако нее на перница де буди. Каква перница да купам идеална за него? И што давате за имунитет? Јас земав на пиковит сирупче па дали е добро незнам. Мојот веќе почна професионално да се исправа и кога седи се врти во круг,оди по кревет како струја. Утрово сам си доручкуваше моцарела,лепче и жолчка на парченца. Пробувам да му воведам млеко кравјо да пие но ке пие малце и го фрла шишето така да ќе си тераме уште со Хуманата. И од каде да купам убаво јорганче?
Јас давам Флорадикс сируп за имунитет, за 2м од 105 на 109 хгб, не е многу разлика ама како што не јаде добро е. Перничка има бебешка во дормео може да ја видиш.
Мојава исто сака на перница и дека спие со нас, само се мести на нашите, јас ја тргам, она се буди и се така во круг. Страв ми е да не се искриви. Убвао јорганче види во тач ако сакаш да е малечко.
Истите сме ние со перниците глава до глава спие со мене па уште и ме гушка Жива ненаспана сум од што сум на штрек па решивме дрвеното креветче ке го склопиме и вратиме и ќе земеме монтажно,уствари ќе добие за роденден. Ќе видам во тач таман вчера доби на тач многу убава постелнина па по истите димензии. Ќе видам после пред работа и ако е ок ќе му земам.
Ај додека сум тука да си кажам дека е станат многу голем плачко. Кога сум прва смена нема гајле си спие ама кога сум втора кога ќе му рикне да плаче едвај го смируваат. Вчера влеговме во пекара да нарачаме кифли за роденденор па дали тетката беше облечена како докторка абе дете зајде од плачење. Кај моите навечер никако неможат да го успијат викаат он заспива од умор од плачење.