Аааа хаха океј. јас почнав да му давам сируп за имунитет и за две недели ми се разболе и си реков нема веза ова. А на крвната слика не приметив разлика па затоа и прашав. Сега давам само витамин ц
Веќе мислам и дека јадењето нема врска со крвната слика. Сигурна сум дека помалку и по без врска од дете мое не јаде ни едно бебе, а да не ја подрчам досега под 115 никогаш не и бил хгб. Ете ќе речат од млекото слабее крвта, таа има периоди како сега само на тоа живее и некоја житарка некогаш. Еве пред некој ден 117 излезе хгб. Дури веќе и на лабараторија не верувам. Затоа ни матичната кога и велам не јади, ми вика епа како сакаш ти да јади. А слабичка била генетски така си растела.
Ние дури испитувавме имунитет испадна одличен од тогаш ми се разболи 5 пати, дали вирус, дали настинка. Мислам дека има врска како се борат со настинки. Стварно незнам
Добар ден екипо, @Spidy браво за малата, лесни чекорчиња Мојата уште ја држи добро расположение, само што почна многу касно да ми заспива,околу 23h, а рано да се буди околу 7 и 30h. Сепак таа преку ден си ја зема дремката, ама јас денски тешко да одморам. Затоа што спие помалку, почна еднаш да ми станува за цицање околу 2-3 h. Во глобала добро е, не смеам да се жалам. Многу е активна, постојано лази, се научи да се исправа на коленици, пробува да застане и на нозе ама уште се клати. За една недела сигурно ќе успее и тоа . Елката си ја накитивме, ни требаа три дена со мм, но сега е готова . Многу го сакам овој амбиент. Беба и се израдува, одма отиде да провери што е тоа, па си игра и со лампионите што и се доле на дофат . Почна да вика чао, кога и викаме ајде кажи чао, го крева рачето и мафта , ми порасна бебето, не ми се верува.
Ви препорача некој педијатар сируп за имунитет? Ништо не ми рекле мене за тоа баш ќе прашам на следна контрола али сигурна сум дека нема ништо како додаток. Ниту витамин ц како таблети.
Малиот е предвреме роден и уште коа не пуштија дома ми дадоа сируп за имунитет. Пико мултивитамин. Ама јас лично одлучив дека е премногу мал, а и на повеќе сирупи пишува после една година, на некои од 6 месеци. Па почнав да му давам коа почнав со дохрана. До тогаш јас пиев многу витамини да прима колку толку со доењето. инаку на секој преглед во извештајот неонаталогот ми ги пишува пико мултивитамин. А витамин Ц ни ги дадоа кога примавме терапија за железо. Па коа завршивме со железото продолжив во вит ц
Кажувај што ќе ти речат таму и јас ништо не му давам, само Пливит Д3, матичната ни вели дека немора ништо, дека се си внесува со храната, јади се и овошје и зеленчук, па и досега да не подречам не е разболен, само мрсули му имаат течено 2, 3 пати без др симптоми. На своја рака не ми се дава. 2 ноќи е подобар пу пу да не подречам, од ко излезе двојчето горе се смири, сношти од 22:30ч спиеше до 5ч без будење, е ама од 5 до 6ч не заспиваше па потоа од 6 до 10ч спиеше и јас со него си спиев, денес сум втора смена, ама мене ПМС ме мачи, многу глава ме боли, половина, абе цело тело, како скапана сум, пијам Магнезиум, витамини, парацетамол ништо не помага, дајте некој лек за општа болка Сношти му го составивме трициклот, од баба му и дедо му за роденден, го зесовме од енцименци Рито, па тој со татко му седнат и тој да фаќа хаха за се се интересира, нема нешто да сработиш а да не ти дојди "на помош". Подготовките за роденден при крај се, ама мислам дека нема се да стигнам, немам идеа за слатка маса, купив се незнам како да наредам
Колку количински ви јадат бебушите на 8 +? Знам дека е индивидуално ама онака орентационо. Кај мене малата јаде појадок 200-220 грама, ручек 180-200 грама, вечера 120 грама. Плус пие вода околу 120-150 мл дневно. Цица 4 пати во 24 часа, тука незнам колку количински. Ме збуни тоа што еве денес, кај 19:30 вечерше банана, цела си ја изеде а голема беше, потоа пиеше вода и еве цица пак. Кај го собра сето тоа во нејзиното меше . Не се жалам, убаво ми е што јаде и не прибира, си почна и од шише да пие, се навикна и само зеленчук да јаде, месото го обожава, баш ми е супер сето тоа. Ама си велам многу да не и давам?
Исто. Има денови кога јаде и по 200 на оброк, ама има деновини 200 г кога не јаде во цел ден. Радувајте се мајки на такви деца.
И мојата вака беше тогаш. Супер си е, биди среќна што си ручка. Вода и цицка колку си сака, оброкот за тогаш е доволно до 220 гр.
Знам колку е нервозно. Мојата месец и пол не сакаше шише да смисле ниту зеленчук без батат. Нема потешко од тоа да правиш и фрлаш. Овошјето го сакаше од одма. Потоа преку ноќ ми смени и почна да си јаде убаво и пие.
Здраво мајки За во оваа тема сум веќе со моја беба... 6 месеци Гледам сте збореле за сирупи за имунит. Според мое искуство со постарото дете мислам дека немаат врска. Ги користев едно време кога тргна во градинка. Се разболуваше. И тоа какви не од најскапи до најефтини. Сметам дека таа некоја фаза на болести некој повеќе некој помалку мора да ја поминат додека не стекнат природен имунитет.
Беба моја пак температура ми крена. Прееска ми се јавува маж ми, јас втора смена, 38.5. И дал парацетамол, паднала на 37.3. И одма заспала. Си дојдов, весела беше, ја избањавме, цицаше и заспа. Немам памет веќе, пред 3 недели изгоре од температура, сега пак ли ќе се разболува. Во врска со јадењето, за појадок јаде околу 230 грама, ручек врвот е 140, а вечера околу 100-150, кога како. Се нервирам за ручекот, еден саат јаде, па кисне во уста, како камења да џвака. Како почнавме, добра е сега. Се привикнавме и двете, сега скока од радост кога ќе си дојдам. Се нервирам и што се уште не лази, се превртува ако сака до некаде да стигне. Во понеделник сме на ортопед, па ќе видам што ќе каже. И така, деновиве си одат, уште малку 9 месеци ќе полни.
Исто. Жива нервоза. И касањево и премина во игра не можам веќе да издржам многу се нервирам со доењево. Рани ме направи и не прекинува не знам што и е.
И моето не јаде Пие само јогурт,зеленчук јаде исто ако ставам во нив јогурт,а овошјето по некоја лажичка. Конкретно оброк немаме,по цел ден го бркам со лажичка. Само леб трошки сака и јогурт со палента. Ми текнува @Milaаа991 пред некое време прашуваше што да прави малата само палента и јогурт или кисело млеко сакала епа сега и мојот е во таа фаза. И ако сакам месо да внесе малку,му го блендирам потечно па да испие барем малку Инаку,забележувам дека саја да џвака,до пред некое време само блендирано јадеше,се давеше од парчиња,ама сега веќе не. Кога сме јај лазењето и моето не лази,а утре 11 мес полни. Почна да се врти во круг седејќи,ама не лази,не потстанува Па дури и играчките ако не може да ги фати така седнат,не се мачи како на другите што се трудат да ги дофатат,туку вика и писка додека не му дадам. Ич не сака да го помрдне газето. И кога се врти од грб на стомак и обратно,се врти само на десна страна,на лево не знае. Го вежбам,го анимираме,му помагаме да свати како треба,ама никако неќе. Вашите нормално ли се вртат и на двете страни или имаат омилена? Е,го усоврши седнувањето од лежечка положба,конечно.
Кога почна да се врти, исто само на една страна се вртеше. Ако се заглави во погрешен ќош на креветчето беше крај на светот. Ќе научи и на другата страна, не се секирај. Јас не ја ни учев на другата страна, после цел месец сфати дека може и од спротивно.
Мојава веќе не сака мн кисело млеко. Сега палентата така ја јаде. Јас и ја правам со јајце, спанаќ, тиквичка и маслиново.
Супер си е. И мојата вака си јадеше и тогаш. Не мерев, ни сега мерам грамажа ама пун тањир се празни стално, сега дури и со репете сме. Тегличките од 190гр ни беа во еден здив, сме отварале и втора до пола.