@lackygirl плаче пред заспивање кај тебе редовно? Вечерва плаче од 21.30 до сега 23.30 и сега заспа на цицка. Штом ја скарам за апење ми се дешава кошмар не сака ни цицка потоа или кога ќе се доближе ме апе само и плаче од земја се мава. Има некој слично искуство или да препишам на скок само што се пофалив. И додека цица ме штипе или гребе на лице. Многу е насилна не знам што допринесе за ова и како да се справам. Ако и речам не станува полошо.
2 недели така плачеше по 2 часа пред да заспие и заспиваше во 12 и пол сега еве трет ден заспива до 23ч без плачење, ако продолжеше незнам што ќе правев ептен напорно ми беше и така на 2 часа си стануваше со плачење цела ноќ. Ама после забчето се смири, да не ваѓа некое забче? Јас дерман немам со забиве, така ги ваѓа, со плачење, без спиење...ама тт не крева. Лесна ноќ на сите јас легнувам дури не станал синко
Добра ви вечер, не се обидувам ни да си легнам последниве 4 ноќи ми се хорор дали единиците горни ја мачат, дали е во некој скок ете незнам ама госпожа не спие, т.е. не се ни буди туку на секои пет минути се исправа замижана и плаче, станувам ја гушкам ја легнувам ''заспива'' за по три минити да е повторно на нозе и така со часови па се смирува околу 5 6 сабајле. Мм вика возбудена е за роденденот а јас сум зомби. Ама вака си бев и пред година де, секој ден си се пораѓав и по цели ноќи дежурав За роденденот сме спремни тип топ само знам дека ќе се измалтретира и со крштевката и потоа во ресторан и искрено се плашам дека ќе биде цело време разлигавена ама се надевам ќе изненади, како и да е таа е главна па каква и да е ќе ја трпиме нели славеничка Мислам дека за брзо ќе се пушти со одење, веќе не и е предизвик да оди со потпирање па вика мама подава раче и така си шетаме ама буквално цело време шетаме, се пушта од мене до мм прави по неколку чекори исто ако е возбудена по некоја играчка тргнува па кога ќе и текне дека е сама застанува во место и културно се спушта на газе па продолжува со лазење Најсмешна е кога тргнува по синко и тој демек стабилен ја дочекува па двајцата се на под се прпелкаат кога се смеат, кога плачат а кога му подава рака и тој ќе ја шета па на почеток е внимателен се додека нешто не му притекне па ја пушта, па таа лази се тегне по него тој плаче досадна му била и така, ред љубов, ред плачки, време лета..
Фри, иако не цицаме заспива гушната вертикално на мене. Али пред да заспие исто е со плачење добар саат време, некогаш и повеќе. Синоќа 2часа плачеше, липаше. Заспа во 12,стана во 2:30 Мене стварно не ми е јасно дали сите деца се така или само нашите. Не пукнаа..
Бебо вечераше инстант каша Хумана околу 180-200гр прееска, па пиеше сок после некое време, и на крај цицаше демек за пред спиење. Се расони од доењето и никако не сакаше да го нишкам за да заспие, почна нервозно да плаче, да вришти. Сигурно 45мин плачеше така и на крај исповрати се насекаде, лом направи во дневна, и мене, и него. Можно ли е да поврати од нервоза? Или му се собра плачењето, и ако прејадел претходно? Многу се исплашивме со мм, па се утепавме од чистење досега, намуртени и скарани. Како фонтана во 2-3 млазови повраќаше. Одамна не му се случило тоа.
@hello-kitty.90 исто беше и мојата кога научи да се превртува, само на една страна знаеше околу месец и пол. Потоа сама си научи, па за брзо прелаза.
Мојава кога беше бебе 2 пати ми поврати во млазови од АД Хумана и никогаш веќе не дадов такво млеко. Ако прв пат му даваш од таа каша, може да е и од неа. Можеби и му се збурбатило, да изел многу, башка се благо.
Оф. Само што почна 45та е од недела, а 46та е најтешка. Се разбуди во 5.30 со плачење. Вади и некој заб али ова ми личи на скок ама во многу агресивна верзија. Жестоко.
@Vennera.aa исто така и синко ми правеше 2 недели секоја ноќ, стануваше и замижан плачеше @LoveHope @FreeMind Нз што скокови ќе беа овие душа ни извадија не излезе од скок синко мој, ова нз по кој пат го велам. Не плачеше и ноќеска, еднаш само стана, ама само го покривам, еве сега пак цицаше рацете и рамениците мраз му беа Добро утро јас сум од 8 на работа, wish me luck денес петок кај нас пазар е, денес цел ден со стари луѓе ќе си правам муабет, во петок за тоа идат
Добар ден,додека мали се заигра со играчки (редок е овој момент) да напишам збор два На запад ништо ново,една вечер ке стане 3 пати за цицање,една како прошлава секој саат со плачење па во раце кај мене да спие. И од 5:55 станати ,планирам пекара да отворам. Осипот се смирува,нервозата за заби не поминува Софи се скина,па сега во канта,собира вода еве слика среќа наша издржа 3 месеци кај нас. Незнам нова дали да земам,нешто многу не ја обожаваше. И незнам од скоков што не е скок , денски нејќе да цица, се трга плаче... Ве поздравувам
И кај нас се расцепи под вратот. Не земај нова, сега сите играчкк ќе му бидат интереснк, за кратко,. Пак ќе си ја глода софка само потешко ќе свири. уосталом, за јадење им е. Не за свирење.
Мајки,препорака за добар кожен лекар за бебе.И се појавија флеки по телото,а не сум сменила прашок или да и воведам нешто ново во исхрана
Мајки со што се занимаваат вашите малечки по дома? Ова времево за никаде,па го фаќа досада,збеснува. Земавме и нови играчки,ама некако се брзо му здосадува. Споделете некои идеи.
Јас го приметив мојот дека играчки од типот колички,мечиња и слични тракатанци не го интересираат. Сака едукативни играчки ваљда си го разработува така мозочето и си се заигрува. Има еден воз со топчиња и само прави стави извади. Сега играчките за под елка сите че му ги земам такви. А и звучните играчки знае да ги заигра,особемо еден волан само го врти и свири на свирката. Имаш и на инсраграм Активности за деца ѕирни таму.
Последно со овие 2 си игра, иначе кутии сака и ги става внатре играчките, исто на превртена кутија реди играчки одозгора, сака да фрла, ги фрла топките и гледа до кај одат и се смее, тоалетни му дадов вчера да ги реди една врз друга и тоа му беше интересно, на фрижидерот магнети имам исто и со нив игра, ги одлепува и ги залепува уште сака коли, ги вози, брчи и на крај ги фрла списанија сака да врти лист по лист, ги кини, кај мајка ми имам мачка, со неа си игра, мн нежно ја гали душааа се, а таа не сака ич мачи деца ама синко го сака Со се игра, знае да се заигра и сам и да си ќути некое време па можам да сработам нешто.
Mojava sega 10 meseci napravi i site velat deka e slaba Jade se zivo i divo nikogash ne negira da jade i cesto doagja sama da cica, ima Appetit za se. Pred nekolku nedeli ja merevme imashe 8500. Gi vidov i vashite bebinja, nekoi se buckasti preslatki a mojava solenka Se prashuvam dali e od toa shto premnogu e aktivna 1min mesto ne fakja. Nekoj sovet,mislenje?
Не би рекла дека е од тоа.И моево е активно,не знае дете да седне на едно место цел ден само лази,се исправа,падни-стани,до 22 часот не заспива...па пак е напреден доста,а не е некој "јадач".