Таков и е растот, додека има апетит, расположена е, нема место за грижа. Синко на 6 месеци имаше 12кг, малава сега година нема ни цели 10. Ич да не се секираш Туку додека сме кај јадењето кога и давам блендирано или пасирано јаде околу 200гр од оброк и знам дека што сум намислила изела, кога давам на парчиња јаде само по неколку залаци и се мислам гладна е па преферирам блендирано и пасирано но ми се чини ја уназадувам. Како изгледа еден оброк и колку треба да јаде #прашањакоимемачат
И со мојата ја имав оваа мака. Блендирано 220гр, а парчиња никако повеќе од пола овошка, зеленчук или слично. Е сега ништо не јаде ама тоа не е за муабет Јас правев вака, 200гр каша блендирана/пасирана и плус парченца овошје, ем најадена ем се вежбаше да џвака и да фаќа со прстиња.
Оти го споредуваш детето? Ако е здраво, право, активно, ете и јаде, не е битна килажата. Ако ти е утеха, мојот поголем син на годинка имаше 8600. Ама цврсто, здраво, жилаво дете. И денес, на 8 години е таков, слаб, со килажа за четиригодишно дете. Е сега, со јадење - јаде се, не колку порано, ама јаде. Мене најбитно ми е да е здраво, цврсто, активно дете. Има кога да се дебелеат.
Ја повтори дијареата денес. Резултат од примерок е дека нема ни вирус ниту бактерија. Овие прашоци за дијареа не ги пие со сила не можам да ги давам. Јадења банана,компир и ориз не ги јаде. Некој друг лек да се пробам @Annath? Тројката на лево е бел, тројката ја мачи.
Може од забите течна столица, ама дијареја не. Ако не е вирус, ни бактерија освен пробиотик друго не знам. Двопек да дадеш? Чај од кора од калинка? Стегаат ептен. Варен морков, печено јаболко исто помагаат за дијареја. Варен морков особено, запек прави. Има и еден домашен лек, ама не знам дали ќе ти го пие, дали ти би и дала такво нешто - лажиче прашок за пудинг било каков, да се раствори во малку вода да го испие. Ефикасно е.
Ма ни пола овошка не јаде буквално три четири залачиња и со остатокот си игра гмечи и фрла, после тоа ако пробам со лажица не отвора уста, а ако дадам прво каша со парчињата си игра. Да пробам со ужинка така на парчиња ама ми се чини мала е за меѓуоброк. На која возраст се почнува со ужинка?
Јас почнав на 10ипол месеци со првата ужинка. Втора уште немам воведено, цица измеѓу ручекот и вечерата.
Моево има 2 ужинки од 9-10 месеци. Го мерев на домашна вага облечен со памперс, 13кг и 300г беше се зачудив, очекував 14+, на 9 месеци толку беше па и поќе ама сега е издолжен, а и мнооогу активен, па и добро е што запре малку иначе до кај ќе одеше, а си јади се машала.
Нормално е да стагнира плус како стануваат поактивни така не ставаат на килажа, еве на 3г и 5м синко е 19кг сега извиши и дури е слаб на изглед, а сите ми викаа не му давај да јаде ќе биде дебел
Мајки хелп!! Антонија пак е нафрлана долу кај дундето. Првиот пат беше во вторникот и баш пишав тука дека мислам дека и е од боранија зошто тоа проба за прв пат а беше нафрлена и на образите. Вчера и завчера се повлече скоро па цело црвенило и скоро сите брунчиња од пеленската регија, ја мачкав со кремата на бекутан со цинк оксид што е. Денеска и менувам памперс и што да видам уште поцрвена од првиот пат. Сега не беа како брунчиња туку како флеки црвени, како контактна реакција, а какана беше. Од вторникот нема јадено ништо ново. Пелени немаме сменето плус го користиме истото пакување од саботата. Од што би можело да биде?
I mojata se lravi taka samo odma menuvanje pelena od koga e kakana malku da otstoi m9java 2 do 5 min poveke i odma e crvenaaaa odmaaaa samo pelena odma menuvanje i gotvo i na freyziderm kremata koristija mn e dobra
Од каките. Денес е мојата исто црвена како флеки и брунчиња од дијареата. Се познава кога кака менувајте и ја најбрзо што може и под чешма миење и сушење добро со крпа и крема со цинк. За два дена ќе се смири.
Уште температура. Ми доаѓа да вриштам, да цркнам. Па и два пати едно по друго попладнево повратила во млаз. Мислев преувеличува маж ми, ама кога ги видов покиснатите алишта полни со поврќаници ми се стемни. Ми е жал и за него, блед беше кога си дојдов, исплашен, никогаш не повраќала така, плус многу кратко и делувал сирупот, па ја масирал, ладел... Пред само 3 факинг недели беше болна.
@FreeMind моево дете од заби имаше пролив. Ама не често. Туку тој период така какаше. Ако редовно кака 2 пати на ден, тие денови може какаше и по 4 пати течно. Баш и пишував во некоја тема. Ни вирус ни бактерија исто. Ништо не ја стегна, правев и чај од кора од калинка, банани, ориз. Све од тоа јадеше/пиеше. Исто и се исфрли кај дундето од каките. Извади 8 заби наеднаш, сега ги има сите тројки и четворки. Од коа излегоа забиве еве немала, а тогаш 2 недели скоро траеше со прекини течната столица.
Две недели до среда. Преку десет пати на ден има столица. Најчесто зелена. Вчера 14 пати. Два пати на педијатар ја носиме денес повторно, ја прегледува редовно. Наеднаш изби дијареа. Немам сменето ништо освен водата и земав на Хип вода. Од денес ја тргам да не е од неа случајно. Друго е се исто и исхрана и се. Исто извади 7 заби наеднаш. Сега изгледа ќе искочат горни 3ки и 4ки. А само 10 месеци е. Стварно ова со забиве е немогуче. @thinkerbell стомачните вируси се во подем. Однесете ја повторно чим повратила.
И мојава има течна столица неколку дена пред да избие забче. Баш пишев тогаш дека имаше 5 столици и др ден оп запче. И пред другите заби секогаш исто, течна столица, па заби. Ама не е прилив тоа. И не трае долго, 2 до 3 дена.
На сестра ми малата летото исто ,беше нафрлана на дундето и према газето,што се не пробаа и испитуваа и урина,па антибиотик и даваа за џабе,испадна дека е некој вид на пеленски осип и дадоа травадерм крема (содржела кортико) не ја сакаше сестра ми,па и рече педијатарот да проба со судо крем,но доколку не де смири да ставаат травадерм. За 3 дена немаше ништо,се повлече. Дури и пелени не смена,си продолжи она дајперс користи. Годинка и пол е малата. И јас сега го мачкам со судо,задоволна сум Да се едитирам,исто немаше брунчиња него како подкожни точки црвени