Со патент се одоздола, тоа е она што не го препорачуваат ортопедите. Исти се, само различен модел одозгора. Ок, ако мислиш дека е постабилна, нека ги носи.
Дали можам варено телешко да го замрзнам во теглички мали од кашички со малце од водата во која се вареше месото?
Во стакло подобро не, да не испука. Немам искуство со замрзнување во стаклени садови, јас во пластични чашки замрзнував.
Ма нема шанси да ја паткам, онака од мерак пробав како ќе реагира. Инаку знам дека апсолутно не е добро, а и сами може да заклучиме по формата на телото што ја прават кога ги држиме. А за кичма дс не зборам дека нема шанси тоа да го издржам. Кога си преоде тогаш. Околу патичињата и јас пишев назад во темата дека не се препорачуваат со патент, веројатно кеги си прават реклама. Ние уште сме без никакви чевли, само со дупли чорапчиња за излевање.Дур да преоди убаво, стабилно за да шета надвор ќе се подзатопли, тогаш има повеќе избор.
Има ли некаде во Скопје од книгите за бебиња, во стил мојата прва книга? Гледам кај Американкиве текстилни книги со разни делчиња што мрдаат или се лепат, ќе ставам слика пошо не знам да објаснам какви се. Многу ми се допаднаа, да ја частам беба за нова година.
@Dina911 ќе те изумев видов хепи честиташе среќен нека е роденденот на малиот и нека те остави да поспиеш оти изгина скроз
@Dina911 среќен роденден на синчето! Ние добри. Дете абер нема за спање. Од 3 дремки остана на една и пак седи до доцна.
@Dina911 среќен роденден на мали И синко дури сега заспа,обично заспива најкасно до 21:30,сега божем ќе спие,се нацица,ококорави очи и почна да се влече да се игра со топчињата,кои досега ретко ги перцепираше Па едвај и со плачки заспа сега. Да се фалам Од вчера ми пролази бебе Не лази баш,се влече наназад,ама кај и да е ќе почне и нанапред. Случајно го приметив. Обично се седи на тие коцки за на под,вчера се игравме и ми се влечеше накај ламинатот. Го ставив на ламинат и тој самиот си легна на стомак. Додека да се освестам,ми се одвлече под масата. Мислев дека ќе се умочам од радост За патики/чизмички и јас имам слушнато дека не се препорачуваат со патент. Нз ни јас какви да му купам. Синко и неќе никакви патики да носи на нозе,одма плаче и пробува да ги собуе,ама за сега на ладното и ми е срам,ама и ќе му студи само по чорапи,ако се и два пара. Туку за колку време го израснува едно бројче на обувките,пример сега носи 20,за колку време ќе му треба 21? Да знам дали да купувам чизмички,или подобро ми е патики ( ако се носат подолго од 3-4 месеци) па да може да ги носи на пролет. И онака сигурно нема зимава по снег да гази. Ама мислам дека за брзо ги израснуваат
Мајки, имам едно бебе кое за 2 недели ќе полни 7 месеци,на кое што сакам да му спремам пакетче за нова година од намирници што смее да ги јаде во овој период. Знам дека почна со овошје,зеленчук и некои житарки, ама вие што сте со искуство предложете што би можела да спакувам во пакетче а да може да го јаде бебето,а не мама и тато
За патиките не би знаела, може и за 1м да ги израсни, а може и да ги износи. На мојата многу бавно и расте ножето. Моментално и е 18ка ама дур преоди може да и порасне наеднаш. Ако зимаш сега гледај да се поголемки, обично имаат нацртано до каде треба да бидат прстињата.
Моево има мн долго и високо стапало, 3 пати враќав во продавницата во Бт, прво зедов 20, па 21, 22, на крај завршивме со 21, ама различен модел различна бројка, на пр од едните и 23ка не му влегуваше, а од др 21 таман. За роденденот прв пат му купив, анатомски, кожни, 1300 ден, меки се со лепенки, немав избор за модел и боја и морав тоа што имаше, единствени беа овие што му чинеа, ќе пратам слика. Се разприкажав за чевливе, ама да ви кажам се изнамачив дури му погодив и замислете ги носеше на роденденот, не ги слекуваше, додуша мислам дека немаше време да мисли на нив За ноќва што ја поминавме не ми се отвара уста
Иди наполни му го со играчки пакетчето не го мачи со вкусови кои и онака на 7 не ги сака Стави му за во бања гумени и сензорни, можеш и некои што се движат и зборуваат се доста интересни за 7 месеци. Кај мене носи 19/20 моментално али приметив исто како кај нас зависи од калапот. Оние што ги земав за роденден и сега и се некако кнап а се со иста бројка со други кои ги носи за надвор кои и се големи. Стварно бејби индустрија пу. Во врска со дијареата замина исто како што и дојде за миг. Дента кога пишав последно до вечерта веќе немаше ништо и од наредниот ден се нормално. И давам уште еден силен пробиотик со три вида бактерии внатре и дали од него или сам помина никој не може да каже бидејќи го почнав дента кога и прекина. Ниту е алергична на лактоза ниту на глутен. Бебето си е здраво и право како што им кажав од почеток дека нема шанси да е од храна кога немаме наследно проблем. Остана да се води како стомачен грип само тој трае две недели. Важно се испотресовме со сите филмови и самообвинувања за на крај да испадне по мое Ве гледам сте купиле колички на акумулатор сите можеби ми е заборавено, но за внук ми пред 18 години купив иста али не можеше да ја вози до некаде 2/3 години. Ај поправете ме ако грешам зошто за тоа се караме по дома дали да се земе сега или не, јас мислам оној трицикл за буткање ќе ни заврши голема работа надвор годинава додека не почне сигурно да оди. За роденденот нашите блиски пријатели ќе дојдат 3ца плус. Колку ми е мило не можам да опишам. Оти е далеку, а сепак без збор. И така се излигавев со солзи со све не знам оти плачка станав многу некако емотивна од кога останав бремена. Во принцип не сум никаков емотивец. И сега ги мислам кои трошоци ги имаат за да дојдат со авион, со хотел, со транспорт, со поклон и ми дојде шубе на душава. Не дека не можат да си го дозволат напротив сите се на добри позиции, али ете така ми се грицка еснафскава душа. Имав букирано стан за кумите во нашата зграда бидејќи они ми се најмили и за пријатели кои идат од Хамбург имам резервирано хотел али за нив знаев од почеток. И сега не знам како да пристапам, а да се извинам за нивните трошоци. Вие што би направиле на мое место? @danichap би ми било мило да ја прочитам како размислува на оваа тема. Ние кога одиме во Скопје секогаш букираме хотел, освен кога бевме студенти што спиевме по пријатели. Инаку се ќе биде покриено тој викенд од нас од шетање, до јадење, вечери имам направено план веќе. Плус од денес гости свеки долази да полази по божиќни пазари.
Леле морам да ти се израдувам на моментов, јас многу сакам да им викам "ти реков" на луѓето, особено за детето.
@FreeMind и брат ми беше запнат да му купи на синко кола на акумулатор за роденден, ама го предомислив. Секако следната пролет/лето нема да ја вози сам. Кумовите му донесоа трицикл како подарок сега, него се надевам ќе го искористиме за прошетки Што убаво што ви вее снег Додека сум тука да си кажам, денес сум на работа само со уште една колешка. Екипата отиде на викенд во Србија, ние две останавме ради доењето на малите. Шубе ми беше да го оставам наеднаш на 3 дена, па и преку граница. А така ми се оди да се олеснам во базен, и да дремам во спа центарот. Да одморам од се малку. Ама милиот на мајка уште цица, и не пие многу течности, освен 200-300мл сок разреден со вода. Ајде следната година здравје