Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    @Dina911 Среќен роденден. Вечно да ве радува :party:.
     
    На Dina911 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    како милуваш така купи и
    еве нас татко ми и ја купи за роденден колата,како што кажав раат сме,ние ја возиме низ дома има далечинско..далеку од тоа дека сама ќе го вози..нозете и висат од седиштето а до педалата треба уште многу :D среќа се радува ептен,се гледа дека и е забавно затоа што има и песнички на него и има и усб да се приклучи да си ставиш какви сакаш песни по твое.А на пролет ќе ја возиме и низ двор и во парк
    Во секој случај па и разлики од дете до дете како ќе прифати
    Јас за колава бев скептик зошто страшливка е Дора за многу работи и некако се мислев дека нема да сака ни да влезе во колата а сепак скапа е, па да не испадне за џабе,ама рекоа од продавницата ако нешто може да ја вратиме ќе ни вратат пари...Ама ете ја прифати :) дури по цел ден прави брм брммм и брчи со устата :rofl:
    имаме таква малечка количка од Чико за седење и да се бутка со нозете да се влече,ама не и успева баш и несака во неа
     
    На Milaаа991, paleska3, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    На lackygirl, Happyinlove и BabyT* им се допаѓа ова.
  4. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    @Dina911 Среќен роденден на батко:party:.
    Да биде жив и здрав. :l::hug:
    :e::f:
     
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    @FreeMind
    И ние се одлучивме за трицикл,наравна за роденден ќе добие:D
     
    На LoveHope и lackygirl им се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Давав пробиотик, сега не. Се прашувам зошто пробиотик секојдневно? Тоа не ми е совет од педијатар, сум давала зашто сум прочитала овде. Зошто го давате секој ден?, јас не знаев зошто и го прекинав. Давам само со антибиотици.
     
    На Bupalu и happygirl им се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    24.683
    Пол:
    Женски
    @monik55 и ние купивме трицикл, колава е скапа и не ми е многу функционална, прави многу мерак, ама за 2, 3 дена ќе му помини меракот и после треба да и се чудам кај да ја чувам :D

    Жени ноќеска цела, ама булвално цела ноќ плачеше синко, мрсулчиња му течеа и неможепе да спие и мн се нервираше, за нас со мм да не зборувам колку се измачивме, направивме крвна слика покачени ЛЕ, грло малку црвено, нема температура, матичната ни даде антибиотик и ми рече ако продолжи така да почнам од утре да му го давам. Кажете ми како би постапиле, прв пат со ова се соочувам, несакам одма антибиотик да давам, нема ни тт ;( абе душа ме боли како плачеше :u:
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    @FreeMind мојот има кола на акумулатор од првиот роденден. И што да ти кажам, повеќе служи како играчка отколку да ја вози. Има далечинско за ние да го управуваме. Ама кога и да излеземе со неа, на пола пат се враќаме, он е надвор од колата и со плачки е да ја управува сам со далечинското.
    Ќе видиме догодина како ќе биде, веројатно веќе сам ќе може да ја вози. За оваа сезона завршивме и ја спакувавме оти само простор зафаќаше.
    Повеќе сакаше да ја игра, да пушта музики , да свири, да светка, отколку да ја вози.

    Имаме и мотор од батковците, ама исто неискористен е нов, голем и веројатно од следната година ќе може да го вози.
    По мене џабе фрлени пари. Ама ајде мерак на моите, па купија.
     
    На mal.ecka, FreeMind, BabyT* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    @FreeMind мислам би се навредиле доколку они си организирале пат и престој а ти да платиш. Мислам ок е од вас шетање и останато а они превоз и престој...со германци јас така би постапила.
    Кола на акумулатор немаме, сами два мотори. После 2 година самостојно возат. Предходно мислам само парче мебел би било.
     
    На mal.ecka, FreeMind и happygirl им се допаѓа ова.
  10. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    @Dina911 среќен роденден на малото, големо да расте :*:.

    За две недели почнувам со работа, па вчера за прв пат ја оставив малата со баба и на 4 часа да се заучуваат. Беба била супер, освен кога дошло време за заспивање, прокенкала но се успале. Јас сум за ќотек, не ми се веруваше дека толку ќе ми фале. Ич не сакав кога ми цмиздреа дека неможат да се одделат од децата, дека им фалат, ги гледав вака некако :^). А сега постојано ја мислев дали јадела како што треба, како ќе заспие, дали плачела.... Па и колку ми се израдува кога ме виде, ме стопи :inlove:. Дефинитивно многу не менуваат децата, мислам дека станав друга особа.

    Малата од 3 месеца плачеше по мене, но сега некако поинаку ме распознава, ако сум во другата соба и наеднаш се појавам, одма се смее и цика од радост. Ако седиме 5 луѓе во соба, таа постојано лази накај мене. Убаво ми е така, да знаеш дека на едно мало човече си му се на светот :inlove:. Не се опишуваат емоциите кои ми ги буди.

    Сакам да се вратам на работа, малку да разменам но знам дека ќе ми фали и ова време кога сме постојано заедно. До сега јас бев таа што одлучува што ќе јади, колку вода ќе пие, што да носи. Како да сакам да имам контрола над се. Морам да попуштам малку оти отидов :lol:
     
    На Happyinlove, Bupalu, *Sara* и 5 други им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Исто бевме. Така почна, оставивме без антибиотик, само спреј во нос и аспирирање ама се влоши секретот, се залиптави скроз и плачеше, залче не ставаше во уста. Значи вака беше 1н и после почнавме со антибиотик и тој 1н. Нека минува брзо кај вас :hug:
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    24.683
    Пол:
    Женски
    Фала ти бејби, не давам одма и јас, се надевам подобар ќе биде.
    @paleska3 уште ми е тешко да се одделам од него, секој ден кога одам на работа ми се враќаат нозете, да бевме помоќни, да не ми требаше платава ќе откажев одма од работа, ама морам :)
     
    На paleska3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Од практична страна прашав за колата зошто во стан сме и ми фали уште гломазна кола дома да стои две години. Ќе размислам и тогаш дали ќе купам кој ќе ја носи надвор па внатре многу беше проблематично ми текнува за малиот во кола да ја товариш па во парк да ја вози. Гледам нешто да ми е најпрактично и најбрзо за искачање. Кенгурот сфативме дека го надрасна и макс месец два и го пакувам.

    Иначе снегот се стопи. Страшно.

    @lackygirl јас не би дала веднаш види до утре како ќе биде. Можеш на своја рака капки за нос да уклучиш слободно.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на сите дечиња, да Ве прават мнооогу среќни:l:
    Дали е можно бебе денеска цел ден да не спие? Само 15 минути и толку.
    Сакав да Ве прашам од кога почнавте да давате црвено овошје(јаготка, боровница, малина?)
    Пред месец дена и дадов на Надја готова каша од Хио внатре со јаготка, боровница, денеска и направив дома со замрзнато овошје јаготка, боровница и малина, не покажа никаква реакција на алергија, знам по мене дека јаготка е алерген.
    Давајте идеи за ручек 8+ појма немам веќе што да и готвам.
     
    На Bupalu и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    @lackygirl Јас последниот пат дадов антибиотик,се мачеше 3 недели и пресеков на крај и дадов.

    Иначе мајки дојде и нашиот ден на Давид му е роденден:inlove:
    Сабајле се разбудив точно во 5 кога ми почна операцијата.
    Ова време веќе бев породена и на интезивна,се јавував на кој стигнам:D
    Само си приплакувам од среќа и го изгризав мислам од гушкање.
    Бебе спие јас да раскренам малце и ќе го носам кај моите за да одам на фризер:makeup:
     
    На PeachGirl, Bupalu, paleska3 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на Давид, да ве радува цел живот. :f::party:
     
  17. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.348
    Додека да пишам @FreeMind да прати слика од снегот тој се стопил.
    Јас не се фалам и не се жалам за дупло да не се нервирам. Јас на работа беба супер дома, нема ред ни за јадење ни за спиење ама јаде и спие, нели тоа е најбитно. Јас кога ќе се вратам добивам едно плачливо бебе а не знам за што плаче.
    Убаво лази сега па се што и е на дофат мора да го фати а нешто ако не и е, се исправа на коленици и го фаќа. Мака мачиме со забиве, еден излезен а се останато побелено и испапчено (мислам на кецови и двојки).
    За н.година јас сакав Дедо Мраз да и донесе маче или куче ама маж ми има аверзија од миленичиња кои ќе живеат во соба, а во двор веќе имаме едно куче. Моравме да се најдеме на пола пат па падна договор АКВАРИУМ СО РИПКИ. Имаат роднини едни па кога одиме кај нив Антонија е хипнотизирана од рибите па мислам дека ќе се израдува. Ако не она, мама сигурно. И тоа не мала кугла туку аквариум за 10тина рипки со пумпа, со треви, со свашта.

    Туку ми станува навечер со врескање и одма се исправа, а спие, со затворени очи е, во моментот не сака ни цуцла ни нишкање, само со цице се смирува.Ќе да е некој скок или?

    Поздравче и честитки за сите што имаа родендени и имендени, отидов јас да рибам купатило додека спие бебево.
     
    На paleska3, happygirl, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.936
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Полесно ми ги поминуваат стомачните вируси. Иначе секој ден давам само рибино масло, пробиотик не баш. Со повремени паузи од недела до десет дена го давам. Корисен е, јогуртот и кефирот како природни пробиотици не се доволни. И јас пијам често пробиотик за возрасни. Порано не давав толку често, ама сега зимава давам. На пролет ќе правам пауза, на лето пред одмор, за време на одмор и после одмор ќе давам, па пак ќе правам пауза до зима.
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.971
    Допаѓања:
    14.732
    Пол:
    Женски
    Мојата вака прави понекогаш, почна кога научи да се исправува накај 7 месеца, еве ја 11 стана исто е. Ретко се случува, ама ако се разбуди сред ноќ, се гледа дека фактички мижи и уште спие, само е исправена во креветче и вика. Јас само пружам рака, ја буткам да легне и штом е во хоризонтала пак заспива, зошто всушност и не се разбудила, мислам дека само нешто сонува. Баш оваа недела имаше една ноќ кога 5-6 пати ми го направи ова, и веќе накај 4-5 сабајле не ни можев да ја презаспијам. Кај нејзе конкретно знам дека не е скок зошто се случува кога има активности во текот на денот, обично со некоја баба |( После тоа два дена бев втора смена, поголемиот дел од денот е со мене и одма се враќа во ред без проблем.
    Најверојатно преживува нови искуства во сонот. Не знам колку паметен совет е ова, ама може да пробаш да ја расониш да се смири па после да се презаспивате. Јас генерално ја оставам да плаче, евентуално малку водичка давам да пошмука, раче ќе и пружам, сака да фаќа нешто додека заспива и така се смирува и во најлошите ноќи. И да поплаче некоја минута, ќе види дека не станувам, темница е, и ќе заспие.

    Јас сега со ново рандом прашање. Детулево си сака книги. Има една шушкава за во када и една дрвена, цел ден ги листа. Сакам да почнам да и ставам читање во рутина за заспивање. Сега и читам понекогаш додека си играме, ама повеќе самата сака само страници да врти. Прашањето ми е дали книгите што се за читање пред спиење ги давате на децата да си играат преку ден, или тие се исклучиво само за навечер? И мене ми звучи глупо прашањево :D ама обично е подосадна навечер, па се мислам дали можеби повеќе ќе и привлече внимание книгата ако не ја гледа цел ден. Се тоа се тврди книги, значи нема да ги уништи ако си игра со нив, чисто да не ја изгубат привлечноста, бидејки играчките за секој ден и ги ротирам повремено кога не и се веќе интересни. Мислите има некаква врска или си траскам глупости?:lol:
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Ние имаме посебно дневни книги, тоа се оние меки книги со овошки, зеленчуци и животни и неколку тврди со кратки прикаски, додека за на вечер имаме големи сликовници со бајки кои може да ги оштети и скини и ретко ги давам да ги игра. Па така, преку ден ги листа оние што не се оштетуваат, патем учиме овошје, зеленчук, бои, животни, звуци кои ги прават живитните, а на вечер ги разгледуваме оние убви бајки од скапите сликовници кои се кинат. За читање нема многу трпение да ја исчитам цела страна зошто имаат многу текст, но јас скратено според сликите и составувам прикаска, па така и никогаш нема да и досадат.
     
    На FreeMind и Spidy им се допаѓа ова.