Имаме аквариум со 50 рипки, со трева, со пумпа, ко беше мал синко многу му беше интересен се до 9 месеци, после изгуби желба му се здосади изгледа ама мноогу е досаден за чистење, 1 неделно го чистам цел саат ми одзема од времето јас не сум мерак на животинки кои неможеш да ги галиш, ама кај мм аквариумот е стар 25 години и ми остана во наследство па некако и ги засакав, си купивме нови, некои ми умреа и така во круг. Ноќеска добро поминавме, не плачеше, немаше ТТ, денес затнат носот, вчера чешма, што ќе беше ова. Ќе го следам денес како ќе биде. @monik55 Среќен да му е роденденот на Давид, голем да расти, да ве радува убаво да си помините
@monik55 Среќен роденден на баткото! Ми се чини или во оваа група по големи се машките. Момите тек сега идиме со родендени Многу ми дојдоа батковци Освен медењакот на @Milaаа991
@monik55 убав помин вечерва и среќен роденден на малиот пази да не ти се растури фризурата. @Minnie 1 ако по нешто те паметам е по овој пост: Ти се насмеав у стил будала дозволува да ја замараат пред пораѓање и од термин до 42ра недела кога ме затепаа со пораки:" До кај си? Има ли нешто ново????? " ќе скренев од нервоза. Среќен нека му е! @S.J.Parker твоето е во скок, но најчесто тоа се дешава од кога ќе извежба едно движење и во сон го повторува. Последно правеше со седнување, спие и седнува си покемкува и пак назад.
@FreeMind Хахахах ама вистина ми се плачеше,секое сабајле буквално...А кај мене хормони вријат,стомак до заби едвај се движам,веќе два дена преку термин Фала ти
Има ли некоја промена во спиење? На неколку дена пред 11 м, кога и да ја успиам ми станува после час,час ипол и журки до 2,3ч по полноќ. Немам сила веќе
@monik55 Среќен роденден на синчето @Minnie 1 Среќен роденден и на твоето синче Еве 3 ден по ред како заспива во 23:00 Што убаво си заспиваше до 21:00. Одеднаш ми смени. Ноќта како што си е ред,сменив пелена,му облеков пижами,дадов д3,пуштив приспивна песна,му дадов да цица и да го успивам. Се нацица дечкото,се подисправи и му текна дека сака да се игра со топчињата. Ај,викам само таа ноќ ќе е така Ама не. Вчера беше исто. А богами и денеска. Зошто така ми смени???? Пред спиење му текнува на некои играчки,ептен се уморува и за 2 мин заспива,и тоа ми дава да го легнам дури откако ќе почнат да му паѓаат очи за спиење. До тогаш никако легнување. И по заспивање,пак се буди за 1 сат. И ноќе постојано. Скокот требаше да му почне од петок, дали подрани Демек сега е 49 недела,а тогаш има разведрување Кај нас изгледа не се разведри Многу почна да апе,горните двојки го мачат,и секако повторно намали со јадење,ама овојпат како и со цицање да ми намали ? И ништо не му се докажува,се сака по негово. Ако види нешто,пишти и вришти додека не го добие. Ќе види некоја играчка,од милион расфрлани и вика да му ја дадам Оди па погоди која И почнувам да му давам една по една и тој категорично со рачето ми ја трга мојата рака настрана,демек не е тоа,и пак вика,и се така додека не ја погодиме вистинската. Ептен е смешен.
@Minnie 1 @monik55 Среќен роденден на вашите сречковци. Безгрижно детство да имаат и да бидат мамини љубимци. @BabyT* секојпат, ама секојпат кога се нервирам се сеќавам на постот на Freemind дека малата и спие, дека наеднаш смени. Цело време се прашувам кога и кај нас таква промена? Партијата сон до 2:30 и е ок. Ама после тоа будни до сабајле до 7 со кенкање, плачење(не врескање). И во 7 сабајле ќе заспие и ќе спие до кај 9-10.