Се тешев и јас ама и скокот помина и па и бетер стана Е сега има многу позитивни работи, баш стана дете
Фала ви девојки смао убавини и кај вас. Поминавме прекрасна вечер,мали беше многу мирен. @FreeMind Не ми се расипа фризурата мирно спавај
Прво треба на 15 минути да ве буди 9 месеци па потоа ќе сврти (шала шала знам дека боли сори). Значи моево и на @AlicaInWonderland само направија таков преокрет од нон стоп станување до спиење цела вечер без будење. Патем Алиса убав помин и да се изнауживате и за мене. И поздрави тоа македонците начукани на јужна хемисфера) @S.J.Parker заборавив за аквариумот да споменам размисли уште еднаш оти многу голема обврска е со чистење. А сама ќе го чистиш еднаш неделно. Што и да земеш земи било кое милениче е позитивна енергија во домот. Ако имаш куче во двор не е добро да земеш куче за внатре, како би се почувствувала ти на негово место размисли плус брани територија. Мацулка ми иде како идеална во комбинацијава за по дома да ти преде. И не само една две да земеш и една за мажот ти. Сакав и јас една мацулка да земам кога останав бремена ама па моево е како љубоморна швалерка, а не треба да се нервира и така оставив здравје за понатаму во животот. Вака така сите до следна година по едно душле ќе си земете души мои (и ставете им да јадат надвор полни трпези не треба да завршат во ѓубре) @Minnie 1 како е малиот со храната сега јаде ли се? Наеднаш преку ноќ ми ги одби сите купечки каши. И оние ноќните кои ги обожаваше и некои од ручек. Плус почна да одбива вкусови јаде само манџа и нудли со павлака и тоа трчаш по неа како будала лом е цел стан. Три пати денес да спремаш 5 вида оброк и да чистиш потоа е навистина за нервоза. И кога немам опција на госпоѓата кога не и се свиѓаат понудените оброци завршувам и со цицка за оброк. И уште толку се нервирам со хранава. Џвака убаво не иде во предвид со лажичка да ја раниш повеќе уште од старт одбива. Или со рака или сама да си кине со уста парчиња. Појадок и вечера не знам што да давам повеќе кога овошје не јаде со житарки. Тоа па тоа исто јаде. А ручек е најтежок дефинитивно. Вчера исклучив од нервоза и си отидов во соба да полежам 5 минути во тишина. Ми идеше чинијата на глава да и ја ставам.
@FreeMind Изгледа некој период му беше,сега сам почна пак се да си јаде без проблем. Дури кога ќе види дека некој јаде нешто,буквално дотрчува и гледа во храната додека не му дадеш. А претходно неколку дена само на млеко беше,не сакше ништо. Дури ни палента со јогурт,а тоа јаде скоро секогаш. На У6 ми рекоа дека сега веќе може и да јаде од нашата храна,само нормално не до толку зачинета како за нас. Со Ад барем уште пола година да тераме,додека да преминеме на обично млеко. Фаза и е и на Емили некоја,ќе си пројаде пак. Мене едно време ми сакаше пасирано само,после па само парчиња,не сака пасирано. Си прават што сакаат. Инаку за чистење,не прашувај,хаос е. Два три пати усисувам,зошто ќе му дадам понешто да грицка,бисквита,двопек и кога не му се јаде веќе,ќе си ги истроши. Или со такви раце право на комодата (стаклена). Ама додека е буден пребришувам онака површонски по него,кога ќе заспие зачистувам. Од овие секогаш имам при рака,практични ми се.
Благајникот доцни секогаш за честитки,нооо тука е поклонот @monik55 да му се множат годинките,да биде жив и здрав. Имам плачено за тебе и од тага и од среќа и се радував кога ке те прочитав за симтомите бидејќи вие понапредни а јас како да те имитирав и кога ке пишеше дека е се во ред се олабавував,дури и 2 недели плус и мојот батко беше ептен сакав да бидам моник за време на бременост ја истеравме како и да е @Minnie 1 среќен и на твојот батко,да му се множат годинките Денес ке шеткам со мојот батко заслужи да ми купам нешто,умен е луѓе,умен. Како да ме разбира. Легна породилно де Станува само за цицње но не ми е напорно бидејќи си продолжува да спие и еве денес во 7 стана овој ден за мене е 01.01 . Се читаме одморете и отварајте поклони
@monik55 , @Minnie 1 , среќен роденден на батковците, големи да растат . Друго сакав да прашам, 8 и пол месеци е, со три оброка и 4-5 подои во 24 часа. Како да ги намалувам подоите ако ужинка се дава после една година? @Happyinlove шеткај го детулето, заслужило, се така умен да си биде
Јас сум на истото, 3 оброка и 4 шишиња млеко, некогаш има една ужинка ако порано стане сабајле, па не може да дочека до ручек. Утре полни 11 месеца, планирам сега да почнам да заменувам млеко со ужина.
Овде на 10 месеци треба да има три оброка и две ужини. Не сфаќам оти да нема до година, да не се прејаде? Нешто налик месо и жолчка не во ист ден да не ја фати мрсното.
И во списокот од мојата матична уште пред годината имаше по две ужинки и јас нудев. Тоа што мојава е скарана со јадење друга приказна. И еве давам и јајце и месо во ист ден и жива е и нишш не и е. И повеќе од два пати во неделата давам јајце. Така да терај Фрее како што си наумила.
И јас давав ужинка пред година. Никој не ми кажа да не давам. Мојава е вечито гладна, па ако не дадев ужинка ќе вечеравме во 15ч. Млеко не пиеше, цицаше ама не ја заситуваше. Уште сме со тој ред. Ужинката ни е некоја овошка најчесто. Некогаш кифличка, бисквитка. Скоро цело лето ужинка ни беше патлиџан. Лесни работи за јадење.
Не знаев дека има јајце два пати. Јас како возрасна јадам преку еден ден по мин две јајца. Нејзе исто и давам преку еден ден оти многу е јадачка. Ако не ми е ужината бисквита со различно овошје ќе бројам денови со НУЛА внесена количина. Денес на пример за појадок пет апки, за ужина две смоки, за ручек две апки манџа и 4 пати цицана до сега. Двојката доле што фали искача подуен е така да го препишувам урнебесниов апетит на заби и не се нервирам.
@Minnie 1 среќен роденден и се најубаво на баткото, голем да расти, декорацијата преубава Одвај ве исчитав сите, прв пат денес го земам моб в раце, немам времеее за ништо, денес чистев, чекаме Св. Никола, на муабетов со аквариумот, ми остана уште тој за чистење за елката немам време. Синко настинат ништо не му се погаѓа, не јади, мрсули течат, тт нема, има промена малку во гласот, како зарипнат е, утре одам пак на док да видиме како е крвната слика и грлото. Сношти заспа во 20:30 си стана во 22ч и до 2ч дежуравме, душа ни извади со мм, веќе незнаевме што да му правиме кај нас не сврти, уште тераме без спиење незнам до кога вака, незнам ни сама како издржувам ама деновиве почнува да ми се врти во главава, треба и ја кс да направам Хаотично ми е во моментов многу, мачно, тешко, значи немало потешко од настинато дете
Лаки ти пишав исто, скроз исто. Прво, мрсоли, па зарипна е после беше уште по мачно... Почна ли со антибиотикот? Он топик:Давав ужинка и уште давам. Сега пак се разјади и јаде 1 ужинка бидејќи мајчиното не ја држи воопшто последниот месец. Кога не сакаше да јаде беше обесена за цицка и цело време плачеше бидејќи беше гладна. Кога е најадена си е друго дете.Весело и среќно
Не, не почнав ќе чекам до утре да видиме пак на доктор ќе го носам, дека нема тт кренато затоа не дадов.
Чим сте на контрола супер. Лошо е што може и 2 недели да се мрсолави. Мојата почна ептен да се омалаксува, ослабна, ни јадење ни пак капки примаше, крвта и така слаба, па мораше со антибиотици. Се надевам баткото ќе помине без нив. Пиши утре како сте поминале.
Јас јадев мн често варени јајца, скоро секој втор ден по 2. Пред пораѓај 136 ми беше хгб, матичниот мислеше грешка е. По 3 дена се породив и сестрата знам на интензивна кога ни проверија крв, ме прашуваше дали сум пиела нешш за крвта кога и кажав дека не се чудеше. Ни малва никогаш немала слаба крв, ако е слаба и не јадач.
Јас преку еден ден јадам. Али не секогаш две некогаш и 4ри ги правам кајгана Инаку во бременоста не јадев јајца баш од нив умирав од лошење.
Јас тука читам дека не треба до годинка ужина инаку педијатар уште не сум прашала. Тек пред две недели воведовме трет оброк. Но малата кај мене си јаде и количински, гурманче е . Вчера после долго време не ми бендиса јадење, палента и кисело млеко. Она што повеќето го јадат, таа не сака. Кај и да е за еден месец ќе и вметнам и ужинка, да намалиме уште еден подој. Си зацртав некако дека сакам да доам до годинка, па треба полека да намалуваме на цице. Во бременоста при крај и јас јадев секој ден јајце, исто немав проблем со крвта. Сега сигурно јадам два-три пати неделно.