Штом си јади не му е малце, ако не напредува тогаш барај чаре нормално е да намали со цицање, сега не зависи од цицка само, а можи само период да му е. Моево млеко никакво не пие, само цица, од ко почнав на работа, од 9 и пол месеци, само 1 или 2 пати денот цица, кој знае колку цица но си напредува и јади се, зато не ни пробувам со млек благо, а јогурт пие по 150-200мл во денот, а некогаш и ич.
Се спремаме за св. Никола. Баба ќе се помоча од среќа дека внучето ќе спие кај нејзе денес. Да не праам муабет дека малово од уста не ја извади. Се е "баба" сега, по мене само на плачење вика Ќути добро е што никој нема, сите сигурно спијат
Баба,баба или свекрвати? И ние сме вечер и на две слави и на именден. Не ми е за друго ке треба свекрвами да го чува , мајка ми исто има слава па толку сум на игли што не ми се оди. Не за друго абе труд не покажува дека го заспива као нејќе да спие па нпрмално дека нејке потруди се заспи го. Еднаш го има чувано и он утоп воден во пижамата од млекото , лепи цел не го преслекла. Она битно спружена на софа. И за мајка ми сум вака критички настроена не е само за неа дека имам вакво мислење ама навистина мајка ми му се треси над него додека спие,женава може сто пати го буди од гласот на телевизорот. Но за убаво ајде од дома да излезам,па ке го бањам петок сабајле пак
Среќа втора смена сум на работа, па ќе ги прескокнам славиве. Искрено, многу мрцварење ми се. А и сега ич не ми се влече и бебе. На страна што славиве станаа повод за пијанчење и останати глупости. Нели не е за тоа славата? Ама сега е натпревар кој поубава софра ќе стави, какви салфетки и прстени за декорција ќе има, какво и колку пиење... Дали дека не сум верник, дали дека никогаш не сме имале куќна слава, ама не можам бре да ги разберам овие славја и готово. И затоа што сум оф топик да ја спомнам и беба. Супер е, ама две недели со бабите и одма е поразлигавена. Ќе си пукнам стварно. Барем редот за спиење и јадење целосно и го запазуваат, детево гледам среќно е, дури и поизморено, така да морам да стиснам заби за нешто. Се тешам кога сме сами ми е старото дете. А така би да отерам некогаш се у триста лепе...
И ние ќе спиеме со синко кај баба Повелете на гости ние чекаме 2 дена, сношти и денес ручек Вечер сме кај брат ми на име, сигурно ќе заспие синко и ќе си останиме. Иначе подобар е, малку кашла, тт не крена ниту еднаш, алмацин давам веќе 3 дена. Сношти изненади, заспа во 9 и пол, гости имавме до 2, дотогаш 2 пати го презаспивав па во 5 за сируп и тако даље, немам идеи за јадење, нз шо да му давам, се ми одбива, само супа сака, 2 дена и поручек и ручек супа јади ама супа со месо пилешко, со компир, морков, брокула...детево ми сака старски јадења @thinkerbell се согласувам за славиве, кај нас па 2 дена, 60 риби, па грав, па сарма да ти пукни душата, вчера до 4 на работа, до 8 маси местевме, денес сум од 4 до 8 на работа,па од таму дирекно на гости
Јас цркнав и со бабата и со дедото. Ко две свекрви да имам дома. Мала е болна и прв пат со толку температура. Тие сите испаничени, само ми се плеткаат низ нозе. Се понашаат ко нивно да е детево, ми го земаат од раце као тие ќе ја смират, тие ќе ја успиваат и сл.. А нема замена за мајка.. Никој не може подобро од мене да го чува детето. Толерирав, ама веќе ми препукна филмот и од вчера строго по потреба ги барам. Горе качување веќе нема. Па уште кога почнаа со крстена вода да го прскаат... Па па па... Детето гори температура тие мислат урочено е... Брее не мислев дека се дотолку неедуцирани. Па и ми суфлираат.. Гладно е, дај му чај, ами тешко дека ќе ти заспие, готово го испуштивме детето... Лелееее луѓе верувајте душа немам. Вистина се од помош и сите тие работи околу куќа и чување на малава додека сум на работа ама ова веќе не се трпи. Не знаат со ништо да го заиграат, се научиле да го шетаат низ сите соби и да растураат. И само паткање.. На под детево само јас кога сум тука седи. 8 саати додека ме нема детево нема седнато да игра. Затоа уште не лази.. Нека пркне и во градинка. Извинете многу се расприкажав ама мора да се испукам.
Во крстената вода е лекот Исти се и моите две свекрви Ги прашавме од учтивост да ја чуваат кога ќе тргнам на работа, во себе се молиме со мм да не одбијат Инаку, укочен ми е вратот. Што да пијам? Блок макс детски сируп дрмнав, пишува ибупрофен. Смеам за возрасни да купам блок макс?
А крстена вода и бајачки ми се посебна тема. Море наука. Минатата недела купив пастрмка да и дадам на беба и свекрва ми ме гледа чудно. Ми вика абе мала да не е, па коски, па триста чуда. И на крај абе немој да и даваш, не се дава риба додека не прозбори. Демек немо ќе биде детето. Ја погледнав и само и реков зарем уште ти личам на човек што се замара за такви работи? И си продолжив со работа. И толку. Ни збор немаше после тоа.
Што да пишам, што да кажам? Не знам што му е на синко неделава, ама не уби ноќно време со мм. Неколку ноќи по ред се буди во 1ч и седи буден до 3-4ч. Си игра, па плаче, па се смее, па вришти како да го колат. Умревме за спиење, преку глава ми е дојдено се. Немам сили за ништо. Да не ширам негативна енергија, нема да продолжам. Ќе пишам некој поубав ден :
Ваква глупост уште немав чуено. Онака и се вртиш со полу бледа фаца ја гледаш 30 секунди молкум и ја отвараш вратата. @srekice ибобруфен слободно земи ќе ти се пушти. Има и маст можеш да се намачкаш или свеки нека те затрие. @PeachGirl само оштро. Вечна слава @lackygirl вие ептен адетлии и имиња и слави само за тоа работите да спремате софри Пара е се тоа.
Вечни слави и имендени! Не раздвижи Фри, и така бевме успани. Гледам сте започнале тема, па да кажам нешто околу неа. Мојата свеки оде на работа ама и да не оди нема да дозволам да ја чува. Пренесена е дека дете треба неа најмногу да ја сака и дека умирам од љубомора. Е од тоа праве глупости. Детето е во фаза каде што си покажува што сака да земе и потоа го мава на земја. И нели баба се и дозволува малата ќе се удареше со украс врз глава и потоа иде, леле леле мама ќе не кара нели пошто мама е апо. Потоа и дава лак за нокти, и детето во уста И притоа детето е кај неа во мое присуство само, а она коментира кажи и на мама како правиш ти вака, ете она ја научила, само кога Ако и се насмевне беба, одма гледа во мене како ќе изреагирам Напочеток ми збореше и за бабини деветини и за бајачи и ја пресеков сега само на смеа ги кажува Кога вадеше заб беба се чешкаше за увце па ме советува да ја носам да и го чистат со восок. Ако бебе не ми го јади ручекот се смее не било убаво, а не вика дека бебе гладно ќе остане. После секој збор се користи терминот, бабе за дете да го науче. Пример, чекај баба, баба ќе ти го подаде тоа. Еве бабее, ај на баба убавата. Бабе каде е сликата, а бабе? Околу слави, имаме една и нема по напорно нешто од тоа, спремање, пустење па накрај и садеви, ма иди.... Околу беба.Нит личе веќе на бебе ниту се понаша.Последниот месец нагло ми се промени. Во килажа не мрда 3месеци веќе ама во должина пораснала. Неќе да е тенка и висока на мајка нека има нешто и на тато
Од иста сорта се со мојата додека бев трудна ми префрлаа да не јадам риба и зајачко со исто образложение Кај ги црпат глупоштиниве ја незнам. Инаку, малово почна да брбља "бабабаба" @BabyT* пред некој ден имаше на телма амбуланта психолог кој што објаснуваше баш на тема како треба бабите и дедовците да ги чуваат децата. Се исто што ти го опиша. Моиве ја гледсле сто посто, али не коментираат. Обично она што им одговара ми го кажуваат
Се сложувам дека е убаво децата да растат покрај баба и дедо. Ама сите што ги читам пишуваат колку се разгалени од кога се чуваат со бабите. Мене ме нервира тоа што со тоа разгалување само прават лошо за детето ама нели па ќе ги сакаат, тоа е побитно.
Има разлика од баба до баба. Еве на пример, тетка на мм. Го чува внучето, али бре го шета и го анимира. Му смислува игри, постојано е окупиран со забава. Он кога нешто прави што не треба, она му пристапува со зборови -Не така мило, мама ќе биде тажна ако правиме така. Мојата и твојата би рекле, мама ќе не кара или леле ако не види мајка ти. Иете ствараст лоша слика за во иднина.Децата ќе го врежат тоа во главата и се ќе кријат од нас понатаму. Ситници се битни. Еве,некни се изнасмеа зашто сум и дала батат. Баба ќе и дала сармичка. Па како бре да ми ја чува ајт кажи.?! Или као, кај ќе те чуваат во градинка вака. Баба порано ќе ја зема нејзе.
Секоја чест на исклучоци, за жал ние ја немаме таа среќа Дај му бе ти па и макни со лепчето во пиперот
Оставете ги на свекрви не си ги трошете мајките. Сепак чувањето дете како што гледаме не е лесна работа особено ако се околу 60 години немаат ни нерви. Затоа фино лепо дете кај свекрва, а мајка да си одмара. Иако од мајка нема подобро чување али тоа чини многу бразди на лицето. Бидете умни и оставете ги свекрвите да бидат свекрви и да ги чуваат. Јас искрено не би можела да превоспитувам свое дете, можеби вака сама е најтешко али од таа страна е и најубаво. Има детето да си го воспитам баш по мој мерак. Уствари во градинка ќе ја воспитаат јас ќе ја докалемам. Барем глупости нема да слушам и онака ми е тешко.
Мене ми е олеснително што сами живееме, па не може да ми се меша. Неколку недели само ќе ја чува до пролет. Со тоа што буквално само и дава да јаде, ја пресоблекува и заспива. Јас оставам јадење, средувам пред/по работа. Измеѓу ќе се комбинираме со одмори со маж ми и мајка ми. Мора да се издржи, па од пролет во градинка.
И јас се надевав гледаат поучни емисии ама изгледа ништо веќе не гледаат нит слушаат. Исто и кај мене, мама ќе кара, мајка ти ќе си замине на работа ќе те остави... За ова и реков, жено најголем страв на детето е дека ќе биде оставено, немој така да и зборуваш. За неа сѐ е.. А ииии, нема врска... Ако продолжат има да го гледаат само за празници.