Правила има али и исклучоци како и во се. Сега овој Тони Талевски веројатно е фриленсер ортопед бидејќи штом се спомене дубак веднаш искача неговото име. Не го познавам иначе не знам кој е тој али претпоставувам е дека некој многу популарен. Сега дали е во право или не практиката покажува.
Добро утро од мене Ме снема, во земја пропаднав. Почна државниот испит за лиценца и малку ми е стресно. Сте изнапишале за гледањето од бабите. Горе доле тука исти сме сите, ама мора да се работи, супер и штом имаме некој да ги почува. @mila991 пак неможам да те тагнам ама ме изнасмеа со свеки твоја. Покани ја на ручек, зготви нешто со просо. Имаше некои рецепти со јогурт, јајца, просо со печење.. Зезни ја. Претходната недела бев послабо со малата, учев. Штом се симнев на долниот спрат се стрча со лсзење да ме гушка. Пелени:преминавме на 5ка,иако малку големки подобри се од 4+.Дали дека нон стоп е во поход со лазење и многу често ми протонува. А нешто и дунде е црвено двс три дена. Мачкам крема, ќе мине се надевам за брзо. Јадење:пукам, ама пукам од нервоза пошо не сака да јаде храна што ќе се зготви за неа, некои комбинации и сл. Дај и супа и патлиџан ќе се најаде. Во супа се дави. Ама па неможе секој ден супа... Млеко си пие. Па и бира што сака да јади а што не. Спиење: не спие воошто мирно. Во креветче веќе не сака,спие со нас. Спие на стомак, така заспива и продолжува. Но, во текот нс ноќта се буди постојано, си плаче си кенка. Луѓе, 10 ипол месеци ниту едно забче. Кажете ми дека и некоја има искуство исто.. Утешете ме. Зборување: нон стоп цика по нејзин јазик, се кара постојани, сака да те надвика. Вика мама, тате, баба, деде. Ви пишав дека вика ејгидиии (едиди). Секој втор збор и е едидииии. И се испушти на два три пати нејзиното име идида (Илида), и едно утро како станавме и викам сакаш јајце мама да свари за појадок? И почна да повторува јајце, јајце ама нормално, не чисто.. Дај, ете и некии други кратки зборови не мк текнуваат. Станување, лазење:лази брзо експресно, иако подоцна малку почна. Па не е подоцна, дете баш си оди по етапите за проодување. Лазе многу брзо,станува и се задржува на кревет. Стое долго време, цврсто. Ама храбра, ги тргс рацете и одма на газе ќе падне. Се договоривме дека не купуваме дубак, ама моите и купија. Ама ич не сака во него. Ја ставам само за до вц да одам, ретко, преретко. Ја гуши тоа, сака да е слободна, дс лази насекаде. Не сака да ја паткаш ич. Се надевам ќе останеме на тоа. Се распишав јас.. Убав ден
Bas naprotiv, mnogu dobar ortoped e, site se zadovolni od nego. Ne e i toi za taa pomagala, ama bidejki sum sama so niv mi kaza deka mozam pomalce da gi stavam. Na kumot maliot bese vo dubakot non stop i koristese prooduvalka i ene go proodi na 10 meseci. Ama pak kazuvam, na mojata kerka patkanje e toa sto ja odmagna. Baba i dedo ja patkase dodeka ne znaese uste sa se podigne sama i taa oseti sigurnost vo nivnite raci, a sega se plasi da sama cekori.
Не е директ од леѓење, она седи стабилно од 7ми месец, ама не се исправа сама. Стои сама ама за повеќе не е доволно стабилна.
Дубакот не е најголемото зло на светот, ако не се претерува не е ништо страшно (ако се исклучи моментот дека може да се преврти бебето ако се залета). Проблемот е што бебе кое било на земја, не се исправило само, го ставаш во дубак, одма го засакува и после плаче ако е на земја и така завршува цел ден во дубак. Марија веќе се шеташе низ цела дневна кога првпат ја ставив во дубак. И нормално дека нема да го сака кога и го ограничува движењето, не ја собира секаде, не може да докачи на маса и слично. И онака не бев заинтересирана да го користам, и затоа само 10 пати била во него. За Тони, јас бев кај него, презадоволна сум, мислам дека супер објаснува и реално си кажува, не дека е само извикано име во градов. Работата е што ако ортопед ти рече може дубак, некои родители тоа си го врзуваат во крпче. Подобро да ти рече немој, па и да го ставаш малце да нема последици. Јас кога реков не сака во дубак, мене он ми рече па и не мора и онака си е цврсто исправена. Рече дека за месец ќе прооди, и стварно така беше.
@FreeMind за гелчето ставам од што морам, завива по 5,6 пати навечер и некогаш успевам да ја успиам ама некогаш не бива. Претпоставив дека не е на природна база затоа реков дека така ми кажаа Околу дубанот се согласувам во делот каде што дете кое уште не седи, лази се става во дубан и има слобода да фаќа се и да се движи, автоматски не сака на земја, неможе ништо да прави. Исто и со паткањето. И се прескокнуваат фазите до проодување. Околу преодувањето е различно, и тоа колку детето има храброст. Мојата тргнува и седнува на газе, не е сигурна, и уште подобро да не паѓа на секој чекор туку кога ќе биде сосема спремна да почне стабилно да чекори. Мојата не дава да ја доближиш до дубан,џампер се чувствува заробено.
Здраво и од мене мајки,ме нема одамна да пишам ама ве читам повремено Среќни родендени на сите дечиња што славеа периодов, да се живи, здрави и најсреќни Лесни чекорчиња и на тие што проодеа За нас еден од потешките месеци беше овој, цел “ред” што го имавме стана наопаку, синко не спие воопшто, ниту денски ниту навечер, секое заспивање во раце за да дремне едвај 30мин, и јас паднав и психички и физички, преморот си го нсправи своето... За исправување мали цел месец се исправува по креветот оди, се пушта, паѓа ,нонстоп сум до него и јас на земја ќе видиме кога ќе се пушти да оди. Полека се спремаме за роденденот па ме фаќа еуфорија, не ми се верува дека ми порасна бебето Ве читам за бабите, тој проблем уште го немам зашто сама си го гледам ама совети, коментари(посебно од свеки) де за спиење, де за јадење, нонстоп има Туку сакав да прашам дали некоја до сега правела gentle sleep coaching? Последна надеж ми е и тоа да го пробам...
Здраво друштво Може да пишам тука, иако бебо е 12+ ? Не ми се напушта темава. Немам многу време да пишам, ама ве читам додека сум на работа. Жими овие 9 саати што седам, после тоа турбо дур да заспие синко. Се исправа цело време, ќе седне па пак ќе стане и нон стоп тоа го прави, без престан. Оди полека покрај петоседот, ама не се пушта уште. Околу него сме цело време со мм (а кога не сме биле додуша). За свекрвите, не дозволувам за ништо да ми приговара и да ми дели совети. Не живееме заедно, го гледа еднаш неделно или кај нас или кај нив, во наше присуство и секогаш ме прашува дали смее нешто да му даде да јаде/пие. Не го патка, кажано и е дека нема потреба од тоа. Мајка ми уште поретко го гледа, и неа ја сечам ако сака да дели многу совети исто така. Строга сум со двете, ама општо таква сум јас за се, не само за него Добро ме знаат и двете и не ми одат контра. И така, не знам што друго да ви кажам. Гушки до сите
Нешто такво примени и успеа @Spidy Јас со денското спиење немам проблем и никогаш не сум ни имала. Денски дури и не му дозволувам повеќе од 1,5 час да спие, го будам а спие 2 пати а за навечер сум некоја си комбинација од тоа што го правеше Спиди. 2-3 ноќи се буди по 2-3 пати па четвртата ќе ја врже целосно. Кај и да е ќе го рестартирам
Баш така, ако детето се стави во дубак од лежење, нормално дека нема да пролазе. И обратно, кога бебето го шета цел стан со лазење како мојата сега, нема да сака да биде ограничена со дубак. @Happyinlove малата кај мене така правеше на колена напред назад, пред да се пушти да лазе,само мојата женско и никој не даде таков коментар . Има исклучоци на деца, но сепак мислам дека ако детето не е доволно оставано на под или прерано се патка, ќе ја прескокне фазата на лазење. Не дека покасно ќе прооди, туку само ќе ја прескокне. На бабите им имам кажано дека не смеат да ја паткаат, мислам дека ме слушаат сега за сега, не сум приметила спротивно.
Моево е се освен нежно Нежно беше првите 2 месеца, после само со ригорозен режим. @Vaga~ не знам што точно мислиш, ама на оваа возраст нема веќе нежно. Многу се пргави, полни со енергија, не знам баш дека нежно помага. Може има начин, ама по мое мислење освен CIO (cry it out) не знам дали нешто друго е ефективно. А тоа не е за секого, а мислам дека после годината и не се препорачува. Него да ве насмеам, ми искочи ова на фб, па да споделам
Дали треба или не треба дубак касно ни е да го муабетиме, помина фазата за тоа. Така @Spidy не е зло да го ставиш во дубак лошо е што со ставањето му покажуваш исправена позиција и после на стомак нема да го ставиш. На тој начин лазењето се прескокнува. Без лазење нема ни седење самостојно и стомачни мускули, бидејќи седнуваат од лазачка позиција наназад. Кога ќе го ставиш и да седи без самото да седне си ги скокнал две фази сам и идеш на одење. За да оди освен нервен систем му треба и мускулатура која постепено ќе ја зајакне за разлика од бебињата пораснати на под. Муабетот ми беше дека практиката покажува дека бебињата држени на земја полесно ги совладуваат техниките и побрзо. Не дека нема некој да прооди не ме сфаќајте погрешно ниту е важно кога ќе пролази и прооди туку сакав да направам паралела од она што го разговаравме на почеток и крајот на првата година. Чисто за оние кои идат во темава едно сиже како да се постават кон бебето.
Мајки,детето се изгоре на рачето,од печката,Не и е излупена кожата само е црвена и и се направија 2 плускавици,плачеше,со саати,едвај заспа сега. Ја мачкам јекодерм.Нешто друго,што можам да и ставам за да помине побрзо? ако има некој искуство да сподели
Ништо, продолжи со јекодермот, за да нема лузни. Ладно никако не ставај, ќе спласнат пликовите и ќе се излупат.
Стави и сенф. Од искуство на куварите кај нас ви кујна. Сенф и стави и ракавица одозгора, до сабајле ништо ке нема. Ни болка, ни лузна ни плик
Незнам дали имате слушнато за лисичина опашка така се вика, маст е домашно правена, розева е, значи од тоа нема подобро од тоа, јас се изгорев од 2 мачкања помина.
И ние сме исклучоци Дубак не сме користеле,ниту пак сме го паткале,а пак ни тој сака да го паткаме,кога и да пробаме да "оди" бебе моментално си седнува на земја. Сам никако неќе да лази ни напред,ни назад. Го ставам на стомаче,малку ќе полази наназад и си легнува на земја,или легне на грб и си седне. Ако нешто сака да земе,а му е подалеку,вришти додека не му подадам,газето ич неќе да го помачи . И сега некој сигурно ќе рече остави го ,не му давај,сам да си земе ама не сте свесни колку вришти инает невиден е. Сега најново е што станува на колена држејќи се за оградата на креветчето. За две недели ќе полни годинка.
Јас, искрено, дојдов до заклучок дека фазите на лазење, проодување се индивидуални и зависат од детето. Да, стимулации треба како лежење на меше и ставање на под, апсолутно. И тука читам разни примери, а и околу мене исто се со различни искуства.
И јас користев дубак, но не го оставав многу време, имаше денови кога воопшто и не го ставав. Стабилно седеше сам од кај 5 и пол месеци, ниту еднаш не падна странично, никогаш не ставив перници за да го крепат, в место се вртеше седнат во круг на 7 месеци, на меше плачеше и се вртеше на грб, лазењето го скокна, почна да се исправа од кај 10 месеци, сам цврсто застана на 11, од тогаш се пушта сам по 5,6 чекори, но уште не оди, година и 2 недели е, е сега за паткање, патка, ти ги фаќа сам рацете и трнува, ако не му станиш плачи се дрецка наназад, бес покажува, се лути Со спиење исто е, станува на 2,3 часа, цицнува и презаспива, барем сега не седи по 2 часа да си игра па да нејќи да спија, тоа фала Богу помина Денес го сликавме за Новава, ма се откости од плачење, цело време плачеше и тоа другар го сликаше.
Еве јас ни дубак, ни џампер сум користела, ниту пак ја паткам. Не ни пробувам тоа. И не лази. Се тркала. Деновиве малку повеќе го поткрева газот и се отфрла напред за да дофати нешто, ама лазење нема. Искрено многу сум загрижена, ве читам тука вашите веќе се исправаат. И ортопед и педијатар ми рекоа дека нема простор за грижа, ама ме јаде нешто. А силна е, доволно силна за да се поткрене и да лази. За другото е одлична, брзо учи, со неколку покажувања. Сосема нормално 9 месечно бебе. Се заигрува сама и подолго веќе, само мора да има некој на видик. Ги гледам сликине на Фри и сфаќам која фрка сум периодов. Особено со повторно настинато дете. Елката не ми е ни накитена, комплетчињата што ги спремив за сликање стојат на закачалка. Па ни позадината за сликање од али не ми е стигната. Маж ми па неколку дена беше надвор од државава, а сама не ми беше до китење. И колку и да сме во трчање, прееска си седнавме сите тројца доле, јас дував балончиња од сапуница, тие двајца ги фаќаа. И фино ми дојде. Беба пресреќна. Уф да се спремам полека за сируп давање, страшно е, некој од страна ќе мисли се колеме.