Осмиот трае околу пет шест недели и е многу тежок со плачење нон стоп. Колку сака треба да и даваш, а ако се ограничуваш иди по теглите на хип. 6+ теглите се од 125 грама, потоа имаш 8+ се околу 220, 10+ се околу 350 или така нешто.
Јас да си кажам за периодот. Бебе ми јаде 6+. Од сабајле околу 125 грама овошје може, а зеленчук сака повеќе околу 150 грама. Овие денови а седнеме да ручаме, плаче, ама вика, со солзи со се'. Денес отворив кашичка па со нас на ручек, па изеде неколку лажички. Се тресе над лажичката со устата ко рибичка. Мн е активен цел ден е анимиран на земја се рола, спие навечер, ни се погоди времето шетаме со саати, надвор е среќен, ама ете ние јадеме и ко крај на светот да е. Знам дека кон 7 е втор оброк, ние скоро 6 ипол, со килажа е супер, не напредува последните месеци ко на почеток, ама па матичната ми кажа треба сега да качи 250 гр според него. Не сакам да се кријам од него за јадење, одма регистра кој јаде а и рано ми е за ручек да му дадам. Си цица супер. Таков ми е перодов, може ќе смени. Со хранење сме готови за 10тина минути, скроз е концентриран, да му е мерак на човек да го рани. Досега ништо не одбил. Јадеме комбинирано, некогаш хип кашичка, претежно домашно.
@drugarka, можеш и втор оброк да му воведеш полека штом сака да си јади.И јас и воведов втор оброк после 6 и пол месеци. Биди среќна што бебе ужива во јадењето. Нема ништо поубаво. Кај мене малата едно време одбиваше зеленчук и видов колку е мачно, фала богу помина тој период и сега немаме проблем со храната. Една недела веќе неможам да ја заспијам пред 12-1 часот по полноќ. Таман изморена и давам да цица накај 10 и таман ќе ја ставам во креветче се буди среќна, полна со енергија. Плус хиперактивна, и ајде се одново . Уште некој ден имаме од 6 скок и се надевам ќе смени. Овој скок и донесе многу промени, преминува од бебе во детуле. Но се закачи за мене и нема делење. Кај сум јас таму е и она, јас мијам садови она до моите нозе во кујна, јас седам на тросед она пак тука, буквално лази цело време по мене. И вашите ли се вака или ова моево ќе биде лепенка за мене ? Навечер стандард се буди два пати за цицање на 2-3 часа, пробав да ја презаспијам на првото станување, но неуспешно, плачи, писка, не се смирува без цицка .
Мамички веќе почнавме со вкусови пробување, и овошни и зеленчукови. Уште малку ќе почнам со цел оброк. Дали некоја ќе сака да ми напиши кои овошки и кои зеленчуци се во 6м, и по колку водичка/сокче дававте? И ориз, житарици кога се воведува? Ве читам цело време и горе долу појасни ми се некои работи.
Мојата воопшто не е лепенка за мене, во смисла не ја држам во раце вооошто, генерално сама си игра, не ме бара кога искачам, ама кога сме двете сами дома мора да е во радиус од 1 метар од мене. Ако мијам садови, под нозе ми е, ако одам во тоалет, до мене седи, ако отидам да земам нешто од спална, дури се вратам она веќе стасала до вратата. Едноставно сака да ме има на видик. Има 11ипол месеца и ваква е од кога научи да лази.
Како јас да сум го пишувала. Моето исто, фала богу што ручка. Сега е 8+ и веќе има два оброка. Да не гледа како јадеме со татко му и 4 ќе има. Хахахах се криеме кога јадеме, ако не види кенка мислиш детево неухрането е.
Јас да се пријавам на кратко,моето малечко прооде. Почна со два три чекора,па до комода,па низ соба,сега веќе во ходник си излегува,кружи до кујна и назад Додуша уште несигурно,како пајче е,ама оди.. Самостојно. Ете две недели отприлика после роденденот.. Инаку нема никакви промени,во спиење,јадење,се исто тераме.
Моево е лепенка за мене откако е роден Како коала фатена за дрво Осмиов скок ни поремети и она што колку толку беше како што треба. Поремети и денско и ноќно заспивање. Како не го поремети и ноќното спиење,па од често будење да премине во цврсто спиење . Се отиде упм Не ми дава да мрднам,го нишкам за заспивање по еден саат,некогаш и подолго,навечер едвај ќе заспие,таман да заспијам јас,се буди и несака да презаспие,сака да си игра и седи буден по 2-3 саати Плаче постојано и за ништо,ама баш за ништо. Ако сака нешто МОРА да му се даде,ако не пиштење Двапати досега откако е во осми скок,одиме да пазариме,маркетите ечат од него,ама не плаче со солзи,туку се дере онака од бес. Секогаш сум мислела дека таквите деца се невоспитани ,ама еве ми се одби од глава. Не било до воспитувањето изгледа Освен моментално да напуштиш маркет,друго решение нема,писка,сите погледи вперени во нас. Полека се спремаме за роденденот,ама балоните од Али уште ги нема да стигнат Како да немам за што да се нервирам,па сега и тоа.Имаат фора уште 6 дена да стигнат,ако не,ќе барам овдека да купам,а се надевам дека ќе ми ги вратат парите. Кај се најде овој скок баш за роденден да не стрефи
Ќе доживеам ли некогаш да кажам дека така ми јаде детето? 100 грама ручек ли е на 9 месеци? Никако, никогаш. Блазе си ви.
@Spidy истото го прави и кај мене од кога пролаза, особено обожава да ми се качува на нозите. На пример и кога има други луѓе во собата таа си играе до мене. Во раце не се држиме веќе подолго време, сега ни таа не сака фала богу, сака да истражува. @Minnie 1 , лесни чекорчиња на твоето малечко
Според wonder weeks, стои еден дел помеѓу 5-6 скок, 28ма недела, обоен со сиво. Објаснува како бебето во тој период е многу поврзано со мајка, повеќе од вообичаено. Андреа овие неколку дена ми е пијавица мислам, ме шмука, лиже, стиска. Ви се случи ли истото? И да си прашам за Летизен сируп. Го пие веќе два дена заради алергија, го давам во 19h навечер и во 21h ја успивам, ама приметив детево спие поцврсто цела ноќ. Во упатството стои дека предизвикува поспаност. Ви спиеле ли бебињата помирно од вообичаено при пиење на сирупот?
Аууу,аууу не пишувај за тој период хаос жено лудило...да неможам секунда да го оставам се само цмиздреше,па плачење,дерење,посматраше со очи каде одам. Многу лош беше . Не дека е сјаен и сега на нога пред 6ти скок но се помирив,имам син плачко залепен за мајка и тоа е . Од сирупчето е успана,има такво дејство исто беше и кај нас. Него штама пред н.г . Сите домакинки на руска се удрени сецкаат. Јас утре имам на програм тоа.
Da zatoa i se preporacuva da se dava navecer. Aerius e isto za alergija i tuka nekade e so cena ama ne predizvikuva pospanost i moze da se dava vo bilo koe vreme od denot.
Моето и твоето се исти жено. Во се чинам А кажете ми за алергија, дали на некој му се појавила на грб-врат? Два дена пие сируп, ама некако бавно ми се повлекува
Додека не го исфрли алергенот од телото ќе се појавува. На што ти покажа? Давај многу течности во ваков случај за да може да го мочка. Ако цица давај да цица, нуди цело време. Инаку нормално е сирупот да има такво дејство.
Она покажа реакција, т. е црвено обравче од морков, два дена по ред. После се појави на грбче точка како лишај која што се прошири. Мм ме убедуваше дека е гребната. Морковот го дадов на 2-ри декември дури. Зарем е можно алерген толку време да се задржи во телото? Немам памет, ми иде да почнам со се од почеток. По една недела да давам ист вкус, таман до две години ќе проба се. Незнам веќе.