Ја прашав докторката ми вика жлезда, ама веќе 2 недели ниту се поместува ниту пак исчезнува. На допир се мрда. Ама нели ако е жлезда треба да се повлече. Вие што направивте?
Ако мрда, жлезда е не се грижи. Ние тек нареден месец контрола. На 2 месеци следиме и ќе снимаме рентген да се види што е.
Исто жено рацеве ко на старка некоја. Епа, кажи кога ке тргнеш на работа како ке биде, да знам што ме чека @BabyT* и ти ли жено? А јас цел живот си викам од сјај за, садови ми е и од ладна вода што мијам садови и мама исто има. Леле колку сум проста
Јас немам црвено, но ми се суви корка. Мислам дека е од ладново али пак голема мака со кожава имам после породување можно е и нешто да се изместило. Ќе земам А витамин дополнително да видам дали ќе се среди оти желка не ми е рамна колку се нервирам. Инаку не сечкам руска мајка ја спрема. Втора година по ред немам никаков кеиф за Нова година. Не знам ни дали ќе ја дочекам оти со лепачево ќе си легнеме. Лани кумите ми беа на морална поддршка мислејќи дека порано ќе се породам кога мене и Февруари ме фати. Они си пиеја јас тркало од кревет на кревет како фока се лизгав. Убаво ми дојде на душата што беа со мене али сме славеле милион пати бољи години од негде околу ручек до 19ч во Круг. Сега се е поинаку нема драж што би рекле Нова Година едно 15тина години и нема некоја смисла за мене али како повод да се помине поинаку од обична ноќ зошто да не. Имам голема желба за дочек во Финска во игло со стакло али чекавме дете за тоа патување. Сега ќе почекаме и да порасне малку за да памети како изгледа се волшебно. Вие каде утре? Патем денес цел ден без цицка е, два пати преспа без града. Има надеж таму некаде можеби ќе сврти и за тоа. Некако денските можам да ги скратам уште утре и заклучувам без денски подои. Ќе ми остане уште оној во 21ч ако не ми се преполни градиве и тој наеднаш ќе го тргнев. Чудно али најадено бебево не бара да цица. Ми била гладна со месеци. Душа.
Утре дома сами тројцата, со кифли и руска. Требаше да одиме кај кумовите, и плус уште еден пар кој чека бебе во секој момент, ама оти синко настина дома ќе си седиме. Од саботата навака е црвен на образите, сува му е кожата. Мачкав до Јекодерм и Павловичева, ама не мине. Од ладниот воздух и ветер му е. Пантексол може ли да мачкам?
И ние дома, сами таман од 23ч до 00ч го заспивам ни руска ни муска кревет бате на 1ви ќе одиме со друштво во ресторан Аи да се пофалам саботата излеговме прв пат годинава со друштво Лани новава со бебе од 20 дена исто дома си ја чекавме со кумот, кој патем и прв брачед му е на мм, не е женет, тројцата сами поседавме, синко си спиеше тогаш од 9ч до 1ч како ништо за разлика од сега. Др на синко му излегоа туберите од четворките лево и од горната и од долната вилица, само се лигави, се чеша, јас мислам дека само од забите не спие моево. Уште не оди сам, само се пушта од овде до онде се си јади, сам бара, се кажува сам, абре дете е големо одвај чекам да зборува, знам дека само ќе препрашува многу е радознал, ништо не му бега @happygirl можи пантексол, синко има на челото сува кожа, дури и егземче е, па сано се чеша, мачкам и павловичева со невен, дека помрсна е. Мирна ноќ мами
И ние вечер сами дома. Туку одиме на дневна журка. Јухууу. Последен пат на ваква журка бев пред да се породам. Је**ш журка без алкохол, ама тоа е. Денес слободна сум па се дружиме со беба. Уште не сум ја сликала како што треба, позадината не ми е ни стигната, а госпоѓицава страшно се плаши од елката. И така. Среќна нова дечки, само убавини во следнава година.
Снемувам млеко, можно ли е? Откако тргнав на работа останаа подојот - ужина околу 17-18 цасот, пред спиење околу 21, околу 2 ноќта и 6 сабајлето. Ама еве беба некако почна да ги прескокнува подоите, тој во 17-18 се изгуби или зошто касно бил ручекот зошто се успала или зошто вечерата и околу 19, тој пред спиење ќе цицне ептен малку колку да се залаже и си ја бара цуцлата, или пак како вчера ќе вришти кога ќе ја ставам на града и не сака да повлече, а ако не стимулира пола минута нема да ми надојде млеко. Синојќа стана околу 2 часот цицаше ама не сетив дека ми надоаѓа млеко, сабајле околу 6 исто цицна малку ама не осетив дека ми надоаѓа млеко посебно зошто онака млитаво ја шмукаше брадавицата. Се тешам дека вака е зошто се мачи со никнување заби, башка и два три дена пред да добијам ми одбива да цица. Ама се нервирам, ја ставам на града она шмукнува малку гледа дека не и тече и си ја бара цуцлата, како да ми надојде млеко ако не стимулира. Инаку, веќе не сакам ни да се објаснувам со луѓе зошто навечер почна да вришти и да не се смирува со ништо. Се тешам дека се заби, или стомачето од нешто што јадела ама ова веќе не се трпи. Секоја втора ноќ она станува вриштејќи, па едвај ја смирувам ја заспивам и пак вришти и се така во круг. Се мислам да не е гладна поради ситуацијата со млекото ама она вака прави недела две уназад а мене ова со млекото ми е три дена. Се испокарав со маж ми, за него Антонија плаче од што некој ја урочил, не сум требала да ја шетам. За него и свекрва ми дете не треба да се изнесува по студов туку до пролет да седи дома. Вчера ја носев на кафе со две мои другарки, свекрва ми ме испрати со зборовите шал не и ставаш, а маж ме дочека со зошто не си и ставила шал, ладно е веќе. А Антонија хулахопки, панталони, чорапчиња, топлинки, боди, блузичка, јакна, капа и плус ќебенце за случајно да не е ладно во кафичот во кој греалките се над глава Вечерва со пријатели дома кај нас, иако јас сакав на плоштад барем половина час да го слушнам Дино Мерлин. Па така после работа ме чека спремање дома. Среќни празници на сите, се читаме и во новата година
фала фала да сте живи и здрави, мајкава заглави со спремање со ситници, ќе пуштиме сликички, слатка маса спремав сама бидејќи 8.000 ми беше многу, а имам идеи, и решив сама да ја правам а со парите ќе и купам се што и треба, темата ни беш е фламинго, имаше боди специјално испечатено со сликичката подолу, со сукњичка и џемперче, тортата од канела, беше биби и боби зошто ги сака и одма на биби и отиде главата со две раце ја фати, немавме многу дечиња, земав балони големи со фламинго многу се радува на балони и добро поминавне беше умна и мирна и ќе треба да се префрламе во друга група и најново од завчера прооде крофната сеа ќе правам колачиња и вади четворки наеднаш, весело пред нова година
Добар ден друштво, Помина годината која ми го промени животот, беше исцрпувачки но и највозбудливо, се разбудија чувства во мене за кои не сум знаела дека постојат . Вечер и ние во домашна атмосфера, нема да осетиме дека е најлудата ноќ . Да се пофалам дека бебе пред три дена почна да вика мама. Толку убаво го кажува, абе ме стопи, сега постојано ломоти мама мама. Не очекував толку да се израдувам, но преубаво ми е кога ме вика. @LoveHope , а и имаш ли дадено сама да јаде нешто? И мојата уште нема ниту еден заб, па ми е страв да и дадам сама, нема со што да грицне. Она веќе убаво џвака но ако има поголемо парче одма се закашлува. @Bupalu , лесни чекорчиња на малата, нека трчка сега Имајте убава вечер
Може и ноќен терор да е, интензивно преживување на дневните случки. Комбинирано со заби и скокови во развој.
Ние лани со една недела бебе си славевме домче со руска и кифлиња,оваа година цело време зборев дека мора да откачам да се изнапијам ама ете пак немаааа :/ сепак ќе одиме со друштво кај едни пријатели домашна атмосвера па нарачаа печено прасе и домашно црвено вино па и микрофон ќе има хааааа...Топ ќе им биде! ни пијам ни јадам месо..ама битно е да се дружиме. Ќе ја носиме дора кај свекрва ми на спиење,не спиела нигде уште од летоска кај мајка ми Годинава убава ми беше иако имаше шокови,нема да се жалам нели..Само јако! Ретко пишувам месецов,затоа на сите ви посакувам убаво да си поминете вечер кај и да сте,и многу здравје и среќа следнава година и дај напрајте вечер некое бебенце да не бидам самааааа!!! Хаха
View attachment 556488 View attachment 556488 да ве почастиме прв пат правам повкусни мислам дека не можеа да излезат сега уште да ги декорираме
Ние променивме план за вечер, ќе одиме кај мама, со брат ми и девојка му ќе си поседиме мама ќе го чува, па и ќе го заспие синко, јас ќе можам да поседам малку на раат после ќе го оставиме таму да спие некни за Св. Никола не го оставив, па сега си велам дека нема да го смениме планот. @Bupalu лесни чекорчиња
@Bupalu лесно да чекори малата Јас старата ја завршувам со полу откината пупка на града. Синоќа ме масакрираше и плаченка си заспав. И она сама си заспа до мене. Како ја почнав годинава така и ја завршувам очигледно. Од друга страна година која вечно ќе биде врежана во мене. Година во која ги доживеав промените на гола кожа сама со бебе. Сакала или не се научив на сите детали од раст и развој, тргнувајќи од нула со огромна помош од сите вас стасав до левел “мајка во најава”. Беше навистина тешка година, ги имав најсериозните психолошки падови до сега во мојот живот, имав два тотални крахови каде со саати седев сама во соба да си дојдам на себе. Многу солзи, страв и немоќ. Многу неспани ноќи и плачливи денови, бес, кавги и пререкувања. И многу љубов, поддршка и разбирање. Годинава ги добив најубавата насмевка и поглед на светот, никој никогаш така не ме погледнал и не ме стопил со насмевка. Го добив најмилото гушкање, најнежните рачиња и најтешките солзи видени во нечии очи. Денес 11 полни месеци е моето девојче. Најубавиот поклон за 2019 го имав, за 2020 ќе посакам само мирни тодлерски денови и многу трпение. Да ми бидете живи и здрави сите друго навистина е небитно. Освен бебето во животов годинава сериозно не приметив што се дешава во светот. Добив кола за поклон кога се породив во колата влегов после 7 месеци да ја видам каква е. До тој степен занемарив се оваа година. Можеби треба во 2020 малку повеќе да поработам на себе зошто сум како темпирана бомба. Полека полека си идам на себе али и за тоа треба време нели. Можеби и повеќе време за нас да не се губам како годинава бидејќи сакам да живеам со детето, а не за детето. Тука треба да сменам некои работи. Исто посакувам лесен почеток во градинка и на работа. Немам голема листа со години се чувствувам како да имам се после 2019. Си посакав и сама среќна Нова со едно мало поклонче: И за крај најзначајното за мене, еден дечко има роденден. Мојот жоже полни три години не радува и не исполнува со најголема безусловна љубов. За неговиот роденден имам едно бесплатно упатство како се користат петарди правилно за сите кои ќе ги користат вечерва: Имајте пријатни мигови и влезете со десна во новата деценија