Напишав огромен пост, кликнав некаде и го снема. Во кратки црти, фала ви на сите за поддршката оваа година, научив многу од вас и со вас. Да бидеме здрави, живи, и исполнети на секое поле. Имајте убава ноќ каде и да сте
Да ни е среќна Новата 2020 и да ни донесе уште многу среќа и здравје.Сигурно ќе ни донесе нови семејни предизвици и ќе ни ги тестира границите на издржливост,ама и незаборавни мигови на среќа и неизмерна радост.На сите мамички ви посакувам јаки живци,мирни ноќи,среќни бебиња/дечиња и послушни мажи.И плус уште некое бебче
Среќна нова другарки. Уште една година пред нас со нови предизвици и среќни моменти. Абе ве сакам, онака вистински ако не ве познавам лично и персонално
Нека ни е среќна Новата, само убавини да носи на сите. Бидете среќни и полни со љубов и енергија. Секогаш оптимистички приоѓајте им на ситните проблеми (големи да немате)
СреќнаНоваГодина. Да бидеме живи,здрави,успешни. Да си пишуваме и поддржуваме,да не бевте вие сигурно ке шептев по улици,од теми поддршка за бременост,до тука, навистина кога пројде и помина се. Нова годона,нови предизвици. @FreeMind деее од тој регалот чашка бапни и за мене. Нашиот дочек помина релативно мирно,син стана два пати со плачење ама он спие и плачи ли плачи,но еве ме почасти до 7 спиеше. И се давев во руска и кифлици. И сабајлево ке го средам па кај мама а јас ке се дотерам и на ручек со мм , редно е.
Среќна Нова друштво. Ние поминавме релативно мирна и пензионерска ноќ, славевме со сестрата ми и зет ми кај нас. Битно имавме руска и кифлички... и прскалки Битно издржавме до 1 ипол да ја анимираме будна, за да поседам и јас, зш бебе ми спие само на цицка и до цицка, а не е веќе бебе. Инаку за одбивање не се осмелувам. Овие денови дека со шетање денски подои немавме ич и пак вода не пие и пак слабо јади, ама битно им затнав уста на сите дека не јади затоа што се лажи по цице.
Исто со спиењето на цицка, нема промени и кај нас кај мама бевме сношти, беа и свекор ми и свекрва ми убаво си поминавме, опуштено, Ѓорѓи не смееше сите, од 23ч почнав да го заспивам, не бре брате, се тегни, плачи покажува за в дневна ко да ми велеше, мори кај ме заспиваш ти сакам со вас да седам, нова година да чекам, хахах и така се вративме, пред 12ч пак пробав да го заспивам, но не, пак исто, сами двајцата ја дочекавме новава, со огномет во комшии бидејќи не заспа господинов си го зедовме дома, пак не остана на поседок, во 1 и пол заспа и до 8ч сабајлево на 1 час стануваше на 1 ете така ме почасти синко ама мама сношти се напи некоја чашка бело домашно @FreeMind ова нема да ти се бендиса, излеговме надвор во 12ч, мачките сите растрчани, се кријат, кучето на стрико ми дојде кај нас в нозе да се крие, горе в комшии има мали кучиња, 2 дена се стари, цивкаја кутрите уплашени од петарди и огномети за грев...вчера и на инста и на фб споделив, но нема свест во луѓево.... Ви посакувам на сите среќна нова година, да си имаме помирни денови, за тие што не спијат, да почнат да спијат, тие што не јадат, да почнат да јадат......вие ми сте огромна поддршка и како што рече @BabyT* ве сакам, ако не ве познавам лично
хахахаха жено ме изнасмеа да не пукнеш Значи, стандард успивања со мрцварења, кога конечно заспаа сме заспале и двајцата ко заклани јагниња ...во 3 се разбудив т.е ме разбудија
А во тебе ми беа сите надежи дека ќе спукаш некој весел пост со фотка со све! @lackygirl да не пцујам уште од 1 Јануари простотилокот свемирски е сеуште на неандарталско ниво за да почне да се модифицира кон подобра форма. Амеби.
Среќна да ни биде новава година, да ги исполни сите желби, да не исполни со љубов и среќа, а пред се здравје. Да ни бидат здрави и живи дечињата и да не радуваат. Ве гушкам
Колку брзо одат овие фази сега некна што се вика стана, од вечерва лази па за било што се фаќа и станува како најлесна работа на свет. Оди по софа, ѕидови, бебево буквално лета низ стан. Струја. Тројца ја бркаме. И крижи мижи играме како дете игра те бара, се крие. Кога лази станува од место и буквално како да скака на две раце и едно колено и така оди. Не знам како да опишам очекувам во секој момент да се исправи и да тргне. Се пушта од софа до нас на еден чекор. @hello-kitty.90 до каде си со спремањето? Имаш уште два дена до големиот ден
Среќна нова друшки, да сме живи и здрави, да имаме убава година пред нас, со многу насмевки а малку ситуации за кризириње. Пред нас е уште една предизвикувачка година, да останеме силни како до сега, да се бодриме и жалиме, да си имаме убава дружба .
Девојки од што може да излезе ова? Незнам ни што е како суви ранички личат ама не се чешала или сл. дали од храна или не,се мислам да ја однесам до амбуланта
Беба ме почасти за почеток на годината со температура, вчера цел ден кемкаше, не и беше ништо интересно. Вечерта стануваше со плачки на еден час. Денес е за нијанса подобра, но уште има тт 37.5 и е нерасположена. Како да и се отечени непцата, но додека не видам запче неможам да бидам сигурна дека е од тоа. Се гледа дека детето го мачи нешто. Друго нема ниту кашлица, ниту затнато носе. @lackygirl и сите останати кои ви стануваат децата на еден час ноќта, па и пократко, ви симнувам капа како функционирате. Ноќта ми се виде како да трае цела вечност. Кај мене по обичај станува на 2-3 часа, не е дека ја спие цела ноќ, но ова беше исцрпувачки . Плус и денските дремки вчера и денес и се по пола час, гревче е кога ја гледам и неможам да помогнам.