Моево дете сега научи да гали, ама гали гали и ќе ме зџапа со нокти наеднаш. Многу сум на штрек кога ме гали. Како да не може доволно љубов да изрази, па удри мујо.
@Happyinlove и јас и го чистам со физиолошки носето. Овие три ноќи ја ставам на перничка мала да спие за да може да дише. Синоќа конечно се наспа и таа а и јас. Ја подреков за јадењето, од сабајле не сакаше да јаде само да цица, сега некако подобра е, се надевам ќе почне да јаде. И конечно нема тт. Запчето испадна, тропка на лажичка . Не ми се веруваше дека може толку да се радувам за еден заб . Да порасне убаво и ќе правиме колачиња .
Ние денес не сме баш најрасположени... Нејќам да мрачам ама денес и се осеќам преморена, без енергија, ненаспана (ноќеска не можев да спијам се будев неколку пати) и на сето то ја ранам за ручек бебка и ја изеде цела количина 130гр кашичка од компир и тиквички (домашна само за мера ја истурам во тегличка). Тоа супер. Ама покасно како и беше тешко, се црвенееше, па почна да повраќа. Се мачеше така два пати. И заради тоа имавме кавга со мм. Како и сум давала голема количина, не сум знаела бла бла .. Ептен ме изнервира. После објаснување, мубети сфати дека не треба така да се понаша, ама џабе од ко ме изнервира. И ете така тука да си кажам, да ми олесни. Сега е бајче, се врти околу мене ама не е тоа муабетот. Ме нервира неговото избувнување во моментот. Патем, по колку количински давате од кашичките кај 6м бебе или колку сте давале?
Во двете ноздри ставам по 5мл (малата е скоро 1 година, ако е помало бебе би рекла помалку да ставаш, јас почнав од пола мл па полека зголемував). Докторката ми рече легната на страна, да затворам една ноздра и во другата да шприцнам набрзинка. Така ќе се испере према грлото зошто на малата многу и се слеваше наназад и кашлаше од мрсулите. Иначе само за затнат нос исправена додека стои шприцам во една ноздра и истекува од другата заедно со мрсулите. Така и го перам носот пред спиење за да полесно заспие, некогаш и пред јадење ако одбива да јаде зошто тешко дише. Страшно изгледа сево ова, никој не сакаше да и го прави ова додека јас сум на работа, ама многу е ефективно.
Ај кој е во тек со скоковите да ми помогне. Јас ич не сум зошто освен 4от и малце 6от, многу мака не видов со скокови. Малово е 51 недела, ама корегирано 48 недела. Три дена беше болна, и сега два дена е лепенка за мене како да сум се вратила од печалба. Ако нешто не и е по кејф, само сака да ме гушка. Татко и ако ја земе, плаче како да е некој од улица, и сака кај мене. Дури и да ја скарам за нешто, пак во мене утеха бара место да ми се лути. Дури и палецот го цица повеќе, од мала го цица за заспивање, а овие два дена постојано ја занимавам за да не и е во уста. Детево не го познавам. Многу самостојна си е од секогаш, не била лигава, си игра сама, не е врзана за мене во смисол кога искачам од дома да плаче по мене. Спие нормално, јаде помалку ама има една двојка на повидок, мислам дека од тоа е. Да речам дека е ова скок и да го издржам, или разлигавена е дека беше болна и сите по газот и трчавме прошлата недела? П.С. не цица воопшто од св.Никола, и до сега не покажуваше дека нешто и фали тоа, ниту пробувала да ми чепка под маица да бара да цица.
И мојата е иста, само кај мене сака, кај други 5мин ако не ме гледа, а ме виде или слушне одма се тегне на кај мене со плачки со се. Јас препишувам на скокот. Цицањето е кај нас многу зголемено навечер ама тоа па мислам дека е од забите 4ки вади. Од кога ги вади веќе Тек почна скокот нека ни е со лесно
Мајки јас пак на истата тема. Сменив секакви креми со цинк, значи Судокрема, Цицапласт, на корин де фарм, фризидерм. Сменив 3 различни пелени сега сме на Пуфис. Испитавме урина, чиста е. Од кога сменив пелени некој 10 дена супер и плус ставав павловичева и се изненадив колку се среди, еве денеска пак осип,црвени брунчиња. Влажни не користам веќе 3,4 месеци, миам убаво, оставам да се исуше и плус забришувам и пак ништо не помага. Дали е од изметот? Незнам веќе од што може да биде ама жално е за гледање. Матичната вели дека е нежно детето и дека ќе си тераме вака целовреме, немало решение, аман.
Не ви дале некоја медицинска крема? Јас го имав овој проблем скоро 2 месеца, ги пробав сите креми за пеленска регија, и после педијатарот ми даде кортико крема, па антибактериска и антифунгална, и тогаш се реши.
Јас сум задоволна од Веледа за пеленска регија.Кога имав таков проблем од неа се среди многу брзо.Пробај ја.
Последен пат мм кога купувал му ги понудиле цицапласт и таа на велдеа ама таа му ја дале како подобра. Ќе а земам и таа ќе а пробам. Туку како да и се навикнува кожата на кремите. Цицапласт помагаше првите 3,4пати после воопшто, како и сите други што ги пробав.
Исто беше и кај малата со кортико, ќе помогне и штом прекинам пак се вцрвенува. После ми даде педијатарот антибактериска сабајле и антифунгална навечер, комбинација, за 4 дена помина скроз.
Проблемот е тоа што со секоја наредна столица,пак се инфицира.Секој си има некое свое искуство со кремите,ете тоа е моето.Некој пишуваше и за друга крема за потпарено или така нешто,ама немам искуство со нра.
Имам еко пелени ако зборуваш за тие од Лана? Да пробам со нив ама па немам ни за една ден. Сама јас неможам да земам таква така сепак е терапија. Матичната кажав што вика да си тера така детето со осип таква и била кожата.а како да ја оставам... Да имам забележано кога има повеќе столица се прави многу лошо, а не ја оставам одма пресоблекувам. Штом ти помогнала ќе ја земам и таа сега да а пробам.
@BabyT, да на тие мислев. Незнам колку се потребни за еден ден. Колку имаш?? Да си доземеш од оние бабмусови влошки за внатре што се за менување само
Мене педијатарот ми ги препиша, нормално дека нема такво нешто на своја рака да мачкаш. Ама кога и кажав дека 6 различни обични креми пробав, самата докторка рече мора да се проба нешто појако. И јас коростев и еко пелени, и пробав и различни обични пелени, и ја миев со вода на секое пресоблакање, џабе беше додека не ми препиша педијатарот тоа што треба. Скоро 2 цели месеца беше со црвена интима.
Ништо ќе и пишам пак на матичната ќе бидам упорна да даде нешто, последен пат кажа само подебел слој судокрема. Кај не помага па и колку е здраво 3м постојано да ја шлапам со цинкова маст. @srekice само 2 ги земав за одмор тогаш, а јас и мењам 6,7 пати