и ние сме исто јас све имам користено што постои сега на крај со цикабио од биодерма и со бебантен неизменично се смири и плакнување со хиперманган иначе и јас мислам дека преку измет кога јаде овошје се црвенува осетлива кожа тоа е ние имаме атопична кожа
Ме потсеќа на скоков што помина до 47 недела секогаш е две плус минус. Тој беше изразен таков лепак стил. Во новиот од 51ва ќе има само плачки и нема да и погоди никој ништо. А може и едноставно да и недостигаш
Еве денес со бабите среќа не беше таква, цел ден си играше. Влагаме дома, одма ми се обеси на врат. Испи млеко и заспа одма. Се дури спие ноќе, се ќе трпам. Може сега дека бевме цел ден дома за празнициве па си користи. Ќе видиме утре на работа додека сум како ќе се покаже. Се надевам дека и беше мачно од температурата, па само тоа е. Ако сега на 1 година наеднаш почнува да се лигави, ќе се изначудам.
Да и јас претпоставувам дека е од тоа. Матичната ни препиша алфодерм 1 на ден,ќе земам и хиперманган, а и сакам да пробај кога ќе ја осетам дека кака да ја ставам на нокшир. Знам рано е ама барем да не се прави вака. @FreeMind вас како ви е со нокширот ситуацијата?
Никако. Ја ставам секој ден по 15 минути али не е воодушевена. И ја ставам масата од чико пред неа да си игра. Ретко успева да кака во него.
Значи да не очекувам многу. Јас си имам замислено кога ќе ја видам да кака, брзо да ја расоблечам и седнам, а колку ќе биде тоа којзнае.
Малата уште има црвенило на вратчето, на едната половина уште. . Пробавме со пудра, со канестен пак не поминва. Се намалва ама не исчезнува. Совет, помош некоја? Да намомена од витчињата на вратчето и е, како шо си расти и се издолжува.
Мајки за дечињата кој веќе одат. Кога почнаа да стануват самостално без да се држат? Дали пред одење или после? Мојата дава чекори 2,3 ама сама не станува.
Моево не се има в пелени покакано ич скоро 3 недели јас го издржувам, штом го сетам дека му се кака, а ми кажува тој, стега и ми се пули в очи, го слекувам, му го мачкам газето со невен домашен со сало правен, го држам дури не се покака, тоа е 2, 3 мин, мнооогу големи каки кака она во пелена нема шанса да го извади, мајка ми го навикна така и двете така го издржуваме, а свекрва ми го држи на нокшир и не е секогаш успешно. Можам да речам дека оди синко, сам без држење 1 или 2 пати ако има станато, ама од нога седнат од кај мене, незнам како се смета одење, не е уште стабилен ама прави сега 4, 5 метра ко ништо.
Значи има надеж како што планирам чекам мм да ми донесе нокшир па ќе пишам овие денови како минуваме.
Мојата многу брзо сама се исправаше без да се држи. Пред да прооди баш и тоа го правеше, пробуваше да се исправи, нели, не успешно. Од кога прооде одма беше прилично многу стабилна и не паѓаше. Одма почна сама да станува стабилно и да оди т.е. трча (моето протрча, не прооде) Ама никогаш не ја исправав јас сама, за да ја стимулирам да оди, секогаш сама се исправаше кога се држеше. а кога прооде, веќе можеше да стои сама, само не сакаше да тргне. Инаку мислам, првин проодуваат, после се исправаат сами - кое одма, кое понатака.
Значи да не се грижам. Јас не ја исправам никако секогаш ја оставам сама да си најде место да се фати и исправи и сега сосема случајно гледав една емисија каде што детето само станува, а не оди.
Абе секое дете своја политика. Во што се осеќа сигурно тоа ќе го прави. Не се грижи, се ќе си научи кога ќе му дојде редот.
Кај мене од денес ги пушта рацете и сака сама да стои. И игра рипа во место. Чекори покрај софа и учеше од стоење на коленици да клекне. Тоа убаво го извежба, како да сака да се пушти сама али рано и е вака од страна ја гледам не е стабилна а се залетува. Се мислев тука на @srekice и на @Happyinlove @thinkerbell да им залепам една слика али ај си викам можам и боље да сликам Леле се преродив!
Вчера една денес две. До 31 треба да извежбам добро. Главата тапан од една чаша цигарата ја одложив ќе чека да се стабилизирам некако не ми држи снага да пафнам ќе паднам во несвест.
Chin chin! и јас да се пофалам за нова година се опуштив со неколку чаши винце. па не му дадов да цица два дена. И вториот ден вечерта му дадов пак. Ептен беше фино
Кажете ми ефикасно средство за флеки. Откако почна бебка со каши, мака мачам со отперување и ништо не ми помага од досега испробаното. Поготово морковот и тиквата ништо живо не ми ги вади.