Јас успевам само кога ќе се извалка одма соблекувам и ставам сјај на дамката да постое до утредента. Ако ја оставам да се исуше зависи од што е ама ретко излеват со арис де грас. Али со сјајот дефинитивно ми е нај ефикасно.
Фрош за флеки, малечко шишенце. Речиси се има извадено до сега, дури и да стоело некое време. Го ставам фрз флеката и го оставам до перење. Ако е сува флека, може два пати да го киснам и перам. Генерално сум задоволна. Ама флеки од морков мораш барем да плакнеш одма, зошто стварно се многу тешки за чистење.
Кажете ми какви капки или спрејче за носе да земеме? Ни шушти носето од сув воздух дома. 8м полниме за 2 дена
@flower55555 aqua maris baby можеш да земеш. За флеки @*Sara* пробај и со omnio bianco, стави одма на флеката и остави да постои. Обично вади се, освен ако не е многу засушено. Јас да се пофалам, малата веќе трета ноќ како станува само еднаш за цицање . Колку било убаво да поспиеш 5-6 саата сврзани. Се надевам нема да смени пак. Или евентуално нека смени ако сака и цела ноќ да ја преспива .
Јас го зимам спрејот, трае а и подобар е за секретот, распрскува на секаде. Ако не го отвори, смени го.
На него пишува од 6-7пати дневно, така да не е штетно, исто е како другите само е под притисок. Јас знам ампулите како синомарин, исомар дека треба да се користат најмногу 24ч,потоа дека се загадуваат и се фрлаат. На капките си пишува 3 дена. Спрејот е дефинитивно нај исплатлив и функционален.
Мајки бебе никако не сака да стои на стомаче. Едвај 4 или 5 минути и тоа на крај со плачење. Играме со него, играчки му ставам, буквално се пробав и никако не ни оди. И на тепих долу не сака. Не се ни врти на страна, а многу малку му треба. Матичен ни вели од тежината е ама што знам... Гледам деца се исправаат на 9 месеци, ние сме 6 и пол а уште не сака на стомаче, не пак исправање.. Не би да споредувам со други само ми е страв да не касни подоцна во развој... Имате ли некој совет?
Да е до килажа не е, ќе ги спомнам на Фри и на Лаки децата со поголема килажа. А тебе ќе ти кажам остај нека плаче за негово добро е. Денеска 5мин утре 6мин, мора така се ојачува мускулатурата. Мојата ја ставав од 2недели на меше, почна да се превртува на страна од 3месеци, не е за споредба ама сакам да ти кажам дека многу битно е да се става на меше.
На кашичката на Хип од банана, пишува содржи лимонов сок. Да дадам прво да проба, пошто е цитрусно овошје, а моето нема пробано или нема потреба!?