Какво заспивање и отварање на осмиот скок. Вака нема плачено од грчевите кога и беа се мава од спална со главата, цепи грло, очи и паѓаат не бе бате она плаче саат време. Со се пробавме да ја смириме и така плаченка со липање заспа. Многу ме вознемири ако е вака со недели да уклучам диазапам. Гарант ќе станува да плаче цела ноќ.
Не е за лајк ама за подршка Со успивање има ли мака? На мојата главата и паѓа и не сака никако да се успие, на крај завршува со крокодилски солзи
Од кога ја одбив лесно заспива навечер. Ја пуштам приспивната прокемкува една минута се врти лево десно и заспива. Ова вечерва прав хорор снемува воздух се дави поцрвене цела како пликови околу очи од плачење дури и се покака. Па миење среде церемонијално плачење и уште толку почна да плаче. Страшно за гледање.
Тоа е, почнало и кај вас Еве веќе неделата си тера од кога е вака за успивање, немам нерви, ја зимам во раце ме турка и плаче, ја оставам на кревет исто, плачки. Капаците на очите и паѓаат и и се лепат. Мајка на годината ама ќе си кажам дека само со песни се успива додека гледа
Што да правам, што да давам. Мака со забите, ниту еден нема ама ја боли многу. Вреска, плачи, иди кај мене мама мама, ајде ајде... И мама едвај се воздржува да не се расплачи, ајде мама лошо запче, уште малку ќе излези. Мачкам дентинокс и на фризидерм, наизменично. Пика прсти, ги јаде нив. Ме спобудале. Неможам да и помогнам никако Навечер не спие, плаче, кенка. Незнам како функционирам ниту јас со 2часа сон. Ми се плаче..........
Еве го 2 пати пробавме да го заспиваме со мм, не и не не сака, плачи ли плачи, неможам значи на нерва ми оди па и носот му се растече.
Еве и мојот само што заспа Колективно неспиење Откако влезе во 8 скок ми смени од заспивање во 9,во заспивање во 1 или 2. Имаме уште 1 недела,се надевам ќе се врати во нормала
Znaci ne sum sama so nespienjeto.. place, pisti,oci poteceni,mize, cesa oci, lipa od placenje i nikako je se uspiva, znaci nikako i na nikoj nacin. Glavata mi e tapan...mi se ide dzejnem da fatam
Аман бе жени ме плашите. Во која недела ви се случува ова? Ние сме влезени во скокот, ама уште не сме кај громот во 53та недела. Сега почнавме 52ра
50та од денес. Кај мене секогаш ги манифестира една до две недели порано. Не стана, а и што ќе стане колку беше уморна.
Здраво девојки Имаме проблем со сува кожа од раѓање, ја потсредивме со маслена купка и јекодерм. Ама од кога почна студов, образите му се пресуви и жар црвени. Секој ден по два/три пати ставаме јекодерм или крема од чист невен, никако не му се подобрува. Имате ли позитивно искуство со некоја детска козметика за вакви случаеви? Ви благодарам
Ако си сигурна дека е од забите, дај пола доза сируп парацетамол пред спиење. Ќе помогне да поспие малку.
Мојава е точно на громот во 7ми скок. Значи како по книга и се скоковиве. Многу напорно, многу. Среќа помина вриштењето навечер, па пак си спие по старо. Преку ден многу немирно спие, ништо не и е погодено. На трепки да застанам досадна ќе и бидам. Туку друго. Дете се разјаде нешто. Почна насабајле по 250-60 грама да јаде. Ручек исто. Вечера околу 170-80. Вчера за појадок изела 280гр. Се џапала по јадењето. Ручек риба, ориз и зеленчук (и четврт чешне лук) за 20 мин излапа. Па си смрткаше после на лукоини. Сега па се плашам да не и е многу ова јадење. Да не и проширам желудник ? Колку отприлика јадеа вашите на скоро 10 месеци? Изненадена сум скроз. Од борби и фрлање јадење, преку ноќ почна да јаде еве веќе цела недела.
Нека си јади, ако не и се јади ќе ти плука, секое бебе е различно, неможиш да споредуваш, а и греота е да го оставиш гладно моево си јади цел ден, сака, бара, има периоди кога не јади, е тогаш мн ми е нервозно. Сношти во 1ч заспа синко, значи нејќеше ни цицање, ни нишање, ништо јас при крај со нервите, беше една ноќ од "оние ноќи" кога ми иди да го фрлам од тараса го оставив да лежи до мене и после 5 мин плачење ЧИТАЈ РИКАЊЕ КО МАГАРЕ заспа сам, стана во 3 со плачење, презаспа со цицање, стана во 6 и пол со плачење и од тогаш не презаспа. Носот му течи, аман веќе Јас на работа
@thinkerbell нашите се сменија . Мојата од гурманче сега јаде без желба и сласт. Количински јадеше како ти што имаш пишано, но веќе една недела јаде напола од тоа, и хранењето трае по повеќе од пола час, за разлика од претходно за 10 мин беше најадена. Па ајде цртани, па занимации, за да го дојаде оброкот. Така да уживај додека јаде, тоа е многу полесно. Се надевам ќе се вратиме на старо. Во последно време сака да и давам со рака, и да стои додека јаде, многу се нервирам. Упорно ја седнувам во хранилка и нудам со лажиче. Ич не сакам така да одам по неа, па ронки насекаде, плус она цела намачкана . Сама уште не сака. И давам во рачето, она ги гмече и фрла. @Nalla пробај со биодерма атодерм. Секое дете е различно и секоја кожа различно реагира, треба само да се најде соодветната крема што ќе му одговара и ќе ја хидрира кожата. Обавезно мачкај пред да излезете надвор. Уште не сме стигнале до 7 скок а читајќи ве, ме фаќа паника за 8 скок. Дефинитивно треба да се припремам да се одбиеме пред да влеземе во тој скок.
Мојата како започнува скокот така се забележуваат промени, којзнае каква ќе биде на громот Вчера крајно во 1 ја успав и тоа пеев онаа наајавата кога влеваат младоженецот и невестата (там там тараммм) Преку ден е супер весела, разиграна, а дојде време за спање ме фаќа страв. @lackygirl 3ден од кога кака во нокшир
@BabyT* што направи со црвенилото? И мојава е од вчерс црвена, можно ли е да е од рота? Пелени не сум сменила