Ништо уште се мачиме. 4та ден мачкам Афлодерм и не е поминато. Миам со хиперманган 1 на ден. Малку е засушено ама црвенилото уште стои. Од рота знам можна е дијареа ако имала можно е да се вцрви.
За капење користам биодерма атодерм уште од 2 месеци, супер е купката, сега почнав со биодерма атодерм млеко за тело, за 2, 3 дена одма подобро, на нозете почна мн да му се суши кожата, црвенило се појави, пред тоа еуцерин имав ама тој не помагаше ич. Ако е многу лошо ставам и мелем од Скендер, тој е најефикасен, но ако велат дека е природен, 100% сигурна сум дека има кортико. Еве слики од назад нозете, малку е матно, во живо поцрвено беше.
Дали имаш забележано од што му се активира? Јас од почеток користам биодерма купка и млеко за тело. Многу ретко и и излеваат лишаи и тоа ако не мачкам редовно од млекото. Сега последно и испадна под око баш е како помодрена. Претпоставувам е од ладниот воздух. Користам на бејбилове за ладно ама изгледа не брка работа.
Нз да ти кажам едно време мислев од јајцата ама се домашни од кај баба и дедо, природно се хранети кокошките, сега и од ладново, нз стварно, синко има повремено вака, а јајца јади 5 пати неделата. Исто и на челото му се прави егзема, лице го мачкам цело време со еуцерин атопи контрол, ако е повеќе изразено мелем.
Да многу е тешко да се открие од што е. Пример кај мене знам од млечно е, ама некогаш кога јадам многу нема ништо, а некогаш ќе и збуфне на некое место. Веројатно многу фактори зависат.
@lackygirl, @BabyT* како што читам по групи и форуми, секое второ дете има иста мака. На моето пак му се направи на вратчето и на нога. Џабе и креми и се. Навечер се повлекува, од сабајле пак се прави.
Синко почна суво да кашла, го дразне грлото изгледа. Кажете некој домашен лек додека го однесам на лекар?
Греен шеќер ни даваше баба ми. Ама твоево е бебе кој знае како ќе испие топол шол. Стопли му млеко ќе му олабави кашлица. Малава има нов ритуал за спиење навечер. Од една на друга страна ни мава шамари со сета сила, не корне за коса, нос и уво и така заспива додека ние претепани се преправаме дека спиеме.
ме изнасмеа од сабајле, вака дека многу наспана нека ме тепа и мене само нека спија. На моево му течи како чешма носот. Ноќеска само се вртеше, кај не спија сега уште повеќе станува. @happygirl горен шеќер и после млеко и малку маргарин се става, незнам колку треба да се гори шеќерот, еднаш пробав сама го прегорев иначе свекрва ми ми правеше дури бев бремена, многу беше вкусно и помага.
А преглед на синуси и чистење на забен камен ви прави ли?!! Ако не, тогаш кај нас на специјализација да ја пуштиш
Да не ви е сув воздухот дома? Ова со млеко и шеќер можиш да му го направиш ама пак однеси го на лекар. Мојата така го зацрви грлото ептен се мачеше,одбиваше дури храна.
Добро, да ме утеши некој дека оваа фаза на, не јадење, не пиење вода ќе помине. Само да цица, неможам нерви неамам од пичвајзов веќе Само се буни, сегде да е со мене.. Што ќе беше ова ја незнам А уште не сме во шести скок. Навечер се буди, бара да цица, како да има месец дена
Кај нас е одамна вака Јас му вртам грб и се преправам дека спијам а мм се навикна па не му ни смета веќе и си спие додека малиов се изживува врз него. Сега малиов ни приредува нова претстава овие денови - плачење по тато. Мислев дека додека плачеше по мене не се поднесува ама ова полошо било. Кој иритирачки глас кога плаче човечее . Не го пушта ни до вц, кога ќе си дојде од работа си има лепенка. А мм само ми вели па сега зошто плаче, што сега да му правам. Само нека помине брзо и ова. Ужас невиден.
Користи некоја за крема/млеко за тело за бебе??? Јас со ништо не ја мачкам. Па не знам дали да почнам. Не и сува кожата, ама сепак.
Јас од коа е роден го мачкам со млекото за тело на мустела. Задоволна сум. Супер е. Зимно време го мачкам после секое бањање (се бањаме скоро секој ден), а летно време ретко го мачкам ради топлото.
леле Лаки исто сме,беа потполно исти вакви како лишаи и се повлекоа со Еуцерин,после 2 дена повторно се појавиа и многу по црвени беа..ме фати страв ја однесов во Козле,и правеа крвна слика топ,рекоа дека е од облека од синтетика 99% Дора имаше/има само по нозете одпозади,бидејки не лази само се влече со газот и така ги разранува ако имате само по ноџињата да знаеш дека не е од храна иначе исто мислев од јајце дека првпат и дадов цело варено,ама не... имав за роденден добиено поклон едни синтетички пижами ги исправ и ги носеше,и сумљам на нив... ми рекоа да продолжам со еуцеринот ќе се повлекле демек и да купам купка еуцерин мрсна и да ставам во коритото по 1,2 капки,па баш ќе видиме
иначе за спиење после 8миов скок се среди се дај боже да си остане вака да видам и јас раат зошто со второво стомаче се потешко ми е станувањето навечер по 10 пати 8ми скок беше хорор,од 4,5 недели таму колку и да трае,две беа навистина хорор како заврши така детево спие од 9 вечер до 9 сабајле онака сме со мм wowww се молам вака и да остане жими се,еве точно една недела спие така имало ден за нас само да не не за*бе пак хаха