Не си прочитала, и ние исто така изреагиравме на морков ваљда. Со црвени образи, но тој ден бев и надвор а беше ладно, а деца со атопична кожа не сакаат ладно. Може и од пестицидите во морковот ко што пиша Фри. Еве дадов после месец ипол морков и ок е. Нема ништо. Не сакаат ни топло ни ладно децата со атопична кожа, тоа приметив.
Мами, дали вашите 6 месечни бебки гледаат цртани? Му пуштам само пола саат колку да завршам нешто низ дома. А застанам пред тв или му исклучам пиштиме, ама за брзо се смирува..дали лошо правам што му пуштам да гледа? Совет некој или нешто слично..инаку Маша и Медо гледаме...
Јас не и ги гасам нагло. Ја заигрувам, не ја интересираат веќе, па менувам. Реално, и мене некој нагло да ми смени канал се нервирам. Инаку пуштам исто како тебе, да завршам некоја работа.
Мајки до кога трае фазата станување во 1-2 по полноќ, играње до 4 и секој обид за успивање трае пола саат минимум со вриштење? Значи ја оставам да се умори,се умирова што и е знак за спиење и почнувам да ја успивам и прво си легнува во раце па после сака да стане, ме бутка, сака да се исправи и цело време кенка. Помина вирусот, остана вадењето на двојките и е неподнослива. Цела недела се буди ноќе и седи будна минимум 2 саата, расположена за игра, и ако не е по нејзино вреска. Кажувајте чаре, не се издржува ова Башка 48 полни недели, изгледа скокот порано не фати?
исто и ние сега е 50 та недела од 48ма недела секоја вечернстануваме по 3 саати играме одбива да заспие и денски и навечер секој пола саат цица скокот од 51 недела треба да почне ама изгледа порано не фати уште сме исти:/
Јас имав и уште имам една мала ламбичка е ваљда, само во штекер иде, во ќош. Колку да не се утепам до креветчето. Мала е колку штекерот и пригушено свети. И не директно.
Кај мене е премногу темно. Јас буквално не го гледам детето дека е во кревет. Ми стои позади столб, само колку осет да имам. Или некогаш пред врата од нејзината соба.
Целосна темница со бели звуци. Летоска плус алуминиумска фолија ставав на прозорот за да не ми свети ич зошто спалната гледа на исток. Овие две работи мислам дека огромно значење имаат за цврст и долг сон.
Спиеме и ние со пригушено светло,ама се мислам да не е премногу светло ( отприлика светло има како со вклучен тв е,кога се друго е изгасено ) Претходно се будеше често,а сега капак ба тоа,знае да се разбуди,цица и е спремен за игра. Станува и се игра по 2,3 саати. Да пробам да намалам со светлото или да го исклучам скроз,ама па да не се плаши ми е.
Ние спиеме со ламба и е баш светло. Бебе преспива 12 часа ноќе цврст сон. Не мислам дека е до темното, како ќе го навикнеш. Сакав да прашам дали ги доите вашите малечки ноќе? Синко се почесто се успива без да стане ниту еднаш за доење ама јас го будам, мака имам со млекото после, а и мислам многу е мал да биде цела ноќ без подој. Плус насабајле прво јаде, додека дојде време за сисање ќе качам и тт и грутки ќе станам. Незнам што да правам...
Јас се грижев дали ќе се плаши али се испадна добро. Во целосна темница. За заспивање играчката прави ѕвезди на таван десет минути и музиката и е 15 минути за тоа време заспива. Изгаси и не му станувај смени го тоа. Една вечер ќе плаче втората нема да плаче. Значи ноќта штом се разбуди остави го и преправај се дека спиете. Смени му ритуал, смени соба за спиење, страна, светло и од таа вечер не станувај ноќта. Послушај ме и пробај три вечери во прашање се и ќе видиш дека ќе прекине. Купи му ваква бебешка кутија има на чико со ѕвезди и приспивна за почеток и почнувај со нов ритуал. Кога станува сега и го подавам шишето со вода пие и пак заспива. Не им верував на другите дека со вода ги презаспиваа еве кај мене успева 100%. Инаку скоков е многу тежок. Дури светло не се гледа на крај на тунел. А толку работа имам деновиве главата не знам каде ми е. Нека мине побрзо само. Сите по мене спремајте се за навистина жесток скок. Вакво плачење досега не било, ова е хистерично плачење на разлигавено дете. Немој случајно да и земеш нешто од раце од земја се мава од плачење. Само трпение....
Јас од старт сум вака, не сум имала проблем да се плаши, ама од секогаш била во темница. Можеш да пробаш, ама реално кога детето е научено во посветло, мислам дека станувањето да си игра е повеќе ако ти го анимираш отколку до светлото. Кога ќе стане ноќе едноставно нема контакт, ако ептен мора цицање/пресоблакање, тоа се прави без збор и одма назад во креветчето. Ќе плаче некое време и ќе заспие. Моево преспиваше 6+ саата на околу 2 месеца, спиеше по 12 саата на 3ипол месеца. Млеко имав многу, дури и замрзнував, ама ноќе не сум ја будела ниту јас станував заради градите. Нема потреба да го будиш, ќе се навикне организмот.
Не го буди детето ако спие цела ноќ. И гаси тоа светлото, спијте во темно, му смета светлината на сонот.