Позади креветот имаме лед лента залепена, мислам дека повеќе е ради мене отколку неа, за да можам да ја видам што прави кога ќе се разбуди П.С. знам дека мамам, не сум веќе за тука ама да споделам радост од сабајле малава синоќа многу добро спиеше, само да не ја подречам. Дури не се сеќавам дали се разбуди еднаш или ни еднаш. Иако заспа во 11 и кусур (нешто изводи деновиве) ама поарно така отколку да се буди 15 милиони пати
Срце, во маалски дучќани има штекер сијалица, дискретно светло. Колку да го гледаш детето, работи само на сензор кога е темно. И ефтино е, некои 80 денари.
Сум пробала да не реагирам откако ќе се разбуди,почнува со кенкање а завршува со вриштење и затајување од плачење ( ова еднаш пробано,пак не би можела) Добив и книга од Спиди за тренирање,ама едноставно ниту јас можам така,ниту луѓево околу мене Скоков 8 ми теоретски го завршивме,ама у пракса уште трае Благодарение на овој скок ми смени време на заспивање и на будење,заспива во 1,2 станува во 10,11. Претходно до 22 веќе беше успан. Разлигавен е до бескрај,лигле бебе,се по негово да е,се да пипне,земе,секое крило од кујна од отвори и секоја фиока да ја извлече. Какви смешни фацки поалени прави кога сака нешто да добие... Постојано вика по мене,не смеам повеќе од 50 цм да се одалечам од него,ниту до кујна,ниту до вц. Кај други во раце неќе,ама кај мене сака. Ноќе почна да се буди и да си седи. Ниту му зборувам,ниту го анимирам,се буди,му давам да цица и одеднаш станува и почнува да збори и да се заигрува,нема шанса да го ставам да спие,додека не се " поигра" 2 саати,а нема играчки,онака безвезе си се занимава . Ново е што потстанува,сеуште не успева целосно да стане,на колена станување му е усовршено,а целосно стане,се поклати малку и паѓа. Инаку се разбира кога му се збори,ако го прашам дали ќе се игра со топчиња се смее и се тегне по нив,или дали ќе вози авто,се врти по него,или ако го прашам дали ќе правиме кафе ме влече да го земам и ме "води" накај кујна. Значи овој скок МОРА да се издржи, среќа го истуркавме некако,ни останаа уште 2. Читам по темите за тантруми уште сега се замислувам како ќе ги поминуваме,со оглед на тоа како ни е со скоковите. @srekice имам таква една бубамара,баш дека е пазарска ми е страв да не ми пукне на сред спиење. А и мислам дека повеќе ќе му одвлекува внимание,да види што е тоа ситно,што свети
И ние имаме на спалната назад лед лента, таа свети, пробав со изгасната не сака, моево се плаши од темница, а некогаш и од спалната соба се плаши не прекинува со плачење дури не го однесиме в дневна. Не вчера, завчера стана во 3ч и до 5ч си седеше. Се преправав дека спијам 30 мин @FreeMind и ништо не упали кај нас, само се разлоши уште повеќе и се рассони Еднаш спие 5 часа, еднаш 7ч, друг пат на 2ч станува
6ти скок, втората недела ја почна, ама овие два дена уназад скренав. По цел ден ми е в раце, немам никаква енергија Ни јадена, ни спана, плус без расположение. Си велам утре ќе биди подобро. Гледам сонце на табелата за една недела, то е надежта!
@Makedonka007 колку недели сте вие? И ние сме на 10 дена од 6-ти скок, ама по се изгледа веќе е у фаза на предигра Чинам коси ќе кубам до март, кога официјално би требало да заврши @hello-kitty.90 е такво. Наше е куќарка. Малово еднаш го загледа и не го регистрира веќе. И не се плаши, не пука. Си работи месец - два и прегорува
Исто беше, од станување до повторно заспивање два саати минуваа, е сега, дали тие два саати ќе си игравме, дали ќе се нишавме, битно по два саати ќе заспиеше, едноставно тогаш ја фаќаше дремка пак. За да се остави да плаче не сум никогаш, ништо корисно нема од тоа, ниту сум го правела ниту го препорачувам на некој. Тешко ни е ноќе зашто имаме многу обврски, ама родителството е и ноќе, не може да се исклучи. Ќе помине, помина и нашето, и тоа што се не помина ехееее, најмногу сега им работи мозочето, затоа и будењата се чести, ама се смируваат.
Не превривај никаква вода. Никогаш нема да ми биде јасно зошто превриваат. Пример чешмовачата вода содржи многу натриум, кој им е тежок за преработка на бебињата (затоа и се одбегнува сол до првата година). Со превривањето водата испарува и всушност само се зголемува концентрацијата на цврстите елементи, така што само полошо се прави. Превривање не е исто со дестилација.
Прашувам зошто ги разгледував водите во маркет, и на водата под Бебелан пишува после 48 часа од отварање да се преврива зошто се губел квалитетот на водата. Земав Јана Baby.
Количеството на натриум внатре е за возрасни. Се додека пие две голтки давај, но ако зголеми подобро земи бебешка до 1 година.
Сегде пишува малку А што е тоа малку не знам. Па верувам не пие многу малата твоја најмногу 10мл на ден?
Ве читам цело време за 8миот скок и го чекав со страв ама ништо не бидна. Еве го поминавме и громот (а секогаш го фаќаше една недела претходно). Изгледа голема среќа имав. Толку многу е зафатен со одењето што нема време ни да плака ни да се лигави по мене. Освен што цела кујна ми е во спална, а во кујна во фиоки наоѓам чорапи и лего коцки во пактики, друго дешавки нема Еднствено вриштење го имаме коа го вадам од капење. Не сака да излезе за жива глава. Па ми бега мокар, па правиме се лом....и така, доста забавно. Дури се нафатив и во 53та недела го одбив од цицка. За овој дел ми беше многу тешко, мене психички. Со него поминавме супер
Јас денес за сефте му ставив 20мл во шише,мислејќи дека пола и повеќе ќе го исплука,вртејќи ја цуцлата низ јазик. Детево ги испи без да застане Во разговор со пријателка ме советуваше по малку да му давам вода колку да го навикнувам за кога ќе почнеме со дохрана,зошто може да не сака тогаш нејзината ќерка така правела. Ај за вода ете бебешка Јана. Ама не знам колку е тоа малце.
Ме погоди за водава среќа хормоните ми се на место Вода се дава само со дохрана и никако поинаку. Мојата до 6 полни месеци ни капка не се напи па пие сега многу вода. Тоа што ти го кажала пријателката не е точно. Има деца кои пијат и кои не пијат вода. Исто како деца јадачи и нејадачи. И го полниш желудникот непотребно со вода кој доволно го има во млекото. Ти ја дрогираш @AlicaInWonderland вака така ти најмногу среќа имаше првата година. Така и нека ти просолжи и со тантрумите. Јас станав после кратко хистерично пиштење. Се изнавика и си легна. Ова го прави неколку пати вечерва. А само прва недела од скокот е. Преку ден е бетер. И чудно гледа почна некако логика да користи во игрите. Сеуште не вика за вода и храна ни ам ни бутур. Ниту кон водата покажува со прст. Се фаќам себе си само ам викам и вода. Али беба никако да повтори. Кога и се јаде или пие вода приплакува и ако не ја познаваш така ќе си плаче. И на името кога сака се врти кога не. Не се врти по автоматизам. Ова покасно иде или? Еј ме убија грижи како ќе ја биде не бев ваква појака бев.
Да, сума сумарум многу лесно поминав. После тешката бременост и најлошите 20 дена во мојот живот (бебе во инкубатор) изгледа кармата решила да ме почасти инаку и мојов уште не покажува со прст за вода. Му ја земав магичната чаша на нук и му ја оставам низ соба и коа сака сам ја зема и пие. За вода веќе не плаче. А за јадење прави ам ам, сега од ко почна да оди, сам оди до фрижидер и вика. Ама не можеме да споредуваме за ова мојот е ептен јадач, Емили бега од храна јас кафе да оставам на маса овој се паркира со маса и прави ам ам Сега во овој скок го приметив дека пробува да мести слагалица. Оние дрвените со 4 дела незнае да ја намести ама ги става деловите на подлогата и ги врти нешто пробува, баш како што велиш како да размислува логички изгледа...или коа ги отвара книгите не ги само влече и пртка, него гледа во сликите, како да размислува разгледува @FreeMind