Ја имам и јас таа чаша али или сум глупа или нешто не е во ред со чашата. Се обидувам да видам како тече и не тече никако. Има внатре како гумица ја извадив и така тече али многу. На што финта работи видео да не имаш? Уште е со клунче, а треба да пие од чаша.
Спиеме во темница и ние. Ниту јас можам да спијам во светло па несакав така да ја учам од мала. И покрај темницата, малата пак стануваше на почетокот многу често и плус не презаспиваше на секое па имаше журки летово . Малата ми се исплаши пред некој ден додека ја бањавме, се лизна во коритото и почна многу да плаче, сега уште пред да ја ставеме плачи. Незнам како да и го пребродам стравот? Инаку почна да ми отвара фиоки, најинтересна игра е да фрла се од маса на под, почна да се движи странично по маса, ако и пуштиш песна почнува да скока и игра, сака да се брка. И викам сега ќе те фатам и одма се пушта да лази и бега низ дома, многу е смешна .
Еве ја како изгледа. Околу 600-700 денари е на Нук. Неможе да ја истури, а кога влече од неа тече вода да пие. Мислев нема да може бебе да укапира како, ама од прва успеа. Многу ми е практична зашто не треба да го пазам да не се намокри, цело време е на земја ја фрла ја бута, а кога сака си пие вода да не го нудам постојано. Во Германија имаат преубави Дизни дизајни. Кај нас слаби се ☺️ И tommee tippee имаат вакви. 360 cup се викаат нивните. Ама мене нук повеќе ми фати око
да не не е во ред чашата нешто. Дека ептен е лесно кај мене. Штом бебе пие.... Три дела има, чашата, пластиката што се навртува и гумичката. Гумата ја вадам само при миење. Меѓу гумичката и пластиката таму коа влечеш тече. можеш со рака да ја подигнеш гумичката да видеш дали се гледам дупките пд каде што треба да тече водата. Да не е гумичката нештп многу цврста или залепена
Ги има и кај нас у мк у подобро снабдените аптеки .. Јас ги имам двете и на Авент ама таа на авент е тек за веќе коа ќе се испракса со пиење од чаша оти не е баш *некапечка* повлечи од чашката пробај така се пие иначе нема шанси да капне протече доколку не се повлече , многу добра чашка е . Еве ја другата на Филипс Авент пробај оваа полесна е ама надгледувај а на старт оти знае да протекува оваа
И јас ја имам оваа на Нук од дм. Почна полека да ја прифаќа и да пие. Фри мора да влече за да пие. Јас пробав и не оди тешко. Само појако треба да се повлече. Инаку седмиов скок привршува, а јас веќе како да имам дете, не бебе. Си игра, подава, пољупци праќа, здраво прави, кива и се гази од смеење. Е навечер пак деновиве е будна по еден саат ама се тешам дека тоа е дека пребрзо и впива мозокот сега.
Ги има у м низ аптеки, низ маркети, лесно се наоѓаат. Има и во лептокарија една продавничка имаат многу избор од Нук. Јас кажав дека дизајните со дизни ликови ги нема во мк. Не само во мк, ниту во британија ниту во уса неуспеав да ги најдам. Само во Германија. А сега гледам на фб објавиле пред еден час дека овие од лептокарија ги донеле со frozen ликовите Кој си нема работа, со ова ќе се замара
Епа она само ја става во уста и не влече. Ќе и ја дадам пак имам и големо шише со цевка и тоа не го сака. Само нук клунче. Ќе ја научат у градинка али сакав јас да ја научам. Иначе @AlicaInWonderland кога ќе идам надоле ќе ти земам со име посебно за малиот од нук. Можеш и сам да дизајнираш. Преубав им е дизајнот се слагам. Најдобри уствари у дизајн се засега.
А оти од обични чаши не ги учите да пијат? Капечко, некапечко, вакво такво, да се испозбуни човек со чашиве. Ниедна не купив, иако имав намера, едино за првото дете со клунче, не ми ја сакаше, па му давав од обична чаша. Со двајцата од некаде 5-6 месеци почнав, брзо се научија. Ја држеа сами веќе на година.
Затоа што со обична треба да го нудам постојано, да го пазам кога пие и често доаѓаме до ситуација каде треба да се расплаче за да ми текне: еј може е жеден. Вака чашката е до него цел ден и си пие кога ќе посака. За мене ваквиот начин е посамостоен. И мојот сам си ја држи и се пие како од обична чаша. Всушност чаша е. Само што капачето не дозволува да се истури водата @FreeMind Е такви незнаев дека има до името, јако
И вака пијат сами @Annath сама си ја држи од 9 месеци. Али оваа чаша не протекува за да не се истопи. Овде во градинка од такви пијат на почеток. Кај мене пие за пиење сама али за оставање го фрла шишето. Никако не сака рака полека да го остави или да ти го даде. Пие и го фрла може и по нечија глава да заврши
Isto i mojot, pie i kako pijanica go frlase siseto sega veke od soljicka mala pie, bas ja barav casata na Nuk vo zegin ama ja nemase
Fala ti, ke mu ja kupam denovive zasto ne se trpi veke na 13m saka se sam da pravi, sam da jade,sam da pie od casa
каде да купам низ скопјево четка напрсток? освен силиконската во Бебесупер маркет? и постои ли несилконска? некако грубо ми изгледа ова со силикон
Нека ме преместат ако треба ама темава ми е најактивна па тука ке си прашам. Како сте мајки во пмс? Првите месеци ме фаќаше депресија само тие неколку дена, ама еве сега четвртиов месец ми е најтежок, анксиозна сум многу. Матичната ми вели дури да ти се средат хормоните, ама мене некако се повеќе ме фаќаат паники, туку така за ситници.
Има во дм. Ги гледав да купам ама незнам зошто не купив. Не се сеќавам какви беа точно ама имаше повеќе различни марки. Купив обични четки и од старт го учам сам да се четка