Голема е твојата за напрсток тој е од шест месеци како вовед за четка. Почни со четка директно има во дм од нула до две години со паста на елмах заедно се спакувани. Ако не ти ја прифаќа купи исто од дм личат на четки за заби али за чешање на непца се. Со нив ќе си поигра една недела па повтори пак постапка со четка и паста. Исто помага и ако заедно миете заби, гледа и копира. И не заборавај браво да и викаш. Тешки се првите девет месеци со бебе. Покрај хормонскиот дисбаланс и бебето ќе ти влезе во еден лош скок петти кој трае со недели. Земај б витамин, магнезиум дупли дози, железо ќе ти ублажат стрес.
Ги има ли елмах пастите во ДМ во Скопје? Кај нас во ДМ ги немало,на мм му препорачале ваква,да земам или не?
Имам четка уште од 9 месеци ама се грози и неможам да и ја движам низ устата ја стиска затоа сакав да пробам со тоа..
Јас додека мијам заби и ја давам нејзината четкичка и ме гледа и повторива движење и таа сама. Потоа додека е разиграна набрзина и ги поминувам и јас, а паста сеуште не користам зошто не знае да плука, а таа на елмак има флуор.
умница е твојата,златна е <3 мојава се грози,ќе барам некоја интересна четка да и привлече внимание морам,8 заби има уште пред година и плус сега доле 4ките и ѕиркаат..а за паста имам без флуор незнам како се вика од супер тинекс ја купив
Јас не сум истражувала ама оние што се пасти од 6 месеци му ги ставам од старт. Сигурно се направени да не треба да се плукаат. Па кое бебе знае да плука од 6 месеци. Или се без флуор или се со дозволена количина. Сигурно затоа и пишува да се става мало зрнце паста. Ич не ми текнало за ова да се информирам. Настапив со комплетна доверба во производите во овој случај
Јас не би ја земала. Има голема разлика од 0 до 6 години. Огромна за дентална хигиена и состав на паста. Барем овде.
Овие денови забележав малата многу малку мочка. А пие по 300мл вода +цица. Пелените не ги вадам суви ама не се ни тешки како пред некоа недела,пример во рок од 3ч, 1 измочкана. Навечер ставам во 8, а во 10ипол наутро ја вадам пола измочкана пелена.И пред спање пие вода и цица, а и навечер станува за цицање. Дали има простор за грижа или нормално е да се намали?
До ро, зошто бебе не са ка вода?, ај за чај, сок, не мора не е неопходно тоа, ама вода бре не пие. Мало, најмало шише јана 5/6 дена го пие. А првото дете пиеше течности од мн мал сакаше. Инаку, 7 и пол м сме. Искуство...?
Мене беба пак ми настина. Дури скоро еден месец бевме раат. Аман веќе, ова е премногу. Многу е затната, се мачи, а и ставам и капки и кога тече носето аспирирам. Е сега, маж ми го земал од аптека ова, му рекле скроз е безбедно за бебиња од прв ден, ама кога се работи за неа црвот ме јаде. Го пробав на мене, ок ми е, нежно е. Да ја намачкам ли под носето?
Јас го имам користено ама не под носето. Го масирав со него кога беше настинат, така и пишува во упатството. За под носе не знам дс ти кажам.
Стварно многу често настинува.Провери како ја чуваат негде грешат со претоплување или и студи при спиење.