Не би требало. Стварно ме слушаат. Еве мајка ми ја чува веќе еден месец, секогаш следи упатства и за се ми се јавува. Свекрва ми уште повеќе. Не се согласуваат секогаш со мене, ама гарантирам дека ме слушаат. За спиење, околу 18 степени е во спална, си спие во вреќичка и тенко ќебенце памучно, затоа што ладно и е инаку. Намерно ја оставам таа температура, сака да спие во поладно, помирна е. Не можам да ја чувам во стаклено ѕвоно, ја изнесувам, ја мешам со луѓе. Нели секако да се здрави, ама од кај да знам што носиме сите. Од април тргнува во градинка, ќе биде весело.
Утринава 38.7 температура од морбили вакцинава седми ден. Нозе ми се стресоа. И две брунчиња на образ, кемкава до бескрај парацетомол во анус и за 15 мин симна температура. Нема досега ни една вакцина без температура моево. Ни една сите со температура ги мине.
Помага ли балзамов? Синко не ми изгледа настинат,не кашла,не кива,само му е затнато носето. И тоа обично само ноќе,додека спие. Му ставам физиолошки раствор и чистам,ама пак му се затнува. Па да пробам да купам вакво? Како се става,и дали е безбедно?
Кити, помага за затнато носе. Го мачкаш на градите и грпчето и го вдишува така. Матичната ми го препорача за синко уште кога беше 6м. Од тогаш по потреба го користам.
Си знаеш ама пак да се преслушаме: - реакции од вакцината се очекуваат од 7ми до 14ти ден.Можна реакција е осип и тоа е нормално,но обично брзо поминува за 2-3 дена.Температура ,такоџер е нормална реакција и проаѓа со парацетамол.Сите овие реакции се знак за добар имун систем.А на кенкањето, навикнавме веќе Се токмам и јас да ја ставиме ММР следната недела.Нека проаѓа Фри.
Мајки Антонија не ми јаде асално, јаде доручек и ужина после ручек со плачки 5 лажички ќе касне, за вечера ако е нешто поблаго во смисол на бисквити со млеко, гриз со банана ќе јаде, ама ручекот со зеленчук и месо никако. Не сум и вовела ништо ново, комбинации што претходно ги јадела по 200грама сега уста не отвара. Само што и се приближувам со лажичката вришти. Доле двојката една е побелена ама ако боли ќе боли и за доручек и вечера не само за ручек. Имам проблем да јаде во период од 14.00 до 18.00. Има ли совет како да ја прелажамнекако. А нема шанси да не е гладна, дорѕчек крка во 9, ужина една овошка во 12. Инаку уште станува во 1-2 и седи будна до 4-5
Па не баш многу. Еве ја намачкав после бањање, и го отпуши малку носот, доволно за да поцица колку-толку. И еве веќе пак се затнува. Синоќа и ставив и под носот малку сепак, се врати маж ми праша во аптека, му рекле дека слободно може, и мислам дека имаше поголем ефект. Да заспие убаво и пак ќе ја намачкам. Инаку освен носов ништо друго не и е. Нервозна е, плачлива, ама и јас сум кога не можам да дишам. Пукнавме веќе, многу често се разболува. Маж ми сирот има нови бели влакна. Инаку најново, очигледно гомцево мое нема да лази. Почна сама да се фаќа за комода и да се исправа на колена. Поточно на едно колено, другото го држи безвезе свиткано и се откажува. Ама очекувам за една недела да го усоврши тоа. Живи радости сум.
Цел ден е како маче со црвени очи некоја блесава 37.5 ја држи цел ден, само утринава 38,7 и беше. Овие сипанициве се интересни од утринава до сега пет пати се појавија на образи, чело и исчезнаа. Стрес ми е температура треба да научам да се контролирам. А видам преку 38.5 паничам. Ова во седмиот скок се случи. Зеленчук и месо не јадеше со недели. Јас токму тогаш ја пренесов на наша храна. Чим не јаде обарен зеленчук ќе јаде гравче, пинџур, мешана тава, пире со мисирка во сос, итн. Пробај може ќе ти успее. Едноставно менуваат во храна и вкус. А и време и е да ја вртиш кон вашата храна.
Од кога почна да јаде од вашата храна? Со зачини ли или не? Јас да ве прашам мајки чии бебиња лазат, колената и се модри од што лази цело време, не застанува буквално. Вчера беа помалку модри, денес ептен. Има ли чаре? Ставате ли нешто за заштита на колената?
Ние бевме случај-ќе и направам за неа посебно без зачини, во цептер готвено, без вода, зеленчукот што ќе си пушти и месо пример.. Не сакаше од тоа да јаде. Еден ден свеки на смеа и стави од полнетите пиперки за нас за ручек што беа, дете се најади за мерак. Од тогаш не сака специјално за неа готвено туку од нашите оброци. Се нервирав кисело млеко не сакаше да проба, сега јаде. Тиква јадеше мнооогу, сега не сака. Во секој оброк мора и супа да има, со супа маскираме се. За вечера и дадов јаболко и банана, го виде татко и дека јадеше кисело млеко и од тоа си касна 10тина лажички мали. Комбинацијата бе... Кога почна да лазе колената исто модри и беа на повеќе места. Се среди, сега нема веќе.
Од колку месеци почнавте од ваша храна? Се мислам дали да дадам оти ништо не јаде. Буквално само цица и се друго по 20-30 грама максимум со сила, а голема е веќе 8 месеци. Само леб сака да јаде и смоки лино, друго се е на сила со плукање... Колената и се огромни модрици направени ќе сликам утре ако успеам оти мрда многу одвај пелена менувам. Само кога спие ми е мирно бебево.
Мала е на 8 месеци да ја вртиш кон наша храна сеуште желудникот не и е развиен. Во тој период се развиваат функциите за варење и преработка на храна оно треба да внесува и пробува продукти, а најмногу од се треба да цица до 10 месеци. После десет почнуваш по малку по оброк на ден да менуваш и во 11 месец можеш да ја префрлиш на иста трпеза. Без зачини само магдонос свеж. Инаку никое не јаде во тој период ќе се помачиш уште некој месец. Давај готови каши на хип. И кај мене јадеше по толку до 10ти месец. Само цицаше. Чим цица не и се плаши ништо не и е. А за лазење тоа само на почеток и беа црвени али после и се навикнаа ваљда колениците. Плус цели се гумени не им е ништо. А лази во хулохопки со наддадени коленици, такви само носи не и облекувам пантолони јас никогаш речиси. На вакви мислам: https://www.google.com/search?q=kra...UBShUIHQaXDi4Q_AUoAXoECAwQAw&biw=1366&bih=654
Малата имаше тт, од матичната добив совет за носе затнато да користам Оперил П спреј.Пишува дека е за над две години, но слободно може 2-3 пати на ден по едно прскање во ноздра. Јас прскам, помага многу. Во меѓувреме чистам со физиолошки. Да си знаете, прашајте и вие.
За неколку дена бебка полни 8 месеци. Не лази, не седи самостојно, само се тркала од грб на стомак и обратно. Дали има простор за загриженост и некоја со вакво искуство?
Не се сите деца исти. Кога е на земја и се превртува, остави играчки што ја интересираат во нејзина близина, а не на дофат на рака, да се помачи малку да стигне до нив. Ќе почне да се крева, да седнува, можеби и да лази. Дај му слобода на детето да прави секакви движења, ќе почне да се исправа.
Мојот на 8 почна да седи. На 10 да се исправа на мебел да стори. На 11 да лази. На 12 сам да седнува од лежечка положба. На 13 да оди. Иди најди нзс измешан редослед Е сеа работава кај нас е што е предвреме роден па педијатрите развојот му го водат со минус месеципол. А со помош, поддржка седи? Пример коа ќе ја ставиш во столче за хранење или слично дали може да седи или се лизга надолу?
Земи здела пластична или вангличе некое колоритно. Напуни со џиџи миџи негови тропалки и цуцли. Седни доле со раширени нозе. Седни го него меѓу нозе и дај му го зделичето. Оно че се посега да ги вади играчките, а ти држи го за колкови и подисправај го. Ќе ојача грб и ќе се научи да седи. Јас така и правам. Во столче за хранење уште не сум ја ставила бидејќи имам од оние бустер, директ на столче што идат, и не е обложена.
Не треба со помош да се исправа, ниту да се држи за колкови. Само треба да ги прави тие работи. Ме интересира, како даваш цврста храна, како го храниш бебето ако не го седнуваш во хранилка?
Сори што упаѓам во муабет ама јас имам хранилка на нивоа и ја користев од кога почнав со дохрана (4 ипол месеци), на почеток седеше во неа, ама одкако почна да се исправа нема шанса да ја ставам во хранилка, џабе ја имаме. Ги исправа ножињата едвај ја седнувам и веднаш почнува да плаче за да стане. Па еве сега ја хранам седната на кревет или ја држи некој, сложена работа ама и голем нејадач е мојата па се ќе направам да изеде малку барем, па така хранилката не е опција веќе.
Во релаксатор ја ставам за хранење, го подесувам да биде исправена убаво. За седење ова ми го кажа ортопед