Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.157
    Допаѓања:
    204.766
    Пол:
    Женски

    А не ја врзуваш? Колку што знам, хранилките имаат опција за врзување. Најискористено нешто со двете деца ми беше токму хранилката, две имавме. Имаше периоди кога не сакаа да седат во хранилка, ама не попуштав.

    @srekice во ред, само прашав. Пошто јас такви совети не добив од ортопед. А релаксатор до кај 5 месеци максимум сум користела, после само на земја беа или во хранилка.
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @Annath мојава се подава да седне, се исправа ама проблемот е што се наведнува нанапред. Ова како вежба го кажа Талевски.

    Моето столче не е обложено, не ми е сеуште за во функција, а релаксаторот ми е таман. Ја врзувам, го укочувам и она си е седната таман.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. *Sara*

    *Sara* Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Во хранилка седи врзана, исто и во релаксатор, без поддршка не, а не сакам да ја форсирам.
     
  4. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Не дава да ја врзам, плаче. Може таму ми е грешката што на почеток не ја врзував и кога почна да се подига почнав да ја врзувам ама она не сака да е врзана и плаче се зајдува. Нема шанси да јаде така расплакана и тоа е. Последен пат за Бадник ја ставив во хранилка да јаде и ништо не изеде. Друга грешка ми е што ја ставав и за да си игра во хранилка, може требаше да се знае дека е тоа место за јадење стриктно. Во главно имам голем нејадач дома и се правам да и протнам некоја лажичка уз игра и песна. (facepalm) инаку ни јас не би попуштила.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    Полека полека и ги намалив подоите на малата на 2-3 во 24 часа зависи од денот. Си јаде се, пред една недела почнав да и давам и ужинка, па таа самата не ни бара да цица, јас и нудам сметајќи дка и е време и дека и треба течност. Друго ми е прашањето, по колку млечни продукти ви јадат малите во тек на ден? Јас и давам навечер само, и тоа две-три лажички кисело млеко или јогурт. Плус некогаш моцарела едно парче. Ги јаде и ноќните на хип од тегло. Но друго млеко уште не сум и дала, 10 месеци е.


    Во контекст на муабетот погоре, од сам старт ја седнував во хранилка на 60 степени и таму и давав да јаде. Така ме советуваше ортопедот. Кога ја чува свекрвата и дава во скут или седната на земја. Почна минатата недела да ми изведува и мене по дома, да сака стоечки да јаде, но јас упорно ја седнувам во хранилка да знае дека тоа е место за јадење. Имам среќа што малата ми е јадач, па не е толку проблематична.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    И јас за жал не успеав да а задржам во хранилка, 3 недели дете залче не ми стави во уста, а беше јадач невиден. И почнав да вметнувам храна додека си игра , додека стое, додека седе. Колку и да е грешно барем ми јаде вака.
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.345
    Јас прашував ортопед за тоа као колку е доволно дека моето цица само 3 пати на ден (јаде се а и го спремам за мое поаѓање на работа) и таа ми рече дека е доволно само еден оброк да му е млечен а всушност Д витаминот е тој кој го врзува калциумот за коските....Да не ме гризе совеста јас знам често пати кога тој ќе се залепи на маса кога гледа како некој јаде или пие (на пр. јас кафе :)) да му бутнам неколку лажички к. млеко.


    Официјално да се пофалам дека бебчо веќе 12 дена како спие цела ноќ. Му излегуваа горните единици, пукнав, се будеше на точно 20 мин цели 2 дена, :!: излезен од 6-ти скок ако нешто значи и после 48 часа свечено го предадов на татко му 8) за заспивање навечер. После 2 дена од нов тренинг со татко му тој почна да спие цела ноќ. Да знаев уште поодамна да му го предадам за заспивање :D.
    Денските дремки се уште му се 2 ама нема ред кога заспива, секогаш се различни и на саат и 10 мин го будам, ми е страв навечер да не ми поремети нешто и внимавам до 15 часот да се завршени дремките а навечер 20.30 - 21.00 заспива. Ваљда и тука нешто ресетира :smirk:.

    Едната единица излезе а втората уште е на повидок но носот сеуште му тече. После една недела го носев на лекар и добро грло, не кашла не крева тт. Освен што чистам носе со физиолошки раствор и прскам спреј од диво оригано ми даде и Летизен сируп. Сируп не му дадов уште ама во понеделник ќе го носам да му земат брис од нос. Претпоставувам дека му е од забите ама од долните единици кога растеа не му течеше носот па затоа сега помислив дека е болен.

    Кога се држи за нешто ги пушта рацете и стои неколку секунди. Ова му е најново и се тестира по цел ден. Најнова играчка му е отвори/затвори врата (додека не си ги фати прстите :rofl:) а истото го прави и на други работи (книги, шкафови...), верно стои до правослукалката и прави муабет, многу е смешен. Буквално во 1 ден кажа ,,тата, даде, бате, деде, ајде, еј да, да, дај,, и многу брбори на бебешки јазик.

    И така бебчо си порасна а јас да искористам одмор и тргам на работа 8)
     
    На Makedonka007, hello-kitty.90, srekice и 3 други им се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Убаво што те читам. Добредојде назад, се одмори од нас :D
    Нека минува брзо кај мали, што и да е. :hug:
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. katerina.femina

    katerina.femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ќерка ми наполни 8 месеци. На АД е. Има доручек и ручек. Ме интресира дали може да почнеме да и даваме вечера или сеуште е рано? Од житарки има пробано ориз,просо,амарант и хељда. Синојка и дадов лебче околу 22 00. Изеде малку повеќе количински и ноќта се будеше со плач. Количински си јаде и јаде се што ќе и понудиме. Како да ги комбинирам житарките и кое време е најдобро да се даваат?
     
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    @Vaga~ да не се премажи што те снема?:D
    Се спремаш ли, дишеш ли?
    @paleska3 два до три пати на ден има млечно. Наутро или е јајце или е јогурт, намаз, кашкавал, итн. Исто навечер макарони со павлака итн. За ручек ми е обид зеленчук манџа било што. За ужина овошје.
     
    На Vaga~ и paleska3 им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.345
    Па и ти да се најадеш/прејадеш леб во 22 часот ќе ти е мака во желудникот. Оброк/ вечера се дава 2 часа пред легнување.
    Јас на моето му давав вечера, гледав да биде млечна. Не јадеше по 200 гр као што јаде сега ама доволно за да се учи на ритуалот.
    Житарки јас давам за доручек со овошје а знам и навечер да дадам со АД млеко како на пр. гриз со млеко, какао и банана, бисквити со АД, палента со к. млеко....кај мене вечера е во 18.30 затоа што од 19.30 си бара ритуал за бањање, читање....и заспива 20.30-21 часот.
     
    На Bupalu и katerina.femina им се допаѓа ова.
  12. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Од кога ги возевте вашите малечки во трицикл?
     
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Од 12 месеци.
     
  14. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски

    Порано не може? Не смее?
    Инаку мислев на тие како на пр.во локо кроко што се
     

    Прикачени фајлови:

  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Не се стабилни за порано децата. Плус и самиот трицикл е за 12+ не знам некој модел да е од порано. Нозете ги става во тркало, се влече на една страна ако рамките не се стабилни може и да ти падне. Плус ако имаш удар на тротоар и вратот не му е заштитен на бебето, можеш беља да направиш бидејќи нема потпора на тој дел.
    Вози си го во количка најубаво.
     
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Мојата е 12+ па уште не достига до делот за нози да и стоат и се лизга лево десно, ногата и бега во гумата.
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    15.266
    Пол:
    Женски
    Во вакво низ двор од 8 месеца. Воопшто не е стабилна за да се вози во него наоколу, ама онака за забава низ двор го вртевме малку летото. Дури сега на 1 година може сама да се држи и да ја гурам јас. Здравје следно лето на година ипол таман ќе биде за возење.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vaga~

    Vaga~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2017
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Хахах не, уште тоа ми фали:D ве читам чат пат, само не сум пишала одамна :)
    Нека им е среќен роденденот на сите дечиња што славеа :hug:

    Се спремаме и ние за родеденот, ќе го славиме во мк, и така. Сакав да прашам дали е загрижувачко што син ми не покажува со прст на предмети? Кога ќе го прашам кај е саатот се врти го гледа ама со раче не сака дс посочи, исто и чао...Отворив на гугл и уште толку од памет се извадив, триста работи за аутизам се изначитав..за некој ден сме на преглед, ќе прашам доктор меѓутоа ме интересира некоја мајка да не има искуство? Инаку почна и да оди, се пушта не е уште стабилен, па до него цело време сум.
     
    На Bupalu и FreeMind им се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    И мојата само го гледа предметот, ретко покажува со прсте. Многу по опширен е аутизамот, детето најчесто не ни реагира што му зборуваш, а не па да погледне каде е предметот. Не се оптеретувај :hug:
     
    На Bupalu, lackygirl и Vaga~ им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Си немаме вака. Уште од труднички си се договоривме со позитивна мисла до крај.

    Не чекаат неколку стресни години да не се оптоваруваме со читање по интернет. Тоа ти е исто ако гледаш симптоми за тебе ги имаш сите болести на светот. Затоа во темава ги кажуваме чекорите до кај се нашите за да направиме која груба споредба дали е се во ред. Иначе секое бебе за себе е посебно. Ни моето не покажува со прст ако и речеш. Знае само дојди команда што значи моментално и тоа не секогаш. Знае и кога ја бркаш да бега.

    Ако има некој сомнеж околу симптоми на аутизам или детска парализа некој нека поразговара со педијатарот. Впрочем секое бебе и има педијатар за прв да дијагностицира некаков проблем во прогрес. Ти само кажи си што имаш на преглед. Сега си на у6 се ќе му проверат.
     
    На Bupalu, BabyT*, Vaga~ и 1 друга личност им се допаѓа ова.