Јас сега почнав на 13 месеци Многу сака да се вози. Некни ми заспа во возење голем е мојов одвај го врзав, сите колани до крај оптегнати.
Исто помислив ама си велам дека сега нема многу да качува на килажа, со нозете допира до тие помошните педала, па демек и како точак за 3 години се прај неверувам дека на 3 години ќе можи да го вози Додуша сега и наоблечен со палто, после ќе биди само со танки тренерчиња, па и со куси потака, ќе ги бери белки
За килажа не се плашам се истенчи деновиве дури ми е страв на вага да ја ставам да не видам пак минус. Долга е 82см на последно мерење и има долги нозе и сега буквално и се свиткани колената на педалите. Сега и е таман кнап. Ако порасне уште некој сантим до летоска нема да може да ги свитка колената. А сега не знае да вози вади чизми на секое пушта нозе, се тегне на една страна да види доле што има... никако не е возењето.
И мене ме мачеше ова што не покажува со прсте на предметите. Во некоја апликација прочитав уште од 10-11 месеци дека почнувале да покажуваат....ептен ми беше на мисла. Ама забележав дека ниту едно од бебињата со кои сме во контакт на таа возраст не знаат да покажат. Сите само се вртат кон предметот. Па баталив лоша мисла. едвај ја преживеав првата година со СИДС, мислам си го скратив животов за 10годими од грижа за ова. Кај прочитав кај се запустив. Не ми треба сега некоја нова грижа не правете вака, нема спомнување такви ствари
Сега после година почна да покажува со прст. Претходно не. За тоа ич не ја турив на ум, сега еве на се покажува.
Што кажувате вакви работи бе луѓе? Не се ни замарав за ова. Битно ми е дека ме разбира што и зборам, се врти и со глава покажува. Прави чао, дава пољубац, сега дека настината и си го брише носот со марамица демек кога ќе и кажеш. Најново од денес покажува кај и е путето . Балкански глупости, тоа е . Аутизмот е цел спектар на симптоми, тие деца воопшто немаат контакт со очи на почеток. И во врска со сидсот се опуштам полека. Ја испитував, додека е заспана знае да тргне ќебе од глава за почеток. Во креветче ништо нема освен долен чаршав, така да можам на раат да спијам. Инаку веќе цела недела ја спие цела ноќ, а и јас со неа. Добро се подразбудувам на моменти, ја ѕиркам, ама тоа не е ништо. И конечно сум наспана после 10 месеци. Затоа ви се поклонувам на вас што станувате по неколку пати, јас и со тој еднаш бев нервозна.
Ќе си пукнам значи. Незнам што му се деси на детево. Се буди сто пати во ноќ, на пола саат, и плаче, рика Не сум спиена десет дена веќе. Ја презаспивам нишкајќи низ соба, пола саат, или седам на фотеља како идиот. А ја спуштам плаче. Што се дешава ова е немогуче. А тек допрва следи шестиот скок. Кога ќе помине ова
Да се пријавам и јас во неспијачите. Уште не сака да спие а мине 12 часот. Таман мислев ја заспав во 10 и пол, за 10 мин се размрда и уште се бориме . Инаку преку ден е супер, почна да се движи низ маса, цело време нешто си зборува на нејзин јазик. Не покажува со прст, но кога ќе ја прашаш ја врти главата кон предметот. Најсмешно ми е кога прави ѕе, потклекнува . Исто сака да ја бркаш, таа лази и бега.
Поискусни мајки, има ли шанси бебе да ми е гладно-8+ (за 1 недела) ќе прави 9. Цица во 6,доручек во 9,ручек во 12,цицање во 3 и вечера во 6. Цицање цела вечер на секој 1 до 2 ч. Прашањето го поставувам затоа што дете само што ќе види дека му подготвувам храна за него не може да додржи да седне да јаде. Дури некогаш и кенка а ако има и 300 гр мислам и толку ќе изеде. Да не има потреба да давам и ужинки измеѓу?
Мајки бебе ми се смени последнава недела. Добар е се навистина, спие исто, сака да јаде ама стана многу кенкав. Наеднаш му текнува да плаче и премалува. Неколку дена сме со температура, не висока околу 37.3 - 37.6, ама не е тоа моето дете. Кога ќе се расплаче се тегне по главата, се гребе и кубе, исто и со ушите прави. Што бидна навистина незнам, се мислам да не е она меѓу скоковите fussy and irritable однесување пошто баш така се понаша. На апликација ми дава сме го поминале ама мислам тоа е, незнам. Што да правам незнам, навистина збудалев од ова понашање.
Јас за сидс ич не се замарав. Си спие во вреќа од почеток до мене и некако не ми ни дојде на мисла. А овие другиве ми идат али блок на мозок и толку. Многу се дере кај мене последниве недели. Писка на висок тон, кај вас? Толку е гласно што мислам дека добив некое нарушување на средниот мозок и повторно вртоглавици. Како да ми се лоши такво чувство ми предизвикува тој пискот. А да ја прашаш оти писка сигурно не знае, ама оти така на цел глас не знам. Брбла си збори нешто и наеднаш пискот. Допрва не прашувај. Тој петтиот е најтежок штом помине ќе се опуштиш до седми. Само внимавај да не почне на пола саат да се буди како кај нас зошто ќе продолжи со месеци да го прави тоа.
Да не го боли нешто? Пошто викаш и температура има. Таа бош тт што ја викам од 37.3-37.8 е зезната. Ако врти со главата и тегне уши, може да има мака од нив.
Баш бош температура, ни таму, ни ваму. И да цело време кога се расплакува прво тегне уши и за глава, па му ја викнува со сета сила, а се гледа ништо не му е пошто одма менувам игра или нешто подруго правиме и одма му поминува. Нели и во приватна те прашував за едно забче, епа уште не му излезе, а тоа до него побеле, се гледа забче ама не е пукнато. Ваљда заби се.
@cinderella5 баш со таква тт и такво однесување го извади малата првиот заб. Штом е побелено, би требало за брзо за пукне непцето. Кај нас само што почна 7 скок и веднаш промени. Преку ден е супер ама не сака да спие. Се гледа дека глава и паѓа, но не, штом ја легнам во креветче отвара очи и станува. Буквално навечер се понаша како новороденче кога ја донесовме од болница. Во раци ми спие, на кревет никако. Ако трае вака цел 7 скок, незнам што ќе се прави.
Зависи колку е калорична храната и колку е активно. Јас давам затоа што ручек му е 12.30 и до кај 18.30 тешко да додржи само со едно цицање и околу 16.30-17.00 давам ужина. Обично некоја овошка, к.млеко со овошка како овошен јогурт, корка лепче, неколку бисквити, бејби пудинг...Од сабајле не ми бара ама попладне буквално се тегне на масата или оди во кујна и се исправа. Ќе јаде тоа што му давам и се смирува. активен е доста, последен изум му е играње брканица
9 ипол мес Мислам дека пред 9 мес баш така ми се однесуваше бидејќи му го тргнав цицањето во 17 часот и морав со нешто да го ,,залажам,,. Ама мојот е јадач и јаде се