@FreeMind Среќен 1 роденден на Емили, голема и убава девојка да расте, гордост ваша да биде Да си имате најубав роденден денес
@FreeMind најсреќен роденден на малото црвенкапче Емили, да биде жива и здрава и да порасне во убава,независна и самоуверена девојка,како мама. Ви посакувам магичен и незаборавен ден
@FreeMind Среќен роденден на Емили, ќе биде најсреќна девојка покрај ваква мајка Среќно и безгрижно детство
@FreeMind среќен роденден на Емили, нека е жива, здрава и само радости да ви носи! Имајте најубав ден
@FreeMind најсреќен роденден на Емили. Имајте убав помин, па чекаме впечатоци. Леле ќе не бришат со честиткиве.
Сонцето на тетка хепи. Емили биди жива,здрава и храбро чекори низ животот. Мама нека ти биде идол а тато херој. Се најавив набрзина после состанок само да честитам. Бомбардирај не со слики. Еве од благајникот
@FreeMind Happy Birthday Emili! Биди ни жива, здрава, да ги слушаш мама и тато. Чекаме импресии и слики од денешниот ден.
Дојдов во темава за да и честитам роденден на Емили. Среќен роденден. Имај безгрижно детство. И преубав ден. Се читаме во 12-24 @FreeMind
Среќен роденден на Емили!Жива и здрава, голема да расте, во плавоока, одлучна и цврста женска, иста како мама . Обожаваме да те читаме @FreeMind , секогаш ги доловуваш емоциите и допираш длабоко во нас. Уживајте во денот
Злата мои прв пат денес успевам да допрам до кревет и телефон. Ви благодарам на убавите желби и од вчера на сите, роденденот помина гостите ја чекаа Емили да стане два саати се разбуди во 18ч многу народ наеднаш и знаете како иде натаму за да некаде околу 21ч се смири и почна да пее. Можам да кажам дека убаво поминавме, секако огромен стрес за малата, а особено за Ози беше денов, но ќе ми простат двајцата али за мене беше најубав роденден на свет. Имаше друштво на колешката ќеркичката три години преслатко си играа додека не му здосади. Има три четворки испаднати. Сеуште не јаде. Сите заби наеднаш ги извади, жално е да се гледа четири четворки наеднаш испаѓаат.
@FreeMind Среќен роденден на куклето твое Здрава, жива, голема да расти и да си има среќно и безгрижно детство И јас сум тука една од многуте, која уживав додека ги читав твоите постови. Ќе ни фалиш, па навраќај одвреме-навреме пиши по некој збор
До кој месец ги доевте малите или планирате да ги доите? И што млеко да се дава ако порано се престани со доење? Ад, крвјо или само на цврста храна? За до 1 година ми е прашањето И дали млекото и млечните производи влијаат на лактацијата на млекото? Дали ако не внесувам млечни производи ќе имам млеко за доење??
Почнав да кратам подои на 9 месеца, заменував со АД. На 11 месеца ја одбив сосема, одма почнав да мешам АД и кравјо млеко, на 1 година сега е сосема на кравјо. Инаку се препорачува на АД да бидат до 2 години. Јас млечни производи не пијам скоро ич, само сирење јадам, со млекото не сум имала никаков проблем, дури и се одмолзував и замрзнував млеко.
Имам млеко, не сакам да давам Ад, меѓутоа треба да прекинам да јадам млечни производи. Си велам и јас нема да имам проблем со млекото. Фала Спиди
Слободно продолжи да си доиш, битно е да внесуваш течности и општо здраво да се храниш, а млечните производи не се неопходни.
Совет или искуство... Синко вчера ,а денес не толку, ми повраќа. на доење сме и за десетина дена 7 месеци Вчера бевме на педијатар, и тој ни даде алмацин и хип орс 200 од јаболка Нема температура повеќе од 37 Многу ретко цица, скоро после секое ми повраќа Како овенато цветче ми е .. кенка цел ден Не успевам никако да го смирам, некогаш едвај со маша Неколку дена плус не ми е какан и изгледа ми ги вади горните единици Се му се собра На плуќа нема ништо Вика можно е вирус Се дома сме, завчера само изгеговме, убаво беше времето, плус облечен, скафандер капче, зимска прекривка.. Цела ноќ на штрек, едвај малку поспавме Неможе цел ден да не е јаден..само хипот тој Кажете вие некое слично искуство да не сте имале.. хелп малку
Има некој стомачен вирус, само со повраќање. Сите го фативме ние дома. Јас качив исто малку температура. До 37.2. Секој стомачен вирус ги омалаксува децата. Не знам зошто алмацинот.