Тешко било работа со луѓе... Уште 4дена и се одјавуваме од темата,се префрлуваме во друга. Ама стара екипа не се дава лесно.
@LoveHope кога ли беше кога пишевме за грчеви, проблеми со цицањето, ете годинка ќе прави твојата мома за некој ден. Ти се восхитувам на издржливоста, мислам ти најрано почна со работни активности од екипава. Мора да помине и ова со неспиењево, и јас се тешам секој ден, дека ќе дојде вечер кога ќе ја преспиеме цела ноќ.
Не мора потврдено од ветеринар. Штом јаде млечно не мора ни капка друго млеко да пие ако не сака. Се е тоа ради калциум, а калциум прима од млечни доволно. Ти сепак пробај си ад, кравјо после 1,5 велат овде. И препорачано е козјо пробај со тоа ако не сака ад. Мојата од дм мулпино млеко од 1-3 години во тетрапак го пие. Ете само тоа помина од се.
Ви се има ли случено бебето да се плаши од цртан, или слично. Нешто што е на тв? Моево неколку пати до сега, а почне еден цртан на BabyTv почнува да вришти. Неверојатно нешто
Хаха сега ми текна, мојата плачеше од песната Магаренце Њако а почне одма врискаше. После и помина тоа. Мада стварно е језивко магаренцето
Моето е 20 месеци никогаш не научи да пие од шише. Од 6 месеци почнав од чашка да му давам вода. Пие од обична чашка и од чашка со клунче.
Hehe даа од биби и боби ловџијата и до пред некоевреме епизодата кај што е тажен зази плачеше а на крај на секоја епизода ми плаче дека завршила
Некоја фаза. Мора да чекам да видам што ќе почне на тв, па да излезам од соба На еден нов цртан, Тини, туну нешто така е. Некоја пченка се појавува. Вришти дете на нај јако.
Мислам дека нема начин да се научи од шише, освен да се нуди често. Мојата еден месец не сакаше да смисле шише, потоа преку ноќ препи вода, но 20-30 мл, сега оваа недела пие по 120 мл. За се требало време, џабе се нервирав.
@Annath Ти беше стоматолог нели? Дали е вистина дека на децата им се расипуваат забите од цуцли и шишенца?
Да, вистина е. Пошто од шише со цуцла пијат млеко и сокови, па неретко и чај со шеќер, се се лепи на забите и останува на нив, не се чисти како со џвакањето. И ако тие наслаги редовно не се отстрануваат, забите ќе почнат да се расипуваат. И тоа најчесто на работ до непцето, тоа е циркуларен кариес или baby bottle caries кој придонесува да се изронат забите.
Додека сте на тема цртани Биби им ги пуштате? Немам видено што содржина има, а ни време да ги разгледам. Гледам награди собираат и се препорачуваат како најдобро од мкд.
Како менувате пелена на 9 месечно? Се потам,го бркам низ кревет,он полн гомна,јас доцнам за на работа...