Здраво, бебе скоро 7 месеци е.. премногу е нервозно, нон стоп кенка, не му е по кеиф, ништо не го интересира, многу слабо си игра со тропките, на меше кога е ставен некоја минута и одма пишти, сака да лази ама не може и наназад се гура..кај никого не сака да седи, се кај мене е во раце, сега почна и кај мене да кенка, а му пуштам цртан одма престанува како ништо да не е или пак да го изнесам надвор, ама сега и времево не е баш за надвор.. веќе не знам што да правам, а април веќе треба да почнам со работа..а со никој не седи.. Преспива повеќе пати на ден по пола саат, многу ретко по два плус по пола саат.. Му излегоа долните единици, гледам горните веќе се набабрени и малку доле двојката како и таа.. совет или искуство на некоја мајка како со моето бебе..дали премногу е размазен ,е го мачат забите или што е работа..
Здраво, за мајките од Ск - ги вадите бебињата на прошетка на ладново? Сакам сега да го шетам, надвор 2 степени вика апликацијава, а филс лајк -2. Два дена не сум го шетала - времето дека крш. Ама ај денес не врне па сакам да искористам.
Пуштам, и мене ми се свиѓаат, ама она не ги бендисува. Само Кокомелон е главен. Многу дуваше деновиве и не сум ја изнела. Исто и кога беше многу загадено, мирисаше ужасно надвор. Иначе и на ладно и на малју дожд сум ја вадела надвор, особено од кога прооде, многу сака надвор.
@Happyinlove со борби. Коса ми се крева кога треба да сменам пелена. Пред некој ден ми ја мавна пелената и шлакнаа гомната на земја . Во глобала ми бега, се врти, плачи кога облекувам блуза, права борба
Мајка запчињата се најверојатно, а и период му е кога е кон мајката приврзан најмногу. И мојата е слична, ние сме 7+. Мојата седи со други, ама кога ќе ме види плачење, липање дури не ја земам... Треба да си најдиш некоја личност што е почесто со неа, баба тс мајка ти или свекрва, или тетка било кој поблизок што е често кај вас или живее со вас. Да се навикни со друга личност. Па после ќе следи навикнување во градинка. Се по ред како шо си иди. Смири ги нервите и терај напред. Првата година дури влезиме во шема ќе потешко, дури научиме како реагираат, шо сакат, шо ги нервира, јадење итн.. Секое бебе е различно.
ПедијатАр ви го даде ова? Ова препорачува да се земе. Исто како рецепт да ти дале. Уште на каши не беа почнале да собираат поени.
Ми го даде докторката кај вакцините и сега да одам да си земам кашички на рецепт а?по поволна цена се или ?
@hub не ти е бебето размазано. Едноставно такво е. Мојата уште не сака непознати луѓе, но далеку е подобрена од пред тоа. Пред тоа плачеше и кај баба и покрај тоа што ја гледаше секој ден, но како почнав со работа, со неа е, па се научи да седи. Кога се враќам, таа пак лета на кај мене, но барем не плачи.
Палешка и мојата не плачи со баба и, барем 2 и пол часа вчера што бев излезена. Ама кога се вратив, само што влегов во ходник и гласот ми го слушна почна да кемка, па дури се пресоблечив почна и да плачи, а кога влегов со соба леле измешани емоции кај неа и плачи и се смее шо ме гледа, па мрда целата, абе срцето ми го исполни. Со колку љубов само ме гледаше и одвај чекаше да ја земам в раце. Вчерашната случка ми е најубото нешто во последниов период. Малку сум оф топик, но сакав да ја споделам среќата надоврзувајќи се за коментарот.
Дај боже да е се до запчињата, да не е друго само ,дека многу ми е нервозно(сепак до моето кафе да не е,ама гледам после доење одма и поминуваат 2/3 саати до следно доење, едно до две пијам повеќе не...) големи маки виде со првите две доле, сега исто е и со горните жал ми е и не можам таков да го гледам.. Можнои е до некаде да е и размазен, не викам не, бидејќи цело време е само со мене мм и мајка ми (бидејќи со неа живееме) одат на работа а свекрва ми многу ретко иде иако не оди на работа.. јас повеќе го тинтрам, чувам и се, буквално се околу него, и ме фаќа паника дури, и не знам како ќе биде кога ќе почнам на работа, знам дека нема да сака да седи со никого.. 8 саати се во прашање.. знам и дека треба да почнам да го оставам по малку, еве на пр вчера седеше со мм 3 саати имав работа до град, повеќе не може, веќе му беше време за цицање.. ма да има време 2/3 месеци до тогаш... Порано со гости како да нема бебе, сега само кенка дури некогаш незгодно ми е, да не речат што мајка е, ма никако не си..бебе е не разбира уште.. Па и здрвено не бива.. Леле се распишував ☺️ искористив време дур спие бебе
Абе мајка и ние сме исти, ти кажвам излезна ако сум и по 3 сати максимум плачи. Ама и се цица нормално. А пред месец да почниш на работа почни полека не и давај цицање, дај и кашичка, па по пола час вода и така, па по час или час ипол дај и ужинка. Па пробајте и без твое присуство, да се навикни и друг да го рани.
Бебка наполни 8 месеци и сеуште редовно си бљуцка и повраќа. Сум пробала и со помалку млекце/храна ама исто е. До кога би требало да се среди ова со рефлуксов? Некоја со слично искуство? Дали треба да и направам дополнителни прегледи и испитувања?
Јас да уште одамна, забавни се и поучни, сеа она е мала не разбира толку многу ама има епизода азбуката на биби и биби бои и многу ја сака, и играчки купивме
Моето бљуцкаше до кај 4-5 месеца кога почнав до цврста храна и до тогаш ми викаа на педијатар дека е нормално. На 8 месеца ми звучи малку касно за да сеуште има мака. Не дека е нешто многу страшно, ама може има некоја интолеранција, консултирај се со педијатар што може да се провери.
@*Sara* мојата бљуцкаше до точно 9 месеци. После цицање и после пиење на течност обавезно, некогаш повеќе, некогаш помалку. И наеднаш се среди. И јас почнав да се загрижувам веќе, но ете се поминувало. @Makedonka007 , многу убаво чувство е кога детето ти покажува љубов. Колку и да е напорно тоа што ме бара мене, се топам кога ми се радува и едвај чека јас да ја земам
Се консултирав, никој ништо конкретно не ми кажа ни па ме упати на нешто. Сите викаат здраво е бебе, си напредува.