Со што чистите под и мебел дома? Само со вода поминувам сега ама се си мислам не е доволно, само шлапа со рацете
Супер штом е така. Јас лично би тестирала сама. Една недела исклучи јајца, една недела млечно (или земи поинакво, сепак мора да внесува), една недела глутен, и ќе видиш.
Добар ден мајкички Ме интересира дали знаете колку денови по вакцина не треба да де воведуваат нови намирници? Докторката ми рече сега не давај нови вкусови,но не ми текна да ја прашам по колку дена можам да давам
Здраво мајки, едно прашање до вас.Бебчо има 7 м , сменив млеко комбиотик 2 меѓутоа не сакаше да го пие, дали вкусот не му се допадна или...Како и да е сменив со хумана 2, меѓутоа еве цела недела станува и во 5-6 за јадење, досега јадеше околу 2 па наредно кон 8 .Прашањето ми е дали треба да сменам млеко, дали има некое покалорично, да го заситува или е некој период?
Девојки кога пријавив позитивен тест,кога пишав во труднички,па во се породив....,па во бебуш 0-6 месеци и дојде на ред да дојдам и во 6-12...леле лета времево...Бебуш ми е 6 месеци,ќе ми прима вакцина рота трета доза а во меѓувреме почнав со кашичка од морков,пашкана.Дали да кажам и дали ќе ја прими иако јадел?
Подобро да зголемиш цврста храна отколку друго млеко да пробаш. Колку оброка и колку шишиња млеко има на ден? Мислам дека после вакцината не се воведува ново, пред тоа ако си дала не е битно.
Веќе два оброци има, доручек и ручек меѓутоа не јади многу..млеко неколку пати меѓутоа или 90 мл или 120 мл , ништо повеќе инаку во тежина си напредува, 8200 гр беше на контрола на 6 м.
Не мора да значи дека станува од глад. И ќерка ми не пиеше повеќе од 120мл АД, а и не е општо некој јадач, па не стануваше ноќе за јадење. Бидејќи не е добро често да се менува млекото, би ти рекла почекај недела-две, може му е само период. Ако не смени пак, тогаш пробај друго млеко. Ако е стварно гладен, мислам дека би пиел повеќе количински.
Очајна сум, помагајте. Ќе полудам веќе незнам што да правам. Ова бебе мое не спие луѓе ич! 2 саати ако ги сврзиме навечер е успех на векот! Цело време кемка, прета, плаче. Здраво, право, напредно бебе е во секоја смисла нема двоумица тука. Верувајте неможе ни дремка да ме фати, само ќе се покријам и ете го се буди за презаспивање повторно. во рок од еден саат вчера 3 пати се презаспавме а рачунајте заспиваме во дневна никаде на друго место. И така префрлајсе пак... Се губам преку ден неможам да издржам. Тоа ли бев јас? Никогаш не ми се спиело преку ден а последно време паѓам. 9 месечно бебе да ми е здраво и живо ме убива ми иде да се самоубијам навечер..... 3 и пол години не сум спиена како човек ама барем поголемиов колку тешко да заспиваше бар 4 саати ќе спиевме потоа. Цела ноќ нишање сме, или тоа или да не го заспивам ич е работава, а да не го заспијам неможе нели бебе е... Сега маж ми е на одмор а кога ќе почне 3та смена што ќе правам тогаш?! Ми иде глава од ѕид да акам!
Вака беше моето точно полни 9 месеци. Потоа преку ноќ почна да спие по цела вечер од првиот ден на 10ти месец. Претходно пробувавме техника мм да ја презаспие, а јас во друга соба бидејќи сакаше со цицката како цуцла да спие. Не ни успеа секако али се обидовме две вечери по ред. Потоа се случи чудо и еве до денес 12+ спие по цели ноќи. Ако стане и подавам вода и продолжува. Се чувствував исто како тебе на раб на депресија и лудило. Ми помагаше преку ден да одам сама во соба нејзе некој да ја игра саат/два, а јас да гледам во таван или да плачам. Кога ќе почувствував дека се губам легнував на под до неа и не ја кревав да не паднеме. Цртани, песнички било што да и задржи внимание додека ми помине вртоглавицата. Јадење најчесто тегли за неа за нас леб и заби. Останати обврски по дома сведени на нула. Мм метеше од кога ќе ја легнев кај 21ч и ќе ја засредеше кујната. За неа не помагаше ни прошетки, ни нови доживувања. Уште повеќе се будеше после тоа. Некои бебиња кај 10ти месец почнуваат да спијат по цел ноќ, некои како на @lackygirl за жал продолжија со неспиење и на 14+. Само канализирај ја негативната енергија оти себе си ќе си наштетиш. Направи си план до кај си и држи се до тоа. Обврски на мин и магнезиум, железо и б6 во редовно мени. Ти посакувам да сврти наскоро. Чувај се.
Ти благодарам, се надевам ќе смени, претходно бевме добри, спиеше, со пауза од 3 да речеме неспани денови но тоа не е страшно, сега вака... Уште да бевме на доење и тешко мене, среќа не сме, а и до душа несака млеко навечер да пие. Почетокот кога се роди ни беше ваков, првите 4 месеци и затоа ми се намали млекото и го одбив.
Љубави, па где си ти. Јас не сум те прочитала од труднички уште Сега ти барав и рачунав. Тукушто излегувате од фамозниот 6-ти скок. Сега те дрма завршниот дел. За некој ден ке биде супер бебушот. Ајде мајка, можеме ние
Јас ни сама незнам кај сум тука сум немам време ни нерви некако да читам и пишувам. Ме имаше чат пат, и сега така некако. Абе овие скокови колку се 38292 излеа, така ми се чини, на секоја недела мислам скок имаме еве и сега до него седам, пишувам и нишкам зошто прета се буди, чудо, абе минимално шушкање, тропање го буди, и отварање на безшумни врати. Дури пред да отворам сега на форумов дремнав 4 минути дури Јас незнам, ова мое дете почнува да оди, тера по кревети, маси, се префрла без проблем од пред да наполни 8 месеци, голем дечко ќе речеш а не спие како таков Да, можеме знам, верувам, се верувам додека не се стемни.... Големиот заспал, сила ти снемува тотално, си викаш еве и малово заспа ајде во спална... Ииииии.. таман си се покрила ете го ОП станал. Пцуеш мајки шајки ајт пак на заспивање, и пак и пак.... Каков е овој скок мила, што кажува?
Што да ти кажам. Ние сме на почеток од скокот. Како пишуваат друшкиве наши, после овој скок ќе имаме ново бебе. Право човече. Така да ти веќе си на крај мајка. Издржи уште ден два. Детево ме излижа, ишмука, изгриза се мрднав веќе
Значи моево направи скоро година и два месеци никако да се тргнам од групава чекам уште малце дриштво.. Земавме прв пат сега хип 3 дека нели од година дена.. Уште не сум и дала.. Да се спремам за бунење или може и лесно да го прифати?
Ох знам за тоа шмукање по цел ден, тоа му е бакнување, кога ќе ме грабне со рачињата па да ме јаде да ме гушка, абе радосен, прерадосен, дури потскокнува, па после се пика во врат кај мене, ме дише она длабоко па ми прди со уста на кожа Искрено ме утеши, фала ти многу! Ќе издржите и вие и ние и сите Плачки, коси кубење, подочњаци се со ред... Еве сега земам сила мм го заспа па јас ќе го презаспивам додека тој спие па на смена(додека е на одмор). После мамето ми се плака знам. Ама ако си во право дека за неколку дена ќе се стабилизира, идам да те изгушкам да знаеш