Читав наназад низ форумов, за синдромот сидс и за аутизам..кои се симптомите да речам, еве за аутизмот и на која возраст? Многу сум исплашена за тоа
Пишувам во оваа тема по прв пат за да прочитате и вие со постари бебиња. Ми треба совет. Бебе за некој ден прави 6. Го приметив како главата ја клати сеуште лево десно. Значи цврсто знае да ја држи, ама обично кога ќе стане од спиење и ќе го дигнам баш онака му иде лево десно како да се тресе. Т.е како на почетокот кога не ја држат убаво. Иначе нон стоп е на меше, убаво цврсто ја држи. Ме загрижува вака понекогаш што прави. Има простор за паника?
Имаше и мојата таков момент. Пробав да ја ставам на 6м во џампер и се траќаше напред назад. Колку пати од нас се удараше лице со лице па плачки а и она си а држеше главата многу порано. Веќе од прилика на 6ипол месеци се среди тоа.
Не знам дали е проблем, период, ама детево ми заоѓа коа ќе види други деца. Дома е немирен, се качува секаде, лази, се смее на возрасни, ама деца колку и да инсистирам се повеќе и повеќе не сака. Ќе се пушти ли набрзо. Мора да оди во градинка, или па јас го форсирам. Не знам.. Лут е, одма почнува да вика. Мам мам... ааау..се дере..
Моето има 6 месеци и уште ја тресе,не многу но има моменти.На контрола велат нормално било....Бев кај Сајко и кај матичната
Здраво од мене. Од денес и јас ве дружам на темава. Од пред некој ден почнав да ја читам си ред да видам кој што пишал,што се дешава одприлика и прво меѓу почетните страници е опишано неспиењето кај бебињата од 6 месеци. И богами за малерот еве 2 дена и 2 ноќи кај што бебе едвај спие. Од 24 часа сумирано одприлика 4 само спие. Ме чуди како бебе да не спие. Со првото дете ич немав мака со спиење. Уште од вториот месец цена вечер спиеше и преку ден си преспиваше 3-4 пати со поголеми дремки. Ова сега стварно не знам што е
Да ве поздравам и јас, влегуваме во 7ми месец, јадеме на 4 часа, во 5ти скок, чудно однесување за бебе, почна да вришти кога не му е по кеф, 3мин е заинтересиран за нешто и толку, се надевам ќе се смени, забчиња немаме, си чекаме, го мачеа пред некој месец и после не, мачкавме со гелови и се смируваше, сега абер нема. Почнавме со 3 оброка каши на ден и 3 по 150 мл млеко на 4часа, станува ноќе за пиење , тоа од како се родил, може ќе смени па ќе се наспијам и јас Одам на работа од 2 месеци го оставив со мака ама тоа е. Ги чуваат баби, се организираме некако. На ортопед сме бареден месец, околу 4месеци немаше оформено јадра, сега ќе видиме каква е ситуацијата, се надевам се е ок. Скока во џампер оној дубак-џампер што е, па и подзастснува, страв ми е малку, ама сака да седи и подзастанува во џампер. Јаде па и пробира, рано ни е за во хранилица, глава држи, гука, вика жив циркус е, пу пу да не е за урок.
На 7м воопшто не е рано за хранилка. А кога не си сигурна дека има јадра избегавај да го ставаш во џампер, исчекај ја контролата.
@Adeline Мила, мојата станува во 2ч во 4ч и крајно во 7часот, жива ненаспана сум и јас. Вчера бев излезена кај 10ч сабајле и со наочари за сонце на мене, а сонце нигде, готово за врнење. А шо да прам кога ни коректор не ми ги покрива подочњаците. @Мариаа. Само за утеха да споделам.. Бебе е 7м, пред една недела забележав како ја мрда главата лево, десно како клатење.. Сама бев дома и филм ми се направи да не и е нешто страшно, почнав да и викам по име, не брее не се врти продолжува да си ја клати главата. Готово паника ме фати, почнав да плачам, да липам. Зедов на патронажната и се јавив, на мм, абе сите ги испаничив за ништо, бебе здраво право, тоа и било онака од радост и некоја како игра... Ќути, ние мајките, посебни првородки, се само стресови сме. Едит: мислев знаци на аутизам нешто слично
Мајки ваш совет ако може.Бебчо е 7 м, од вчера со затнато носе па не може да спие, плачки цела ноќ.Ставам синемарин капки, правевме и инхалација со физиолошки раствор ама за аспирирање мака невидена.Со аспираторот од чико не ми оди дали да купувам електричен аспиратор, дали е ефикасен ако некоја од вас користи? Или кажете некое друго чаре
Ништо не треба да влечеш ако нема секрет. Нема ни што да извадиш. Можеш само бељја да направиш, ќе повредиш некое капиларче и ќе го раскрариш. Да не ви е сув дома воздухот? Доволно е само синомарин почесто ставање и толку.
Ајде да пишам прв пат тука. 5 дена до 6 месец. Бебе до сега цели 6 месеци спиеше цела ноќ само 1се будеше да цица. Но последните 3ноќи се буди на 3-4 часа и ако не ја земам или нацицам кемка. Дали 5 скок е вака или кај нас нешто обратно се случува? До сега ни еден скок не почувствувавме. И неколку дена одбива да цица. Само заспана цица. После синко И мм јас се разболив со ТТ 38 можно од антибиотиците да И мириса млекото па не го сака. Пробав ад но нема шанса да помине. Го плука. До сега кога беше гладна го пиеше но месец дена немав дадено и еве не го сака. Еден оброк и давам но другото треба да е млеко до година . А всушност таа овие дена само малку цица и по 90 мл молзено што И авам. Дајте совет некои Каши со ад што се приготвуваат да и земам. Воопшто не ги сакам ама морам. Од оваа имам ама мора со вода да се прави? И лобело бисквити имам но некако ми е шубе да дадам ај малку хелп
Мајки прашав и во претходната група ама и вас да ве прашам на колку месеци почнавте бебето да го шетате во стандардна количка наместо во корпа?
Бисквитиве се преблаги. Ги пробав прво јас, не можев да ја голтнам од што ми беше благо. Другава каша се прави со вода, бидејќи веќе има млеко во неа. Многу е мала, претпоставувам сега сте почнале со јадење. Можеш во ориз да и ставиш, палента евентуално. Ако скроз ти се одбие, тогаш пробај млеко во шише. Пробај со друго адаптирано. Ама кажуваш дека цицнува и пие измолзено, мислам дека е доволно.
Ти благодарам. Со шише немаме проблем. Пие од прв ден од шише и молзено млеко, и ад првите месеци ја дохранував и чајче. Но сега за ад не сака да чуе. Подолго време и немав дадено на ексклузивно доење бевме. Само цицка и молзено сака. Друго се си јаде, лакома е многу но сега брзо почнавме со вкусови и прв оброк не сакам така да ја трупам со јадење. Мора млеко да пие. Ноќеска повеќе пати по малку се молзено, денес Исто околу оброкот и поминавме некако. Но гледам пак си цица. Можеби и скокот е 25 недела по термин, 26 по раѓање. И јас после твојот пост ги пробав бисквитите навистина благи се. Ќе јадат мм и синко.
Нема шанси подобро да го сликам,цел грб е нафрлан и изгледа како од комарци цел да е изеден,дали се ситни брунки незнам неможам убаво вака да видам. За од топло да се не верувам,боди на кимони и боди на долги носи само,дома денес ни греење цел ден немавме. Жолчка е јаден денес. Се мислам од пот да не се. Синоќа многу се потеше на главата. И прашање бр.2 Давам пробиотик и повторно е со пролив , бар еднаш на ден. А многу често има на пелените како од грчеви кога имаат траг од кака но голем е више 10м. за грчеви. Кака често мин 3 пати на ден. Да закажувам што побрзо на лекар за стомачево? На адаптирано млеко е
Мојата на 10м имаше грчеви 2,3 пати, давав капки за грчеви и и помина. Ако траат долго однеси го да го проверат. За ова на сликата не се гледа добро. Првпат даваше жолчка? Види како ќе биде дали се шири, дали се повлекува.