Мајки, ви се потат ли многу бебушите во главата после пиење млеко/цицање и при спиење? Мојава се прави утоп, како бањата.
Од денес сме во оваа тема уф ама лета време. Ја започнуваме со пласкање со рачињата, а продолжуваме со борба со тврда храна. Ве поздравуваме и останатите со поголеми беби постари од наша генерација
@*Sara* да и мене често ми се случувало да ми се поти. Ќе ја избришев со крпа и толку. Посебно се случува ако носам плетена блуза, за време на доење зборам. Нема гајле, не е страшно. @Septemvri Добродојде
@Presrekna денешните резултати после 2 месеци капки сидерал Хгб 115. За неколку дена сме на контрола кај педијатар па ке видам што ке каже.
Среќо,да се повлече... вчера и денес не давам жолчка утре ке дадам па ке следам... се надевам не е од жолчката.
Исто и ние бевме. И јас дадов жолчка вчера, букна на ногата дерматит. Денес се повлече. Во четврток ке давам пак 1/8.
Дај и од друг производител тогаш. Кај мене реагира на оние од каде купувам. На некои жар во образи, на некои нема ништо. Купи везе шари најдобри беа на времето.
Да купам и други ајде да пробам,и дадов од тие што користам за нас. Домашна кокошка кај да и најдам да и снесам јас
Домашно петле само можиш да најдиш оти кокошки не колат бидејќи тие се стари, не се колат тие си умираат сами Ме насмеавте со муабетот
Има ли овде мајки на деца од 6-12 месеци или сите заминавте во друга тема Сама ли останав Инаку, детево мое инат мал. Луѓе, сака да јаде ама само неколку работи. Нерви немам. Месо ни да види, никакво. До кога вака
@srekice има, има, ама некако како се префрли остала екипа во 12-24, оваа замре. Сега нова постава ќе дојде . Малата кај мене деновиве е многу умна, научила нови работи, кажува како брчи колата, прави петка, бакнеш праќа. Абе радости живи, дека детето почна да разбира . Роденденот се спрема во полн ек .
Ти знаеш дека како сенка сум ти не те оставам Ако јадела досега период и е. Ако не јадела хмм тешко е. Мени на риба тоа го јадат сите. Од хип тегли ретко некое да одбие. Два пати неделно давај риба. Месо дај свинско телешкото им смрди. Прај го како ќофтиња мелено печено во релна успева. Секое во мелена форма успева.
Здраво и од над. Од денес стартуваме со оваа тема. Бебуш ми е дегѕстатор невиден , што и да му понудиш тој ќе си апне, битно да е благо. Во однос на зеленчукот , почнав да додавам јогурт или к.млеко за да јаде. Големиот фамозен 5ти скок го поминавме со малку нервозни моменти придружени со две запчиња истовремено. Засега де вративме на старото темпо на спиење и се надевам подолго време така ќе остане. Петок вакцина, се надевам ќе е без проблем. Претходниот пат качи мали тт. Засега друго нема , се надевам и тука ќе е активна темата како и од 0-6месеци , идеме наваму цела генерација бебуши кои се бркаат за ден два и ќе имам добри совети од поискусните.
Ќофтиња ние уште немаме заб кор дете јаде блендирана храна. Доручек хељда/овес со слива и авокадо. Ко луда е 200гр ги мава. За вечера палента со јогурт или гриз со молзено млеко Месо свинско не сум дала сеуште. Оваа отвара уста кога давам оброк, но проблемот е ако не и се свиѓа, затвара тоа пештерата и јок јадење Инаку, тнх што ме пазиш и мислиш на мене друшка си
Ам праиш среќо ќофте и го блендираш ќофтето. Телетина или што и да и даваш. И ако нема заби не значи да јаде блендирано вилицата и е толку јака пикни прст ќе те увери. Може се да џвака без проблем. Менувај текстура голема мома е за блендирано да не блендираш до факултет.