Јас ке му блендирам до денот на свадбата,после нека му ја мисли невестата ( тршка леб да е покрупна од сусам одма ја плука и глуми дека се дави,маст да е мазно ) . Да прашам,на офтамолошки преглед кога се носат? Не сум прашала педијатар,а јас имам проблем со очиве имам вродена катаракта па се плашам да не наследил...
Има еве, 8м, храна исклучиво парчиња, сам да јаде. Има 6 заби и ми требаше време да сфатам дека лажица не сака да види. Јаде со две раце. Денес топчиња гриз со какао и варена јаболка парчиња. Месо сварено иситнето со зеленчик прилагодено сам да јаде. Јас генерално не го ранев од старт, му менував лажици, сам сакаше, беше борба, и така и така пробував, јадеше еден пероод многу, па намали... Луѓе се утепав од чистење два пати дневно џогирам, па ако се засуши не се вади, па на колена со крпата. Хаос. Земав глос влажни за паркет. А и мушама да ставам, и неа ќе треба да ја бришам и собирам. Ќе му дадам смокичка, па ќе јаде па ќе ја изеде до раче, па ќе ја чукне од послужавникот да ја фати погоре, па од тоа ни трошка не останува.
Жено вриштам значи. Моево и твоето се во ист калап калапени. Пиши ми податоци да пазам да не се усватиме, зашто ќе треба и за мојата да блендираш
Абе им го слушате мешето кога пијат млеко? не знам дали е нормално ама пред некој ден ја слушнав како и праи звук мешето ко пола полно шише со вода нели кога прави жгљп : D не знам колку ме разбравте....
И праи и на мојава коа ќе се изнапие вода. Млеко не пиела од шише, не знам за млеко. Али истото е. Течност. Ништо страшно.
И јас тоа се мислев. Јас сум со астигматизам и очила малтене откако знам за себе. А ја гледам деновиве ги подзатвора очите и трепка ситно кога сака да фокусира поглед. Моите така ме приметиле мене дека нешто не е во ред. И каде би се носело бебе на преглед? Во обична ординација претпоставувам не.
Ич не сум запознаена дали има посебно офтамолог за бебиња/деца. Не би го носела во обична ординација , не сум ни видела толку малечко да носат...може во систина офтамологија да одат,јас не сум била таму незнам , ке прашам следна контрола на педијатар. @srekice сваќе иста судбина жено. Единствена разлика е што мојов има 1 заб а вие немате. Друго исти жими мајка
И мојата не сака сама да јаде. И имам дадено во раче храна, таа си играе со неа, или само ќе ја лизне и рашлапа насекаде. Сака јас да и давам, седи и чека. Блендирано јаде само месо, другото го пасирам. Парчиња уште не сум и дала, затоа што знае да се дави ако има остане некое конче од месото. Инаку лепче, бискоти кога и давам во уста, си џвака убаво. Има три заба.
Na kompjuter im merat dioptrija na bebinja. Mozete da gi gdnneseye mlekce Доктор Роберт Ристевски кај Беверли има ординација. Во Систина Офтамологија ја не би носела дете. Мене возрасна ми утнаа диоптер за бајаги..
Дечки ова дубациве што се 3во 1,се дубак, џампер и клацкалка. Клацкалка што е? Има потреба од такво нешто? Дека бендисав еден дубак и џампер е нема клацкалка а скоро иста цена е па ме интересира дали некое бебче ужива и го користи ова "клацкалка"?
Јас кај Игор Исјановски ги носев во државна, ама тоа беа прегледи за очи за прематурчиња, така на вратата пишува од ординацијата, нормални бебиња незнам каде...
Едно прашање, што ги учите бебињата. Јас го учам браво, плеска со рачињата, плеска и кога ќе се радува и после јадење кога нешто многу ќе му се допаѓа. Го учам чао, ама не прави уште, го учам како прават животните од една книга, ама не задржува внимание многу. Надвор за маче и куче му покажувам. Дајте некоја друга идеја за учење на вакви работи. Мојот има 8м. Редовно си играме со кутивчиња, со шишиња, коцки редиме заедно, сака патенти и етикети, цел ден би отварал и затворал патент. Сега планирам сензорна табла да му направам со иверица, да појдеме до хубо по материјал.
Супер си, сите овие работи мојава едвај до годината ги научи. Барај на инстаграм Активности за деца, има профил со триста идеи за сите возрасти.
Ги знам, даааа прекрасен профил, ги правиме, боевме со темперни низ фолија, шишиња сензорни итн, но мислев да го учам нешто друго. Пред некој ден, го учев тука-таму со прсте да прати поглед, ќе пробам пак, очекувам напредок. Знам дека ќе научи и сам, ама додека сум дома, да искористам нон стоп игра.
angel постов вистина од многу одамна ти е ама да прашам сигурно се работи за трајно млеко така? Ако е така јас трајно секако не би дала на бебе бидејќи штом е трајно има т.е што се нема внатре за да е "трајно" кога би требало да давам сигурно ќе е свежо кравјо - варено млеко
Мајки, прашање од моја пријателка.. Бебе скоро е 8 мееци, ја интереаираше за развојот, знае дека секое дете е различно, но сепак ја интересираа ваши искуства околу Моториката, психичкиот( да речам) развој и комуникацијата, слухот на бебето.. не секогаш реагира кога ќе му се обрати со име, или му збори, не го интересираат многу играчките..па би било убаво и некој совет
Малата има два заба доле и еден горе, но многу почна да ги шкрипи. Ја опоменувам но не разбира, интересно и е. А тек гледам набабрени горе уште три заба, кога ќе испаднат и тие ептен игра ќе си има. @Spidy совет што да превземам
Им проаѓа. Мојава прекина кога искочи 4от заб. Знаат да прават и кога ќе им никнат и четворки. Нема потреба да ја опоменуваш, не е никаков проблем, освен што е језиво за слушање. Ќе си игра некое време и ќе опрестане.
На педијатар нека ги образложи овие работи, може детето со слух има проблем па додека е мло нека му испитаат. Од моторика на осум треба да седи самостојно, некои лазат, знае песна да препознае, итн.