Ништо само ќе си престани, неколку дена така правеше, после по 1 месец кога имаше нови заби пак некој ден шкрипеше и толку, сега веќе не прави така.
@lackygirl , @Spidy претпоставив дека сега од што и се нови па истражува што може да праве, но се мислев да не е лошо за забите шкрипењето. До душа сигурно ќе и помине навиката исто како и за се. Една недела кажува како бучат колите и потоа наеднаш не сака да каже . Па ајде нешто друго ќе научи, тоа ќе го кажува една недела. Туку малата многу ми ја ојача мускулатурата овие денови. Оде ако ја држеш и за едно раче, по маса, ѕид буквално трчи. Ја очекувам за брзо да собере храбост и да даде некој чекор .
Речиси сите деца го прават тоа и секако ништо не може да се направи за да се спречи. Кога тоа шкрипење се прави со години (има и возрасни што го прават тоа), може да се оштетат забите и има апаратчиња штп се даваат, ама за деца не. Речиси сигурно за кратко време ќе престане со тоа, ич да не се секираш.
Некоја искуство со zyrtek сирупот? Вчера ми го препишаа за синко, 7 месеци ми е.. За атопичен дерматит..
Колку што знам зиртек за алергија го даваат ако не грешам. Ако немате испитано алергија ( а кој толку мало дете не може со сигурност да се испита) немој да даваш. Плус за дерматит. Многу е мало за анти алергени сирупи да даваат. Оди на второ мислење.
@BabyT* @Presrekna На самото упатство пишува за деца над 2 години.. Не знам зошто ми го препишаа Го земав..ама некако не мислам да му дадам
Јас го дадов првпат кога имаше 8м, ама како што пишав и горе со пликови по цело тело, како реакција на храна. Дерматит има од 2риот месец, користам купка и крем за дерматит, во краен случај кортико по препорака од педијатар.
@Presrekna Нема пликови, моментално само по некое мало лишајче на рачињата. Ноџињата и мешето му се смирија само од павловичева. Ни биодерма, ни мустела, ни афлодерм ни другата не се сеќавам веќе.. За друга работа отидовме, за ова ни дадоа..
Би те советувала да внимаваш на исхраната доколку доиш,исто доколку малото јаде. Незнам колкави сте. И дефинитивно би побарала друго мислење. Мислам дека и на @srekice му препишаа сируп за алергии, за дерматит и немаше подобрување. Така ми е во сеќавање.
Да, на доење сме. 7+ и со еден оброк. Внимавам со исхрана, не можам да приметам од што може да му е.. Се мислам за ремедика, за мислење..ама не знам кај кој..
Води си дневник што јадиш,што му даваш. Кога ќе се вцрви дерматитот значи дека бил во контакт со алергенот. Може да е од многу работи ама вака како што кажуваш не е нешто многу раширено. За Ремедика незнам да ти препорачам.
На градите, мешето и ноџињата имаше предходно, дали што го мачкав со павловичева му помина, дали јас сменив нешто од исхранава, сега моментално само на две/три места на рачињата има, фала му на бога само да не го подречам Го мачкам уште со неа, па ќе видиме.. Битно ми е не е како што беше. А сега од тоа да му давам, не планирам, уште од сега да го трујам со вакви работи..да беше ептен, зарем би го оставила таков да ми се мачи. Изгледа морам да го мењам педијатаров..
Да, нас ни дадоа сируп. Пиеше три дена. Кога отидов на дерматолог, ни рече не е алергија. Атопичен дерматит, ни даде креми. За храна ми рече нема потреба да внимавам, не е од храна. И така бидна, поминаа два месеци, не пазев на храна а се повлече. Сега реагира од ладно, но се повлекува преку ноќ. Се помирив со оваа состојба. @hub
Здраво вака малава е 7+ цица и пиеше ад од раѓање, пред околу недела дена никако несакаше да пие ад. Кисело млеко и јогурт обожава.. Проблемов е што од 1 трга во градинка таму нема цице, јас тргам на работа наскоро во 2смени одам ај 1и двете не сме дома ама 2 нема цела ден да се видиме... Друго заспиваме само со цицање, цуцла ретко фаќа И спие до нас креветчето така стое, во него спие ако ја успијам легната на перница цицајќи и сосе перница да ја легнам внатре Од утре сакам полека да имаме измени па секој совет ми е добредојден..
Ти секако ќе бидеш на работа. Тој што ќе ја успива ќе се измачи неколку дена, ама детето сакало-нејкело ќе се навикне без цицка зошто тебе едноставно ќе те нема. Финти има секакви, зависи од детето која ќе функционира, ако воопшто нешто има ефект. Може кога нема да те има во близина одма ќе заспие, не си пробала до сега сигурно, може ќе те изненади. Само убава рутина направете си, истото да се прави секој ден во исто време, така најлесно детето ќе ја прифати промената. За млекото не се секирај, чим јаде млечни производи, нежа гајле, ќе си цица кога ќе може и тоа е тоа.