Во мисла ми е. 6месеци и 2 недели сме. Досега спиеше на секои 2-2ипол сати преспива по 20-30 мин. Овие 2-3 дена подолго преспива а помалку пати. На околу 3 часа. Колку преспиваат вашите бебушки? До вчера кукав оти малку спие сега оти вака долго спие
Нормално е. Не се замарај до толку. Сите сме биле слични, ако малку спие оти малку, ако многу оти многу... Бебе си е, ќе си менва нормално. Си велам до нас е, за ситници се фаќаме. Не велам лично за тебе мила, туку сите сме такви горе долу
Да прашам дали бебушите од 6ипол месеци ги ставате да спијат на перница и ако да на каква? Повисока пониска....
Е мене не ми спие на рамно. До 3 месеци не ставав перница после стави една мала т.е ниска сега гледам дека му пречи. Кога и да го ставам да спие на неа спие само на грб и се тегне како да му е нелагодно
Епа ти веќе на своја рака си ставила перница, незнам зашто сега прашуваш. Како знаеше дека му фали на детето перница? Отропед ти ја препиша како отропедско помагало!?
Да се надоврзам на муабетите од погоре. Исто 6 месечно бебенце,ми спир на секој 2 или макс. 3 саати. Не го редам на перница и јас мислам дека нема потреба. На почетокот ми спиеше само на меше ,а сега не сака никако на меше. Исклучливо на грб
На рамно треба, перница не. По совет од ортопед, а не од рекла казала. Нормално дека ќе му е нелагодно да спие на перница на грб, тргни ја.
се препорачува перница зашто ако го легнеш скрос на рамно им се враќа млекото па препораката е на повисоко за да немаат таков проблем. До 3 месеци (за тоа пишував во темата за деца од 0-6 месеци) после цицање ќе ждригне па го легнував и стануваше почесто пак да го кренам да подждригне да прдне па призаспивање само враце. Е веќе не можев да станувам на 5 минути за тоа да ждригне и му ставив перница. Од тогаш немав таква мака не бараше да стане за тоа туку само за цицање. Познавам мајки што на повисоки перници ставаат бебе да спие затоа и прашувам тука да чујам искуства. Јас на ниска го ставам ама гледам дека некако не му одговара. На рамно без перница не долази у обзир да спие. Се буди @Annath си спие и на страна кога немаше перница јас намести го на страна тоа се вртеше на грб и се будеше.
Не можам да се воздржам, а да не искоментирам кога ќе прочитам за бебе што спие на перница. Добро, не ви е страв, сте прочитале препораки за спиење од организации на педијатри, од светска здравствена, некои сигурни извори, или само старинското терај го? Ептен неодговорно е да го ставаш на перница, покриено, со играчки околу или на меше. Ама ептен. Не спиело бебето никако освен на меше. До кога може да не спие, еден момент ќе заспие. Поудобно заспијте го, удобна облека, собата пријатна, капење пред спиење, пуштете му white noise и ќе спие и на грбче. Не е само стави го и уживај. Извинете, но навистина не ве сфаќам
Никој не препорачува. Ако си слушнала од тетка кли комшика тоа не е препорака. Светски организации апсолутно не препорачуваат.
@marchi-cool Освен свекрва ми, друг никој нема да ти даде ваква препорака сигурна сум. Јас, освен спиење на дете на грб, на рамна површина, поинакво спиење незнам. Така е правилно. Прашан ортопед, кој сигурно повеќе од нас си ја знае работата. Плус мајка, тебе ти е второ дете. Колку толку, повеќе искуство треба да имаш.[/QUOTE]
Не им се враќа на сите млекото, моиве бљуцкаа, па не спиеја на перница. После година и пол почна малово да спие на перница големиов и ден денес спие без неа. Според препораките од стручњаци, перница барем до година не се става. И да, бебиња спијат на грб или на стомак, на страна кога ќе почнат сами да се вртат.
Марчи не се употребува перница за таков случај, туку тие се посебни како душечиња поголеми триаголни под агол, се водат како анти рефлукс пермици околу 700-800ден се. А за перниче само бабиве ми досаѓаат да ставам, а друго стручно лице не ми препорачало. После една год да.
Јас добив препорака од педијатар дека штом детето на меше само си ја крева главата од едната на другата страна и општо може да ја подигне, нема ризик од задушување ни па од срцеви мани и слично. И затоа го редев на меше, и си спиеше мн убаво ,кога потпорасна сака на грб да спие и го редам на грб нормално. Во двата случаи без перница и на тврд душек. Од друга страна и јас и мојата сестра и моите братучеди ,сите на меше сме спиеле па еве не здрави и прави. Мојата мајка ми го кажа тоа ,но ми рече како ке ти каже педијатар така да правиш. Во секој случај безбедноста е најбитна. Јас кога видпв дека само си го крева главчето и грбчето го редев без да се мислам. Пишав во доење но меѓитоа не добив одговор ,ве молам ако има некоја мајка што доела и пиела оспен да ми каже искуство. Јас пијам и општиот лекар и педијатарот а и пишува на упатството дека е безбеден, но сепак се плашам па затоа да прашам. ? Имајте убав ден