на бебе не би дала ни купечка,само превриена,сега сме веќе 7 месеци па за од чешма уште не е време ама мислам дека добра опција би била купечка. Тука и ми е дилемата. Меѓу купечка или превривана.
Мајки, кога вашите деца почнаа да сакаат да стојат? Мали е 8м и од пред 10тина дена, сака да стои. Не е стабилен, но ако се држи за кревет може да стои и по 5мин. За да се исправи сам уште не може, ама се труди и веќе е на пола пат до тоа. Знам дека секое дете е различно, ама ме интересира да не направам некој проблем, а со оглед на ситуацијата ортопед не може да посетиме.
Исто на 8 месеци почна да се исправа да стои. На почеток исто не беше стабилен и не можеше целесно сам да се исправи, му требаше помош. Но на крај на 8 почна сам да успева, се исправуваше кога се држеше за нешто. Се што прават сами си е нормало, не треба да се форсираат од наша страна.
Ајде и ние да ви се придружиме во темава денес беба е 6 месеца како брзо поминува времето Бевме на преглед , вакцина, си поплака малку Ставила +850гр плус 3 см се извишила. Докторката вика браво беба машала си јаде сега за сега не се жалам. Од април ќе воведеме и трет оброк (зеленчук со месо). Ме праша дали се врти , се врти ама бе нешто често. А на стомак да се сврти не се ни обидува. Јас и помагам , ама она назад се враќа на грб. Првата ќерка од 4 месец се вртеше , се мачеше ама сакаше да се сврти. Ова е мрзливо некако ми рече да ја ставам да седнува месецов
Здрави мајки, имам едно прашање бидеќи сме 6 +2 недели ме интересира од кога ги паткавте/ставивте во дубаче или џампер вашите бебуши?
Првата ќерка не ја ставав во дубаче и џампер (педијатарот наш ми рече да не ја ставам) почна да патка на 9 м се држеше околу масата и одеше со помош секако
Help мајки Слива воведовте чиста или мешавте со банана? Во бебе готвач е со банана заради киселоста, сварена ми е сливата не знам што да правам (банана немам дома)
Дај и слива чиста. Не мешај. Мојата обожава слива у секаква форма. Ако се свежи, утре печи ги. Ќе добие на блажина
Момче е, чиста му дадов,со сласт ручкаше ама морав да прекинам на пола зошто ни е 10ти ден пробување вкусови,а ќе си ја мавнеше цела со сласт,многу му се допадна. Иначе варени беа ,имав и замрзнати и суви,мислев посебно да ги дадам ,ама не ги фаќаше нутрибулетот морав се да измешам..
Фаза ползење по книга кога би требало да се деси? Недела дена бебе се подига на коленици и на раце и се влече напред. Утре полни 7м. Да очекувам дека ке почне наскоро или?
Исто и мојата. Во раце воопшто не сака освен за цицање. Се турка за на под. Со газето се крева и спушта. Ако и ставам раце кај ноџињата се турка и оди напред. И се исправа на ноџиња. Ова од колку може? ?? Spoiler Еве ја ко пајак ама стои едно 20-30 секунди вака. Ако ја кренам кенка за уште. А ние 7 полни сабота.
Леле снашка со кики коса Е мојов така се тумба не му може гзот, а се перчи да стои Ај нека ползат барем, веќе не се држат во раце.
Ако се клати напред назад ќе почне наскоро за брзо да лази. Има една фаза пред лазење стои на колена и раце и иде како за седечк па пак назад. Кај мене со пузење почна па потоа лазење. Со газот буткаше и нозете, а напред ја ринеше главата од 5,5 месеци. Мене ме интересира како стои, а сам не може да застане? Оставете ги на мира децата не им ги летајте фазите зошто на крај истите вие ликови ќе плачете за проодување.
@day.dreamer за да е спремно да стои треба само да се исправе. Значи прво требада има доволно мускулатура за да се исправе сам, вака можеш да му искривиш рбет. Се само што праве дете е нормално. @Presrekna исто и за твојата прчла, ако станува сама остави ја, во спротивно не.
Со мала помош се исправува сам. Прво застанува на колена па после ги турка нозете за да се исправи. Не го форсирам ништо, едноставно кога сме на земја само тоа прави. Не е стабилен да стои сам, ама ако се држи за кревет нема никаков проблем.
Нормално неможе да биде уште стабилен сам да стои, мојата 2м се држеше додека да почне да стое сама. Добронамерен совет не му помагај сам нека се помачи и ќе видиш за некоја недела сам ќе станува.
Јас воведов чиста, но бидеќи немам од каде да најдам свежа од кашичките на хип давам. Нема гајле и чиста можеш слободно
Има ли sleep regression во 7ми месец?! Еве веќе 2 дена многу немирно спие, многу прета со раце го тегне ќебенцето на сите страни, нозе крева нагоре во сон и на крај се буди.
Колку што памтам во 8м е регресијата. Дали може а боле меше, или забите ја мачат. Еве мојата овие денови пред да изваде 3ка така преташе и дигаше нози.