Исто. Веќе некое време се друго батали. Не пробува ниту да лазе, ниту да се исправа. Се фокусира на седењето и само тоа вежбаше. И сега седи профи. Ич не сакаше да лежи, многу се нервираше кога беше легната и ми се чини ради тоа највеќе само на седење се фокусира. Ја видов твојата @Presrekna стои потпрена, мојава абер нема. @Мариаа. се пофали дека почнал момакот да лазе. Тоа ни кажува колку само секое дете е различно. Иначе за коментарот за прстињата што го пиша пред ден-два, се е до конструкцијата. Твојата ја гледам на слика какво е бутчиња само за шмокање. Моја бебла нема бутчиња. Тенка долга е, на брат ми. Јас сум ниска, маж е висок ама крупен. Допрва ќе менуваат, ама мене педијатарката уште од почеток ми кажа да не очекувам буце и дека според дијаграмите што ги црта, тенка и висока ќе е.
Хммм да сфаќам, само на пр. Како од легната, во смисла да лежи и буквално да се исправи за да дојде до седечка положба? Јас приметив дека на пр кога го имам на мене со грб и свртен да речиме да гледа на кај тв. И ако е во лежечка положба се исправува и како да седи стои. Ама ако е легнат на кревет не прави така. Кога му давам да јади го редам какополу седнат нели треба да голта. Јадрата и нас ни се покажаа на 4ти, уште тогаш докторот на ехо ни кажа вади повој не ти треба.
Исто за седењето. Воопшто не сака да лежи. Седната ужива. Се труди да почне да лази, напред назад со газето ама во место многу е смешна. А за стоењето кога е во раце само сака исправена да потскокнува на мене. Од на кревет ја носам со нозете на ивицата од креветот и се турка со рачињата на назат и се спушта полека додека не осети тло под нозе. Тоа и е најинтересно сега. Ама кратко 5-6 сексек ја оставам. Многу е мала. А за рачињата ми падна смешно бидејки мојата е куса-дебела. Само за штипење. А во килажа знам тука некаде се. Мојата е 7600-7650гр Синко беше подолг особено прстите на рацете. Секогаш ми велеа хирург или пијанист да оди. И навистина свири пијано и си ги чува прстите од повреда. Спорт никако. Ние сме мешани. Од кај мене се високи ги има И слаби И дебели.од кај мм се пониски. Само среќа да имаат други не е битно
Па од полуседната се исправуваше. Не од легната. Легната напнуваше И главата ја креваше. Сега на лакти се крева од легната но сеуште не може да седне. Само на страна се врти. Ако имаше јадра на 4 мислам ок е да ја седнуваш, но сепак прашање др макар И тел
Ахам, и мојов од полуседната се исправува , а легнат ако е се крева со задните нозе и главата, како да прави мост, уште нема научено горниот дел да го крева, а на меше кога е , исто го крева газето ,рацете не му се зајакнати, ама ке биде и тоа живи смешки е
@Yowannty каката и на беба моја и е ко топчиња, ама зависи што јаде. Од оризовата каша и се прави по тврда и се формира ко топче. Инаку е течна како што беше, тоа бидејќи уште цицаат Сте зборување за седење, беба моја уште не е стабилна , а потпрена седи. Но не предолго , почнува да се нервира ако ја ставам подолго време така. Кога е во легната положба , не се врти ако и помогнам да се сврти на стомак, самата на грб ќе се врати назад
Мајки, имав пишано и во друга тема пред некое време, ама загрижена сум и ќе пишам овде,со цел можеби некој поминал низ ова искуство. Се случува некој подолг период, не знам точно ама да речам месец, месец ипол, бебево мое кога е изморено, гладно, пред спиење и ќе цица (најчесто дење) и кога при цицањето ќе заспие ја затресува главата (некогаш и раката) како треперење, како вибрација, како што се тресеме кога ни студи- ова е опис на тресењето. Значи не се нагли движења, туку нежни, како несвесно да се направени. Траат неколку секунди и престанува. Нели бебињата имат рефлекс да тресат долна вилица, кај нас почна негде втор,трет месец и уште трае тоа тресење на вилицата- скоро секогаш при цицање, а во меѓувреме се појави и ова со главава. На педијатарот и пишав пред 10 дена, ми рече да му давам витамин Б6 два пати по половина таблета.Една недела давав така, но се случи во текот на неделата еднаш, два пати повторно така да направи. И кажав, ми рече сега по две цели таблети Б6 на ден и по две омега. Кога ја прашав на што асоцира состојбава не ми одговори , само рече да давам вака 15 дена и да и пишам како сме. Да не беше вака состојбава со вирусов би отишла и на педијтар и на невролог. Не знам што да правам,можеби треба да отидеме на доктор, многу сум загрижена ми се плаче ,ми се рика Дали некој имал или слушнал за вакво искуство? Или да познава невролог па да му ја опише состојбава и да ми каже?
Мајка, а да се јавиш и кај друг педијатар ? Кажи дека ако треба ке одиш ке платиш ,ама слушни и друго мислење,сигурно знаеш и други мајки што одат кај друг педијатар. Можеби не е ништо,можеби само се возбудува бебето. Јас имам приметено некогаш кога се буди и сака одма да цица и почнува да плаче и дури го кревам од креветчето му се тресат и рачињата и главчето ама веднаш престанува штом го ставам да цица
Немам ориз 2 дена дадено ама еве топчиња кака. И болно и е. Плаче дур се напнува... 4 или 5 пати денеска така се искака по едно топче само. Стаив сливи да варат ќе и дадам од водичката... може ќе и помогне. А за вртење мојава може 2 месеци ич не се заврте, не ни проба. И почеток на 6ти одеднаш почна да се рола ко суши. Џабе се секирав, значи се е индивидуално, ич не се секирај за тоа. Се ќе си биде.
Се такви ќе бидат сега Мое бебе имаше два пати мака со какање. Буквално со вриштење какаше, срце ме болеше. Кај нас тиква магично делува. Секогаш му помага. Сливите не баш. Обично кај сите сливи помагаат.
Какo му ги вoведе сливите каша или суви сливи? Треба да прoбаме незнам какo да и направам немам замрзнатo
Кај нас сливите се чудо за какање, исто и крушата и тиквата. До сега еднаш потешко се искака, инаку дури потечно како каша и е каката. Давај некое време пробиотик и масажа на меше како за грчевите. Посебно во вода Кога е.
Од 8+ може. Дотогаш опцијата да го шинеш или искривиш се секако големи. Од легнат треба да седне, а не од полулегнат. Прво лази па седи
Тоа кога и го кажав на педијатарот на пет месеци беше во состојба да ме задави, почна да ми се дере хистерично дека јас сакам да седи, а не детето. Ја зема ја седна на масата и ја пушти малата во слободен пад ласта. Се заврте и ми рече: Ова тебе ти личи на седење?! Срамота. Така да ја чекав сама да се влече за перница, страна од кревет и сама почна да седи од некаде 7+. Стабилна беше од 8+. Прво треба да лази, да се навлече наназаф на коленици и да седне. Така е ортопедски исправно. Значи дека бебето ги развило стомачните и грбните мускули да може да седи. @koritsaki ако не се врти ни сама далеку е многу од седење. Нејзе ни страничноте не и се создадени, она не може ни сама да се заврти, а камоли да седне. Не ја потпирај не и правиш добро. Има време ќе седне.
Јас од ортопедот добив совет од 4+ да го ставам на агол 45°, а од 5+во хранилка на 80°. Моето е момче па може има некоја разлика. Од 4м сам се исправаше за да седи,па го ставав полулегнат,а сега во хранилка се фаќа за послужавникот и сам се исправа на 90°. Во последно време многу сака да лежи на меше,се дига многу високо нагоре со градите. Се очекува стабилно да седи околу 8миот месец,за тогаш имаме закажано и контрола. Бевме кај Тони Талески,можам да ти дадам е маил да го прашаш за женско,веднаш ќе ти одговори.