од 6 месеци го заседнував. Односно од лежечка положба со моја помош седнуваше. Тоа како вежби ни идеше. Ама претходно само даваше напор за да стане.Инаку со потпирање од 6ипол седи исто и кај нас е. Јас мислев дека е опстипација ама не било зашто секој ден по еднаш кака и секој ден е исто.
Едно е да се фати бебето за нешто и да се исправи до седечка положба додека се држи за нешто (за вашите раце, или потпрано во хранилка или со перници околу), а друго е да седи. До сега не сум слушнала за дете што само седнува, а не лази барем. Повеќето колку што знам прво лазат и се исправаат, па после седат самостојно. Нормално дека ќе го ставиш барем на 45 степена во хранилка, нема да го храниш детето легнато, ама тоа никаква врска нема со седење. Ако мораш да го држиш или потпираш за да седи, тоа бебе не знае да седи и не би требало да се става во таа положба.
Денес сме на вакцина. Ич не ме фаќа умот да го вакцинирам. Една моја пријателка минатиот месец ја одложи рота и тие со неа што се ставаа поради тогашните вируси. Се мислам да одам прво кај матичниот да се посоветувам. Ваше мислење?
Ке ти кажам мое искуство, бев пред 2 недели да го вакцинирам бебчо, но бидеќи бев настината малце ми рекоја не, и ме вратија ,бебе беше здраво, после 1 недела пак отидов и беа во паника ради вирусов и пак ме вратија као може да не ти е поминато да го настинеш. И да ти кажам не одам сега јас лично додека не се стабилизира се. А мој совет е да се јавиш прво кај матичниот и ќе ти каже дали да одиш прво кај него или директ на вакцина. Како што читам на вести министерство за здравство изјави дека моменталната состојба не треба да е пречка за вакцинација. Баш кажи што ке направиш
@FreeMind, @Spidy еве мојата е 10+, воопшто не лази. Ма не се ни обидува. За седење, си седи, кога ќе ја седнеш. Се потпира со рачињата лево-десно. Знае и да тресне. Јас касно почнав да ја седнувам. Мислам не касно, чекав полни 8 месеци Страв ми беше бидејќи е женско
Mое бебе почна да лази сега на 7+,а воопшто не знае да седи. Се клати, паѓа нанапред. А лази профи, ептен го усоврши. Се нервирав што не седи убаво прво, ортопедот по телефон партали ме направи
Седењето е најтешката вежба за бебето слично со одењето. Полесно ќе научи да лази отколку да седи. И нема врска пол сите исто се развиваат освен брзината женските се малце попргави. Претпоставувам сега чека да ја седнеш бидејќи сама не може да седне и ако ја оставиш легната ќе плаче бидејќи добила друг видик и не сака да лежи. А сама не може да седне и некој “седи” со неа. Да била на стомак цело време досега ќе седела стабилно али не била. Била малку поплакала и оп во раце. Сега земи паткај ја да ти откаже половината до некаде 15+ кога ќе прооди. Па јави после да ти пратам стегач Секое бебе различно али оние што седеа пред да лазат беа бебиња кои беа потпирани со перници и имаа среќа да не паднат и да се изместат. Знам дека е најтешкиот период кога не седи ниту кога лази. Нервите се при крај не сака на стомак нон стоп во раце ти иде да ја спуштиш од прозор. Али ќе помине. Дотогаш на стомак за да може да се крене. Штом се крене иде лесна фаза барем мене ова ми е најлесно до сега. Си оди јас си одам по неа ја пазам нормално и помагам али не е напорна. Сега ќе почне наназад да се враќа ќе приметиш. Како во клечечка позиција и ќе сфати дека така се седи. Брзо ќе дојде тоа кај малиот.
Паткање нема да види, тоа сигурно. Инаку, лежи на стомак. Се крева на коленици и на лакти. Но никако да тргне Не ме карај ма и ти одма
Ќе тргне пстави ја да тргне. Ставај играчки биди кловн и наеднаш ќе тргне. Така ли звучев како да те карам? Шлапни ми една по муцки!
Мене матичниот педијатар ми рече од 6 да го "учам" да седи, а абер немаше од лазење. Сега сме 7+ почна да се пушта да лази по малку ама јас цело време си го седнував и сега ме загриживте
Не , не ја форсирам да седнува , педијатарот ме прашуваше сега последниот пат дали седнува самостојно, и викам не, ми вика па добро да уште мала е и ја стави да седи и виде дека паѓа. Ми рече да ја ставам на перници седејќи да се потпира.. Мене ми беше прашањето дали сите деца мора да се вртат на стомак , или има некои што не се вртат воопшто. Првото дете од 4+ почна да се врти , ова абер нема
сега ми текна нешто. Свекор ми со малиот син (10 години) пред некој ден беше во Скопје на хематологија после маж ми беше кај нив со викам да не донесе некој асимптоматски вирус. секако ќе одам кај матичниот да ми препише д3 и ќе прашам да не го маткам бебево по лекари. Плус викенд е. Јас би да почекам до понеделник па утрото да проверам кс (нешто што никогаш не сум правела - крвна слика пред вакцина) ама ко ќе мора мора.
Моето бебе одлично напредува но на стомак не сакаше да се врти. Се сврте неколку пати на 4-5 месеци и толку. Јас цела во прашалници кога го однесов на ортопед на контрола, таму ми рекоа да имам трпение, секое дете си е различно. Сега на 7 почна да седи прилично стабилно, се врти на стомак и обратно во дел од секунда. Така да мајки...трпение.
Веројатно мислел педијатарот на вежби од 6+ за седење. Има на нет како се прават за зацврстување на тие мускули. Али вооглавном мора да биде на стомак по цел ден. Инаку секое бебе различно се врти некои на два месеци почнаа некои до 7+ не се вртеа. Во секој случај вртењето е првото нешто што ќе го направат самостојно, нема бебе кое не се завртело на страна и на грб и на стомак.
мене ми рече никако. Каква вакцина сега,недај боже се јавуваат реакции од вакцини што ќе правиш ако ти крене температура. Остај детето додека е здраво така здраво да ја преброди ситуацијава. Треба имунитет сега. Плус и забче ни излага па нели за тоа време и општиот имунитет паѓа. Ќе чекаме.
Еве мое бебе не лази, а сама научи да седнува. Од легната положба, се врти на страна и се турка со рацете. Сеуште знае да се залета па да седне и место да застои да падне на другата страна, ама учи да седи и се почесто останува седната. Јас никогаш не сум пролазила, а сум седнувала сама исто. Нема такво правило како мора прво тоа па после тоа, и секое дете е различно. Целата поента е родителот да не го форсира детето. Се додека самото вежба е во ред. Тоа треба да го знаат новите мајки, без да имаат притисок со очекувања по список.