Зошто синчето си го пушила со свекор ти во Скопје на хематологија? Имаше некоја добра пруина зошто и син ти требало да оди или?
Кога почна асално да пробува да седнува, имав читано и знаев дека е рано, ама чепкав низ нет и го најдов ова видео што е најслично со она што Ирис го прави. Само што мојата заседна на 7 месеци. Генерално вака прави освен што сеуште не се издига на задните нозе, туку целиот процес е странично исправање, го свива едното ноџе и секогаш е од левата страна. Ама затоа доцни со лазење, односно не ни пробува кога е на стомак. Не мораш да ми веруваш. Поентата ми беше да не се создава притисок дека генералните правила важат за сите еднакво.
Кога ќе кликнеш на испраќач ќе добиеш видео во кое ова бебе лази на 5 месеци и оди самостојно од 7 месеци. Значи да бебево лази па седнува потоа станува. Тоа се фазите. Дали јас ти верувам или не е мање битно на темава. Секако дека не седи твоето само тоа го знаеш и сама туку се потпира на рацете кое е прва фаза до лазење. Се потпира странично односно го вежба градниот кош и бицепс на раце за да може да се издига на коленици и да лази. Можеби прво и да пузи, но сепак прво треба да ојача мускулно. Кога ќе почне да седи тагни ме тоа ќе биде некаде околу десет месеци ако продолжи твоето со ова темпо. Не им создавам притисок им велам да одморат да го притискаат бебето во положба кое не му е својствена за развојот. Ќе седи секое и ќе лази секое макар и после проодување. Само ако му го дозволите тоа. Мора и нервно да го достигне степенот за да може да ги направи работите.
@FreeMind нигде не реков дека седнува без држење. Видеото е за да видиш како изгледа додека седне, кое да, е со потпирање на рацете. Не знае да седне директно без да се потпре на раце, и искрено не знам како би можело така... ама е фокусирана исклучиво на седење. За лазење не очекувам, не пробува и мене не ми изгледа дека прави ама ништо слично на тоа. До сега и е извежбана само едната страна до седнување, на другата не пробува. Колку што читав, тоа може да е проблем. Ама тоа е друг муабет.
Како сте генерацио ? Ние ок, дома и само дома...едвај чекаме ова да заврши иако не дава многу надеж дека ке биде набрзо. Денес на бебе прв пат дадов к.млеко да проба и мислејки дека ке се воодушеви, тој почна да се гади...за малку не поврати. Си викам да паузирам ден два па пак да пробаме. Баш ми е детево нејадач, незнам што да направам, веќе очајна станав по ова прашање.
Добри и ние по дома #17 ден. Мора да се издржи. Не попуштам посебно не пред синко кој напати побудалува. Неколку дена бебе од јадач стана нејадач. Искрено те споменав во мислите. Морава среќа пак обожава К млеко. Два пати имам дадено не знае за доста. Но друго одјаде. Денес од 180-200 гр за ручек 45 не изеде. Само плука и затвара уста. Ако случајно успеам да ставам нешто во уста после неколку пати внатре надвор може да голтне. Прав кловн сум кога јаде посебно за ручек. Сеуште цица како 3 месеци. И после секој оброк на града е. Читам мајки чии бебиња 2-3 часа после оброк не даваат ништо. Јас не сум во тој кош. И деновиве е многу нервозна. До сега седеше со мм со синко со секого. Сега не . Само по мене плаче И дава рачиња. Само ги трга ушињата, се драска И тепа И мене исто нервозно ме тегне, чепка. Ваква не била никогаш. И во сон спие и врие. Заби уште нема, а убаво напредува. Имавме една стагнација во кг пред 2-3 недели сега наеднаш крена 300-400 гр плус. Не знам дали е период, дали ова што сме изолирани подолго време. Не одиме никаде не доаѓа никој а беше учена со повеќе луѓе ( мајка ми , сестра ми, внуките, старите)не знам.
не,со неговиот син беше. Жално ама се маткаат цел месец по лекари Скопје, има некој оток на лимфните јазли. Малку чудно и генерациски измешано. Не се изразив убаво во коментарот. Инаку јас со децава сум дома одкако се пуштени од училиштето. Ама бидејќи маж ми оди секаде каде што се има обврски сум загрижена. Сега посебно ме загрижи да не донеселе од Скопје некој вирус асимптоматски па преку маж ми да ја префативме ние. Малку вака може смешно е и не е дотолку ама одсекогаш сум била под стрес кога се работи за вирус бидејќи за тоа нема лек туку се лекуваат симптоми.
Депре како времево... Ме убива ситуацијава. И на бебе му е збогдисано... Јас опседната со дезинфицирање по цел ден. Веќе почнав да претерувам. Денес права мрза бев ништо не зготвив, бебе јадеше од тегла. Направив палента за вечера. Инаку има две долни забчињаПрав зајко е! И лази по малку Со куче си играат на земја. Овој ќе тргне да лази, куче ќе му се стрча да го лиже и ќе го бутне. Смешки се. Јаде просечно, ама неможам да се пожалам. Еве го спие, а јас гледам летна бебешка облека... Си правам планови како ќе го дотерувам летово, така бркам депре мисли и се релаксирам.
Секое бебе си има омилена/појака страна за вртење, исправање. Прашав јас баш тогаш доктор за ова. Инаку, кај моево дете седењето и лазењето беа многу брзо едно по друго. Седеше сама, од легната да се исправи околу 9 месеци кога беше, а негде пред 10 пролазе. И јас мислев дека нема да лази ама ме изненади. Јес да чудно лазеше, со едната нога на стапало се буткаше, а другата ја влечеше(исто нормално, тоа било вежба кон одење за некои деца), не пролазе нормално, ама брзо па прооде, точно на годинка. Сега кога изводи и лази гледам нормално лази.
@TeddyGrey за лазење имаше неколку обиди пред околу месец дена, бар така изгледаше и се остана на тоа. Ја не сум лазела воопшто, а свеки кажува и маж ми многу малку, па немам некои големи очекувања таму, ама би сакала да лазе па кога и да биде нека. Впрочем како што и погоре беше спомнато, може и после проодување да се деси кој да знае. Знам дека имаат омилена страна, педијатарката ми рече тоа што сака да седи не е ретко, бебето само си избира што сака да направи прво и се спрема и го вежба процесот. Ама мора да го праи тоа од двете страни. Може да фаворизира една, ама да знае да го направи истото и од другата, а мојава не знае. И као тоа не е добро да не може/да не знае воопшто да го напраи тоа од другата страна и да следам... и сега следам и се секирам.
Здраво друшки! Не ми се верува и до тука дека стигнавме... Каде летна време Бебе наполни 6 месеци пред три дена. Исто како другарка и Палчица на @Presrekna, почна да потседнува уште на 5-5.5 месеци ама мора да се придржува или од една страна да има потпирач некаков зашто сѐ друго и привлекува внимание па се клати знае да падне на страна. И на нозе а допре тврда површина одма се исправува. Не сака инаку многу да лежи, на стомак па ич; се врти само кога има потреба, пример да си ја земе цуцлата, инаку нејќе да лежи генерално, нит играчки ништо не ја интересира. Сака цело време да е исправена, да гледа, во раце да ја леткаш, да скока во место - не знам немам став џампер дали да пробаме. Од лазење абер нема, мислам дека нема ни да лази, дека директно ќе прооди. Видоевски вика Може, нема ништо лошо за детето, само многу внимание со џампери и дубаци да не се повреди. Се нервирам што поради проклетава ситуација имам премногу работа со приватен бизнис и не можам да му посветам на детево толку внимание колку што сакам и колку што заслужува Ни форумов не сум го отворила со денови од што немам време, сѐ по “слух” правам. Да не правиме муабет што си замислував дека овој период ќе хараме со количката низ Скопје, а сега сме затворени дома со денови - ќе си пукнам Го молам Господа побрзо да проаѓа зашто ми е жал за бебиве наши, ни сонце ни воздух видоа откако се родени малтене. Среќа што октомври и ноември беа топли па ја шетав барем тогаш со саати.
Девојки мала консултација со Вас.Ако не грешам сите се породивте во август лани.И јас исто.Е сега прашањето ми е следно-со оглед на ситуацијата нели дека вонредна мене на 4.4ми завршува породилното и сега дали ќе продолжам со вонредната,па после одморот или ќе ми го дадат сега одморот независно од вонреднава ситуација или зави си од фирма,како е законски или....Иначе во државна фирма сум.Ви благодарамПоздрав до бебушките,срцушките...
Мене ми завршува породилното за две недели, работам во приватна фирма. Како што разбрав можеш да однесеш директно потврда за дете до десет години, од матичен лекар и со тоа да седиш дома ради ситуацијата.
Со потврдата дека имам мало бебче,а кога ќе заврши сето ова дали ми следува одмор од ланскиот.Фала ти
Да, треба да се искористи најдоцна до 30 јуни. @mila13 за бебиња до 9 месеци може од матичен педијатар.
Месецов не ја однесов на редовна контрола за 6ти месец поради коронава. Си ја измерив дома висина, тежина, главче - океј е се напреднато. Само ме интересира дали има некој новитет во 6 месец што го кажуваат педијатриве; во смисла на витамини, вежби, храна? Дали уште се продолжува со д3 и омега? Да не се внесува нешто ново? Кој бил на контрола со 6 месечно бебе нека каже
Дали е дефинитивно ова одобрено? Од сабајле ѕвонам кај педијатарот никој не ми се јавува , неможам да разберам ништо плус.