Маче што си во хороскоп? Леле ова со ќебињава исто. Додека легнам едно потоа две. Хахаха како така да треба. А бебе од 20:00 до 1 спие топ после приплакува, се врти, а во 5 е врвот. Станува денса во креветче додека ја земам. Некое време е будна и се комира пак до 8. А ќебе не држи 5 мин. Јас упорно ја покривам. И цуцлата 50 пати и ја ставам. Многу немирно спие. Ако некоја најдете леклек кажувајте.
Давав омега и д3 една касулка, и вигантол 2 капки, но веќе нема вигантол. Како е односот, колку капки пливит д3 да давам во замена за вигантол?
Според ова,за да ја достигнеш јачината на 2 капки вигантол,треба да дадеш 10 капки од пливит Д3. Ако грешам нека ме поправат тие што ги користат:
Мајки од кога почнавте да ги ставате во дубак? Знам дека не препорачуваат дубак но синко не сака повеќе да седи сака да стои сега има 7+ . п.с Некои велат дека покасно машките се ставале женските порано
Размислуваме за купување дубак или џампер. Дали се добри оние 3 во 1 (дубак со платно за скокање и клацкалка) или пак статичен џампер? Бебе е 6++ Некој конкретно да ми препорачате кој е стабилен и сте задоволни. И дали е во ред да се почне од 7м.
Ортопедот рече да издржиме до 8м да не го ставаме во дубак/џампер, затоа што до тогаш се очекува да почне стабилно да седи. Помеѓу дубак и џампер повеќе е за џампер.
@Dijana993 @kitty.m отворете во темата за 12-24 месеца, баш последнава страна се правеше муабет за користење дубаци и џампери, и споредба со проодување. Не дека се најголемото зло што постои, ама ако може да истерате без нив подобро ич да ги нема. Од лично искуство, имавме само дубак на заем од старосватовите, дали 10 пати по 5 минути беше во него. Се исправи на нозе на неполни 8 месеца и прооде на 11 месеца.
абе остај како не препорачувале... Јас се препородив со дубак големото не можев да го извадам од дубак. Излагаше само за спиење и за јадење. Него од првата недела од 6ти месец мислам го ставив ако не и порано ама многу малку. Постепено наголемував и од 7 месеци веќе не можев да го извадам од дубак. А првово со полни 7 месеци го ставив ама тоа повеќе сака да скока и така и го користи ама не седи многу.
По колку дремки дневно имаат бебиња ваши? @Yowannty прочитав пиша дека дека бебе два пати и преспива преку ден. Мојов по 4 пати преспива. Некогаш по пола саат, некогаш по саат ипол...
Зошто мојов не издржува повеќе од 2ипол саати без да дремне И мене 4 дремки дневно ми личи многу голем е веќе... Едно време имаше по три дремки, сега место да намали, он си додаде плус уште една А преку ноќ добро спие...
И мојава до скоро исто беше со 4 дремки, преку ноќ смени. Веројатно и кај вас ќе биде така. Ама ко навиена во 7:30 будна. Сега по ново откако се смени часот 8:30. Прва дремка и е околу 11 ипол, втора околу 3 ипол 4. Претходно беше страшно успана на утро. Нон стоп триеше очиња и до 12 дремнуваше 2 пати. Се чудев како ова дете ќе издржи повеќе и тогаш смени преку ноќ.
блазе си ти жено Мојава од 3 месеци повеке од 1 саат, саат ипол макс преку ден не спие. Навечер секогаш спиела супер. 2 дремки по едвај 40мин преку ден, толку.
Ќе смени. Ние навечер веќе доолго време не спиеме како што треба. Чудесии ни се децава. Маратонци во спиење и во неспиење иаме.
Ние исто имаме 4 дремки од 30-40 мин. Ноќно спиење ни трае околу 9часа. Заспива кај 21.30 се буди околу 7, меѓувреме цица.
До сега брзо пресповаше три пати дневно по макс.еден час. Сега два пати по 40мин до час, и некогаш е многу нервозен. Малку му е тоа спиење а и многу тешко заспива. Незнам дали му е само период, ама напорно е. Уживај додека преспива почесто
Мајки гледам дека сте зборувале за спиење,ние преспиваме по 3 пати на ден ,2 пати по шола час и 1 подолго сат и пол два. НО незнам што му стана последнава недела навечер многууу мрда, значи спие и мрда ,не ми е јасно како, гребе со рацете си го фаќа јорганчето се чепка на лице, од лево на десно со главата се мрда и понекогаш се буди поради тоа.. ни се измеша се... си се будеше еднаш само за цицање а сега морам пак некако да го презаспивам и пак му давам да цица.. незнам стварно дали е ова нормално за бебе сега ке направи 7 месецо за неколку дена . ? Патем Добро ви утро
Моја беба спие 4 пати дневно околу 40 минути спие. Вечер заспива околу 22:30 и спие до кај 8:30 ( се буди преку ноќта за цицање)