Мислам дека се мешаат работите. Ортопед може да препорача дубак 10мин на ден ако веќе ете родителите се решиле на такво нешто. А некој сватил како му одговара, дека слободно може и дека нема штета. Прво со дубак 'на сила' го тераш да стои бебето, второ, кога ќе треба да застане само ќе знае дека нема да падне (чуствувајќи ја сигурноста во дубанот) и има резултат паѓање директно на глава. Јас ја ставав во џампер 10мин на ден за да и направам јадење, и покрај тоа што ортопед 'не одобрува' (барем не Антоније, а верувам ни никој друг), сега кога ќе размислам подобро да не ја ставав. Како и да е цел ден беше на земјата. Поентата ми е, ако веќе сте решиле да ставате тоа е изборот што сте го направиле за вашето детете, не значи дека треба да делите совети дека 'нема ништо страшно'. @FreeMind околу седењето имам пријателка со бебе, малата од лежечка положба се витка странично и седнува. Се чудев и јас, колку е правилно незнам ама знам дека не е форсирано од никој. И за крај, на секоја мајка и е мерак да си го' пофали ' детето се додека не омаловажува мислам дека е во ред.
Не ја потпирам на 90, туку на 45 од 2 месеци и вежбаме исправање. Почна од како ќе ја исправам да не сака да се врати назад и почна да седи. А дубакот е забранет од безбедносни причини, види џамперот дали е забранет. Што е во суштина исто Еве што кажува Видоевски http://hybread.mk/intervju-dokror-g...rame-a-tie-ne-znaat-da-ni-kazat-sto-im-treba/
Не знам зашто би било проблем да оди напред-назад. Секое движење за бебето е вежба. Ама не се клатеше неконтролирано, ако мислиш на тоа. Видоевски вика да не се става во дубак за да не се повреди бебето движејќи се, ама вика може во џампер, што е во суштина исто Еве што кажува Видоевски http://hybread.mk/intervju-dokror-g...rame-a-tie-ne-znaat-da-ni-kazat-sto-im-treba/
Дубак и џампер се помагала за деца кој каснат многу во развојот. Односно со сила ги тераат да стоат и одат, затоа не се препорачува, посебно не од 5м кога некој деца уште немаат ни развиени јадра.
Др. ни кажа на прегледот. Ваљда е индивидуално. Ама не е дека не се препорачува или дека се користи само за деца што заостануваат. Повеќе за тоа го прикачив линкот.
Нема потреба од фрустрација. Секој нека си се консултира со својот ортопед и нека прави како што мисли. Секако сите сакаме најдобро за нашите деца. Јас го кажувам моето искуство, што не мора да значи дека е исто кај сите
Ама стварно вие не разбирате што ви викаат на преглед, а и со читањето гледам проблем. Вели уште во првата реченица бебе седи кога може само да седне тоа значи од легната позиција да седне разбираш? Од легната легни го и види дали седи.
А делот со вежбањето не го прочита? И делот кај што вика дека за да се научи да седи треба да се седне? Нема потреба од фрустрација и нервоза. Уживај, ќе седи и твоето
Моето оди за информација. Инаку немам проблем со фрустрации во животот ослободена сум од глупости на околината. Ама ти имаш проблем и со сфаќање:” За да може детето да научи да седи најпрво мора да седне. Седнувањето е моторна активност на кревање на горниот дел од телото од лежечка или полулежечка положба во седечка положба. За таа моторна активност се потребни силни стомачни мускули. Бебето при раѓање нема силни мускули. Потребно е да вежба, да ги зајакне за да може да седне. Откога ќе успее да седне, тогаш ќе учи да седи.” Ало Хјустон се слушаме?
Ај може овде ќе ти стане појасно. А под спонтано подигнување мисли на: да му се дадат раце на бебето и само да се исправи
Извини што се мешам ама убаво пишал. Да се става на подлога за лазење, значи на меше и на под. И секаде ти пишал СПОНТАНО. Значи кога ќе му дојде. Јас така разбрав, може грешам.
Ти вика да го оставиш на под на мира и да не го малтретираш. А вежбите кои спонтано ти ги опишал се неколку минути во денот макс 10, а денот трае 24 часа каде треба да е во легната позиција на подлога за лазење за да научи да седи. Не сте нормални само тоа имам да го кажам. Не сте нормални.
Епа од тие спонтани вежби ги зајакнала мускулите и си седи. А делот со рипање на нозе? Само ќе рипа на 5 месеци? Не сме нормални, така е