Сакам да ве прашам какво искуство имавте со давање на брокула за прв пат. Јас сакам да почнам со брокула како прва цврста храна но малку се плашам поради вкусот да не не и се допадне на бебушка а следниот викенд ќе почнеме.
Читам убаво што ти пишал. Не видов никаде дека јадрата се оформени Али не е битно. Срце, твое е детето. Слободно прави како мислиш дека е исправно за него. Немој нас да не слушаш, ниту за наше мислење да ти чуе. Како сакаш, така терај. Ние друг тертип си водиме.И да трча пуштај ако сакаш. Повеќето овде ти посочија како прават за свои деца. Имало случај каде бебе, новороденче, само што вадат од стомак почнува инстиктивно да оди. Очигледно требале да почнат одма со паткање, по некоја логика.Пошто ете, сака да оди. И да признаам, среќна сум што не отидов кај Видоевски, нај искрено.
Ми ја прифати супер брокулата. Повеќе сака зеленчук, овошје едвај по 2 лажичиња јаде. Само по табелава по која се водам, брокула е од 7м и не е баш прва
А дали јас кажав дека некој прави нешто погрешно од тие што прават поинаку? Јас кажав јас како правам и најмајкиве на цел свет ми се нафрлија. Читаат само тоа што им одговара. А и на напишаното имаше дообјаснување во живо кое е во согласност со тоа јас што го правам. А тоа дали е добар Видоевски или не, тоа е друга тема. Сите дечиња да се здрави и живи, а времето ќе покаже дали сме постапувале правилно или не
@simonagj Не ти се нафрлија злонамерно. Само ти посочија тоа не е исправно. Верувај и јас живеев во заблуда. Ги слушав бабиштава околу мене како бебе треба на перница да спие, па потпирај ја со перници да седи, земај паткај ја иначе нема да прооди. Живи глупости. Секое дете ќе прооди, кога ќе му дојде време. Само можеш штета да му направиш, да му се оштетат мускулите и тетивите, кои се многу осетливи кај бебе. Два месеци разлика не ти менуваат тебе ништо. Но на твое бебе утре можат здравје да му значат. Никој не те напаѓа и обвинува, ние сме овде семејство и се тешиме, советуваме и подржуваме.
И јас носев дете на ортопед, и тоа поголемо од твое. Ни усмен ни писмен совет сличен на твојот од доктор мжне добив. А е втор најреномиран во Мк. Терај си по препораки, батали не нас
Женче, не се нервирај. Ти кажуваме зошто ако некаков проблем се јави со карлица, колкови и нозе многу тешко се поправа. Јас бев против широк повој, дадов цврста храна на 4 месеца, детето со кучето на земја го чував од прв ден, без капа ја изнесував на ладно, значи сите работи обратно ги правев зошто ич не се потресувам со бабини деветини. Врв на тоа што си истерав и тренинг за спиење и го оставам детето да плаче, нај немајка на светот сум. Ама си стојам позади одлуките. Мое дете си е, мој проблем. Не си ставам при срце ако некој не се согласува со мене. Ама повеќе од 45 степена и тоа само за јадење, не сум го седнала детето додека не седна сама. Под тоа подразбирам од легната положба на грб, да се сврти на стомак, па на колена, па седната настрана и исправена до 90 степена. И најбитно од се е дека ако имаш одлучено нешто за своето дете не значи дека може да го препорачаш на друг. Не се сите деца исти.
А што е последица ако се седне или да се стави во дубак/џампер бебе без развиени јадра? Никогаш не сум одела во детали знам само дека не се препорачува
Нигде не реков дека е погрешно тоа што си чекала, само кажав што ми кажал доктор. Па ме нападнаа дека не сум сфатила што кажал др, па сеа не чинел др. Ај одлучете да видиме кај е проблемот. Како што вие споделувате искуство, така и јас
Не сум јас таа да каже дали чини или не чини докторот. Јас искрено, да ми го кажел тоа што тебе ти го кажал, не би го послушала. Моето го носев кај Талевски. Ама ти ако кажал тебе така, и сметаш дека треба послушај го. Ти кажувам од моја гледна точка. Мојата е 10 месеци а во иста куќа имаме бебе со полни 5 месеци. Кога ги споредивам, јасно гледам дека е мало за да седи, скока и се потпира на нозе. Правам паралела од двете кога се легнати едно до друго
Притисокот врз колковите е поинаков во лежечка и седечка положба, ако јадрата не се развиени пред бебето да седи (потпрено со перници, во дубак или во џампер), може да дојде до развојна дизплазија, значи си било се океј ама се оштетило при развојот зошто било во неприродна положба. Затоа толку се инсистира на ортопедски прегледи и витамин Д, и затоа порано на сите деца им се ставал широк повој. Не дека обавезно може нешто да се оштети, ама ако се јави проблем, тој може да биде многу сериозен.
Има конкретна тема за воведување на храна. Јас не би почнала со брокула, потешка е стомачето на бебе , создава гасови. Почни си со батат, морков, компир, тиква, тиквица... Па јаболко, круша, банана, слива... подетално имаш во темата.
Ви се потат ли бебушите? Досега немавме ваков "проблем" сега забележувам секогаш при спиење се поти. Маката ми е навечер. Пред еден сат стана за цицање се испотил ваљда и беше ладен во вратот назад и меѓу рамениците. Ме фаќа страв од тоа големиот често настинуваше ако не го пресоблечев навечер. Сега еве почнува иста песна.
моево седи ама абер нема од лазење. За 4 дена правиме 8 месеци. И во дубак го ставам и пробува да се исправи од седечка положба ама за лазење не. Првото дури на година ипол почна да лази а пред тоа прооде
Да пробаш да не го покриваш/облекуваш толку. Мојата не се поти често, ама ако се запоти не сум ја пресоблекувала, па нема гајле.
Мајки кажете некое чаре...Бебе е скоро 9 м, до 5 ти месец спиеше ноќе со 1-2 станувања, барем врзуваше по 3 часа.Од 5 м наваму се буди на секој час со плачење, не знам по колку пати станувам ноќе, како зомби се осеќам Да е скок, досега ќе завршеше, заби да се не верувам , кога го кревам веднаш се смирува, ако го боли сигурно ќе плаче и понатаму. Пробав и со чај за добра ноќ од хумана и некои капки меламил исто од хумана, ништо не дава резултат. Размислувам да не има тегоби од јадење или млеко, на хумана е сега дали да менувам? Дајте совет, не сум повеќе паметна што да правам
@koritsaki знам ти ги имаш оброците воведено. Како ти се распоредени оброци, дремки, цицање некако приметувам кај бебе дека ми намали во цицање, не верувам за 3,4 мин да се нацицува, се мислам да не му се на брзо време оброк па цицање па да не не е гладен. 6+++. Пишете како ви тече распоредот. Бебе станува во 6, поретко во 7ч.