Леле Блазе тебе!! Вчера мојата заспа во 11, сабајле стана во 6, со две ноќни будења во 1 и 4.. Наспана поим е за мене. Абе со мешето има проблеми. Гледам дека и е стегнато, потврдно и ко ќе прднни и олеснува. Сабајле ко ќе се покака е весела. Ако и дадам вечера станва, ако не и дадам пак станва. До кога вака не знам Ептен сум оптимист по природа ама за ова веќе не знам шо да мислам, исцрпена сум
Давам Вигантол д3, откога прекинавме со д3 со к1. Тие само првите месеци, после од кај 3ти да не беше почнав со Вигантол и само тој го давам. Имам уште малку во шишенцето, после ќе користам замена, бидејќи ги нема Вигантол. Шо замена не знам уште. А за то во летниот период се немам информирано. Ама ко шо гледаме далеку е летото хаха Снег и денес бе, можно е??? Мајтапот настрана, ќе се распрашам баш за ова, ќе ти пишам.
Јас после д3 К1 почнав бебитол Омега со д3. После др ми рече плус вигантол да давам. Сега пред некој ден се слушнав телефонски ми рече да прекинам Омега и д3 само по 2 капки вигантол да давам. На 9 месеци на контрола сме ако помине чудово за да одиме. Преку лето пауза. @PoisonGirl те тагнувам бидејќи знам врсничиња ни се. Можеби ти помогнав
Здраво Ми треба совет за бебе 9м Воопшто не сака да јаде само да цица, не сака да пие од шише. Не заспива без да цица се буди на 2-3 часа преку ноќ. Дали некоја го имала истиот или сличен проблем?
Сеуште со нишкање, и плус напомош ми е аспираторот, звукот му делува и побрзо заспива Еве веќе неколку дена практикувам со ноќна каша во млекото и спие барем 4-5 часа па пак млеко и продолжува до кај 7, се буди пак ама не како порано
Прв пат слушам некој да става ноќна каша во шише со млеко Сигурна си дека е исправно? Педијатар те советуваше? Сори што се убацив у муабет ама баш чудно ми падна...
Здраво мајки, бебето мое е 7 месеци , цица плус јаде 3 оброци, на почетокот супер си јадеше сега овие два дена почна да зафркава, да се мршти да плука , само ручекот што убаво ќе го изеде, а другово прави фаци некои... пред 2 дена и воведов месо па не знам да не ја држи сита повеќе па потоа не е гладна, или цица па премногу , не знам што да кажсм можно ли е да е некоја фаза?
Се консултирав и со педијатар меѓутоа по совет на ненаспана мајка, реков да пробам да видам дали е до јадење или заби или едноставно такво е детето.Еве веќе неколку денови заспива во 22 30 што не беше случај досега и спие до 6-7 наутро, со едно станување.Се надевам дела ќе потрае да потсоберам сила
Ништо посебно, ,можеби лошо се изразив од хип Можеби не се иџразив правилно, кашата е од хип, од јаболко, во последното млеко пред спиење му ставам една лажица и најверојатно го заситува па спие помирно, врзува по неколку часа. Не тврдам дека е исправно меѓутоа само тоа помага засега .Зедов и капки меламил од хумана за регулирање на сонот, давав неколку дена , полесно заспиваше и порано ама проблемот со будењето остана, Позитивното е што од тогаш му се смени времето на заспивање, до 22 30 заспиен е, пред тоа околу полноќ, после 23 30 редовно.
И мoетo не спие. Педиjатарoт ме сoветуваше да и дадам за вечера инстант oриз сo АД млекo накаj 7 бидеjќи вo 9 е заспана нo немаше ефект бетер стануваше мислам.
Можеш да пробаш и вака, кашата е за од 4 м а моето е 9 м, ја сака па му ја давам некогаш и за вечерен оброк,2-3 лажици. Прашај го педијатарот за меламил од хумана и калма б сируп е мислам за помирен сон.Тој ми беше нареден за купување ако ова ме делуваше.
Тoа сo кашата не е ништo лoшo и пoгoлеми oбрoци даваат на бебе. Не би сакала да давам сирупи ќе се издржи периoдoв. Сo душа чекам да заврши 5 скoк
Бебе последниве неколку дена навечер ми се буди на секој сат со плачење и едвај се смируваме. Дење нема пролем. Навечер исто крчка со носето а прскам спреј, влечам нема ништо. Дали може да е од заби, на повидок во непцата се гледаат бели линии ???
Друштво, бебе е 8+, нонстоп и крцкаат ноџињата, посебно кај колената... Супер се храниме, пиеме витамин Д, од што може да а е? Еден крипи звук вади неможам да ви опишам. Од растење можно е? Тенкс