Mnogu gi sobira jas prestanav da gi susam Oti mnogu gi smalva Duri mi e krivo za nekoj alistenca So gi smaliv, tie od 9 gi naprajv za pomalo brojce tie od godina za 6-7 itn :/
Сушарата смалува ама не за постојано. Испери ги и исуши ги така ќе се вратат истите Марчи мислам дека вели дека се превртува од креветче, пример главата ја прчи на доле а нозете му одат на горе. Овие транспортните се доста високи ако се наместени на горното ниво.
Денес на 7 месеца и 10 дена бевме на вакцина. Ја мереше , качила 1.200 за еден месец месо ми рече да и намалам јас 100 гр и давав на ден , ми рече 50 е доста за таа возраст. Ми рече од месо можам да и давам и јагнешко, телешко, зајачко , секој вид освен свинско. Овошје ми рече може кајсии, праски, киви , портокал (се освен јагоди и шумско овошје) . Зеленчук , спанаќ, брокула плус може. Макарони ми рече , па денес во јадењето и додадов од оние ситните ѕвездички што се од млечни производи , ми напомена детско кисело млекце , за обично не ја прашав ама ваљда може. И за јогурт заборавив да прашам ми рече од наредниот месец да очекуваме прво забче Ни напомена за вакцината што не е задолжителна да се прими , за менингитис (105 евра е една доза) за деца до година ипол има три дози , за поголеми се две дози. Ќе ја тагнам @Yowannty , дали ви спомнаа за вакцинава? Освен таа, до септември нема друга вакцина
Ако се на нивоа, тогаш логично е да го спуштиш пониско. Не може бебе од 6 до 12 месеци да прескокне на ниту еден начин.
Имам и плетени џемперчиња, тие не се смалуваат а таман му се. Можеби едноставно е висок, веројатно табелите за просечна висина се точни.
Затоа велам, со мало бебе можеш да најдеш решение како да биде безбедно. Според мене на кревет со родители не е безбедно како во свое креветче. Се разбравме.
@SINOLICKA_123 сите седиме на моб кога тогаш во денот, но мој совет е да не си на моб постојано ко ќе си со неа. Значи одреди си време пр дури спие, или и ко ќе е со тебе ама смалувај во минути секој ден. Денес ко ќе си со неа 3 пати по 30мин (пример) или сл по твое. Сите седиме, ама гледај колку можиш помалку. @MilaSs12 Мене од сушара ми ги смалува ептен. И на бебе, ама па моите, лелеле како поткусена во ракавите сум, а претходно таман ми биле.
Бебиња 8+ кој број бодиња им зимате сега? @Presrekna од tiny baby shop ти нарачуваш точни се бројките? Не знам какви да нарачам.
дрвените креветчиња имаат повисока оградичка т.е душекот е понизок моето креветче беше вакво почна да го прескокнува кога му беше на висина од под гради. Се префрлаше преку него. Не знам како би опишала. Се наведнува нанапред се турка со ноџињата. Напред на нашиот кревет ќе се дофати со рачињата и ќе се извлечка ќе се исправи....
И ние од денес ви се приклучуваме во групава. Бебе наполни 6 месеци. Првите 2 ми траеа цела вечност, после тоа летнаа... Јаде од 4 месеци, сега јаде цел оброк сабајле и пола оброк на ручек. Се врти на меше, седи како пијан дедо, се смее на глас.. Многу е интересно како од ден за ден менува. Поздеав до цело друштво, ќе се читаме
Лази ли? Седењето е фаза која следи после лазењето. Кога ке биде спремно, бебето само ке почне да седнува. До тогаш не го форсирај. Во хранилка под 45 степени може. Поздрав.
Не го форсирам воопшто. Има оформени јадренца на колковите од пред да направи 2 месеци и сам се крева да седи потпрен. На хранилка седи на 45 степени.
Велиш дека седи како пијан дедо, затоа ти пишав. Седењето е поврзано со рбетот, кога бебе кое не е спремно да седи се става во таа положба, таму има притисок. Седење е фаза која треба да дојде сама по себе, како и сите други фази.
Кога пишав дека седи како пијан дедо не мислев дека седи така цел ден, туку дека кога се крева шантра лево десно цели 3 секунди. И нели е лазењето фаза која доаѓа по седење, а не обратно?
Majki bebe mi e skoro 10 meseci. Kakva pernica da kupam. Bez oermica ne saka da spie se budi se vrte.. staj a na pernica spie. Pa sakam nekoja za nejze da zeam a nez kakva. Znam deka e poarno na ramno bez lernica ama moram da zeam nekoa
За школите бил тој муабет, дека сигурно нема да се отворат сега, туку од наредната учебна година од септември. За градинки уште нема ништо конкретно, ама мислам дека ќе биде во текот на летото, исто и факултетите. Многу е да биде од септември, до тогаш сигурно ќе намалат рестрикциите. Многу ретко е така. Лазење е многу полесно од седење. Ама ако збориме како е правилно совладано тоа седење, би било од лежечка положба да се сврти, да се намести на коленици, да се навали на страна и да се исправи до седење на газ, се тоа без никаква помош. Се друго (од 45 степена, или ако му подаваш раче, или го седнуваш ти) тоа не е седење. Не дека не е можно прво да седи, ама повеќето прво лазат.