Свекор ми најде млади петлиња од некое село, од пријател. Татко ми ги закла и ги среди, јас само вадам од замрзнувач и варам.
Па ако претходно ти било запишано во некоја градинка побарај потврда. Ама кога ќе заврши вонредната состојба ќе ги пуштат и градинките, не се секирај.
Запишано ти е? Знам дека сте помали, па затоа. Нас ни кажаа дека сме внесени во систем уште зимата, па во Мај требаше да идеме да видиме до каде е работата, и сега стварно не знам како ќе биде.
Мајки ние правиме 1 година за 10 дена. Немаме сеуште ниту едно забче Чудно ми е иако знам дека е возможно. Секој ден проверувам ама нема, само потечени се непцињата и тоа цел ред долу ама нема забче. На првото детенце на 7 месеци му пораснаа 2 наеднаш, а сега малиот нема сеуште, а јаде се, дури џвака со непца, се мачи. Совет? Искуство?
Н синко на 9 и пол му никна првото. На ова 8 и пол месеци е абер нема. На другарка ми едното на година другото на 1 година и 2 месеци извади. Нема правило. Не се грижи ќе дојде и запчето
На тема забчиња, вчера му давам прст да гризне осеќам нешто грепка...земав метална лажичка тропка...мајка скока од радост,лани за 1 мај го осетив како ме клоцна,оваа година забче Мислам дека се двата долни кеца,ама само едниот малку ѕирка, ќе ги почекам да подизлезат па ќе правиме колачиња на 10ти прави 7 месеци,од 2 месеци се лигавеше обилнои цело време бевме во очекување,на 4м педијатарот ни рече иде забче
На син ми на 5 и пол месеци му излегоа двојките долу, а сега веќе има 4ри горе и 3 долу, уште една двојка му остана ама кај и да е ке пробие, спремно е местото.
Мајки бебе е 6 месеци, сакам да му порачам некој патики.Гледам HiM имаат убави, па ако знаете некој страни на фб да ми кажете за да порачам.И кој број да порачам јас мислам дека 18 се за од 6 месеци.
Мојот 19 носеше кога прооди на година и некој месец. На 6 м.не им требаат патики, можеш да му порачаш за понатаму да ги носи кога ке почне да оди.
Дечки, со што им ги миете косичките на беби? Ние бевме од старт на Мустела, па пред месец ипол прешалтавме на Еуцерин зашто Мустелата малку и ја сушеше кожичката на мешето и лактите и задоволна сум од Еуцеринот ама едно ме мачи, што бебе не ми мириса онака на бебе, на Џонсон, на Косили, на типична бебешка колекција. Перам со Ариел бејби, бањам со Еуцерин и секогаш е чиста, чиста мека ама ми фали на моменти тој мирис. Ми израсна бебе 7 месеци, јас уште не сум го осетила тоа
Мајки како ги успивате бебенцата, имате некоја тактика за полесно успивање? Јас на пример нишкање, доење, white noise.. и ми треба мнооогу време.. Споделете ако ви успеала некоја финтичка за полесно успивање
Со веледа го бањам откако е роден. Кожичката му е како свила а мирис нема никаков. Сепак мириса на бебе. Прашок ариел, персил или фрош и омекнувач и така мириса. Освен кога јаде праз. Тогаш ждригнува како возрасен. Последниве две три недели заспива исклучиво на цице со приспивни песни. Заспива лесно затоа што е преморен. Пред тоа заспиваше со нишкање, па го успиваше и татко му, сега мама и крај. Ако има финта и јас сакам фа ја дознаам.