Од прв ден сме со Веледа кожа мека памук ама исто без мирис. Перам со Ариел и Чико бел омекнувач па од нив мириса преубаво ма мириса цела ќуќа на бебе Долго време го чекавме бебешкиот мирис дома па неможиме да се изнаситиме
Само рутина. Бањање, пресоблакање, хранење, пеење песнички/гушкање/нишкање (што и да сакаш да правиш), спуштање во креветче полузаспано во потполна темница и со бели звуци. И битно е да не е преморено детето, многу потешко заспиваат. Колку порано се почне со рутина, и колку построго се држиш до истото секој ден, толку полесно детето ќе научи дека тоа е време за спиење и полесно ќе заспива.
Знаете дека бебињата имаат нежна кожичка и е мека како памук бидејќи се бебиња и им е таква, не се препишува тоа на никаква колекција или крема.
Па не би рекла баш така.. Го избањав еден ден со Хип од само едно бањање кожата беше сува со црвенила и лушпи далеку беше од нежна и мека
Тоа важи ако бебето го миеш само со вода. Ако користиш несоодветно средство и те како може кожата да му бидне сува.
Ако е несоодветна купката за кожата се појавува сувост. На малата така и беше од Мустела. Според мене бебе не треба да мириса на прашок и на купки, самото бебе си има бебешки мирис.
Мамички ајде едно мислење споделете ако сакате Малата ќе прави годинка летово. Па што би ми одговарало да и купам повеќе за проодување, дали патичиња или сандалчиња ( не знам дали има специјални за проодување) или двете ?? Можи има и некоја друга дилема како мојата Бацки
Јас прашав во друга тема. За проодување ништо, дете проодува босо. Јас бев во дилема дали треба повремено да му облекувам патики за да се навикне ама одговорот беше не, кога ке прооди тогаш. Синко доби адидас патики подарок, меки се за проодување и се баш тенки. Сандали не знам дали се згодни за деца кои самошто проодиле, ако мислиш на оние со отворени прсти.
За дома босо, надвор се пушта да оди дури кога ќе е стабилно, а тогаш за почеток се зимаат патики, добро да му ја држи ногата, и да се виткаат кај прстите. Од тие меките никако, само неправилно ќе настапува. Сандалки и земав јас сега ама веќе 3м е проодена,дури и за сега се мислам ама ќе видам ако и сметат пак ќе се вратам на патики.
Истото и јас сакав да го прашам. Пред некој ден гледав сандалки многу убави во H&M и викам само што ќе отворат продавниците да и земам некои здравје за летово баш тогаш и ќе прооди. Боса да ви кажам не ми се пушта кај нас дома секаде има плочки , воопшто не сакам боса да гази по плочките. Е сега не знам што е подобро , затворена кондура или сандалчиња
Дома секаде ми е плочки и само на чорапки е цело време. Само ставај со гумички на почеток се лизгаат.
Тенкс Бејби Гледав едни убави патичиња за проодување во Кеги. Нив најверојатно ќе ги купам, за надвор секако
Моментално имаме едни на Најк и едни Адидас. Битно е да се виткаат кај прстиња. Е сега малку ќе се помачиш за бројка да најдиш одма ги трошат.
Синко вакви има, https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=M&MarketingStatus=018&Vozrast=I Да немаше, овие би ги купила, https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=M&MarketingStatus=020&Vozrast=I
Овие не се добри за проодување затоа што цела е мека и не ја држи стабилно ногата. Гледај да се со гума кога ќе прооди.