Епа овие за кога се? Дома е постојано бос а и кога излегуваме не му облекувам ништо, не сакам да го стискам во патики само за мода. Требаше да оди на ортопед и да прашам ама ради ситуацијата не отидовме.
Не ја разбра поентата. Не може од купка да се тврди дека на бебе му е мека кожата. Може да биде мека и без употреба на купка. Ај да ти одговорам на прашањето. Затоа што се парфимирани и агресивни, а бебешката кожа е ПРИРОДНО мека и нежна.
Епа има и бебешки производи кои се агресивни. Косили, џонсонс, бекутан, полни се со хемија. Можеш да тврдиш дека бебешката кожа е мека ако не користиш никаква купка. Јас велам дека е мека ама купката си има удел. Агресивна купка може да ја иритира кожата иако е бебешка купката. Затоа тврдам дека и купката си го прави своето.
Јас користам една од овие што ги имаш наведено како агресивни па му е мека како памук, нема ни црвенила ни некаква реакција. Секое бебе различно би реагирало што значи до кожата е. Некое ќе има рекација и од најсакапа купка.
Јас разговарав со педијатарот и ми рече вакви да и земам за проодување https://www.mysunshine.gr/vrefika-papoytsakia-bobux/soft-sole-3-21-minon.html . Ми рече може и надвор да се носат. Се виткаат целосно и кај прстињата. За мода не гледам мода, само да и е удобно
Бебе ми е од сабајле некако тивко, не нерасположено ама не вриска како обично да се смее цело време. Мерам тт, покажува 37.1-37.2 со дигитален. Плачлива ми е некако, а и ноќеска не спиеше баш убаво. Може ли да е од заби, како да знам? Нема запче уште, не приметувам нешто отечено непце, ништо нема...
Мк немам видено нигде вакви. @EvieBabe можно е да е запче, следи ја состојбата, мери и покасно пак. Ќе се среди.
Aдидасот што ги ставив претходно се такви. Има и на инстаграм една страна, elo design mk, продаваат ептен слични на тие погоре. Кожни се, 1300 денари.
После проодување меки патики, а кога ќе зацврсти, сандали затворени кај прстите, за да не и одат прстите нанапред, и да не се сопнува од предниот дел кога ќе се витка. А се витка често кај деца.
Ај пушти ми ги адидас ако сакаш. А овие дека кожни за бебе ме бунат некако. Ги видов на нет, слични се ептен со на Коритсаки ама кожни на лето не.
Патиките подоле добри ли се? https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=M&MarketingStatus=018&Vozrast=I
По колку време е дозволено да лежат на меше бебушиве? Кога го оставам на под,на грб,за секунда се врти на меше и така може повеќе од 1 саат да си лежи,да си игра. Да не претеруваме?
Од кога сама се вртеше на меше, ја оставав колку сака да си седи. По цел ден така седеше, така си играше, по некое време почна и на меше да спие. Слободно остави го, така ќе ги јача повеќе мускулоте отколку на грб кога лежи.
Ортопед вели, кога бебето е спремно да направи нешто, ке го направи тоа и ние како родители не треба да ги спречуваме децата, а не треба ниту да ги форсираме, за што веќе зборевме во темава. Значи ако не кенкаат, удобно им е така. А од аспект на што е добро за детето, лежење на стомаче е супер за зајакнување на мускулатурата. Кога се научи да се врти во двата правци, си се вртеше како му е згодно, а кога не може, тогаш почнува да кенка.
Обожава да е на стомак. Што викаш,кога не му одговара кенка да го земам или свртам. Но скоро секогаш 90% од времето поминато на под му е на меше, од време на време се врти на страна,на грб, ама на стомак му одговара највеќе позицијата за играње Фала мајки за споделеното искуство
На 6 ипол месеци има некоја фаза со вришење секогаш кога ќе го оставиш во креветче? Последниве 3 дена е буквално лепенка до мене, а го спуштам у креветче вришти како да го коле некој, а од 1 ден спие сам во креветче и не е дека сега му е ново. Има некоја фаза, separation anxiety, заби ли се...5 скок му помина, сеа ова.. Ме спобудале.