Не претерувате. Ако не му одговара,ќе се побуни секако. Еве моево веќе на стомак навечер спие некое време. Сам се врти. Го легнувам на грб, го наоѓам на стомак. Секако е подобро на меше,нека јача мускулатура.
Нормално е да стои на прсти? Од позиција лазење се качува на нешто за да се држи и кога стои или кога пробува да оди држејќи се за нешто е на прсти секогаш.
Мајки, се случува ли да плачат вашите малечки додека ги храните? Ретко се случува додека пијат млекце да плачат, а почесто додека им давам кашичка. Внимавам да не ги ударам со лажичињата по непце, не е до тоа. Често прават бука додека јадат. Дали сте се нашле во таква ситуација и како постапувате?
Моето од почеток не е по јадењето многу, и за цело време додека јаде фрла играчки, некогаш плаче ако е со сила, со еден збор не застанува. За среќа крвната слика е ок, дури се чудам и како успева н тоа нејадење, баш денес проверивме.
Моите јадат од старт генерацијо, повеќе од потребното. Тие мислат дека и кашата тече од шише. Сакаат без пауза од една до друга лажичка. Најголем проблем ми е ако двајцата во исто време ги хранам. Не дочекуваат менување на лажичка, па лап едното, па друга лажичка па лап другото. Незнам што да мислам. Мислам дека од нетрпеливост така прават. Но, не секогаш. И тоа се мислам, зошто некогаш да, а некогаш не. Навистина сакам да сподели мајка која се нашла во ваква или слична ситуација.
Мојот нејадач плаче затоа што му давам да јаде. А зошто не со иста лажичка? Претпоставувам за ручек исто јадат? Или ти беше мајката што пиша дека едното бебе не сака праз?
Кај мене не плаче на првите лажички. После почнува да кенка, го лажам некое време, ама порано или подоцна доаѓа до плачки.
да,кај нас секогаш е така кога го јадеме појадокот. Се тегне плаче вришти ми зема лажица... Викам веројатно не му се јаде ама после 5 минути пак бара.
Мал број пати сум ги хранела во исто време, полесно ми е на растојание. Инаку, едниот јадеше кромид, а другиот не И со иста лажичка сум пробала, исто е, не се дочекуваат. Преферирам со посебна, ајде де, секој со своето... Човек некогаш не е паметен...
Да се пофалам , денес осетив дека на беба и пробива прво запче со лажичето тропка кога ја хранам Сега сме 7,5 месеци. Сакам да ве прашам од кога е нормално бебе да лази наназад? Првото дете не лазеше, прооди веднаш на 11 месеци, а сега ја приметувам беба седи па ќе легне на стомак , ќе се крене со рацете и ќе се влече наназад.. сега не знам дали се спрема за лазење ама од денес почна ова да го прави..
Здраво моето бебе има 7 месеци од како се роди си спиеше по цела ноќ од 22:00 - 10:00 со 2 - 3 будења за цицање. Веќе еден месец се буди од 5 до 10 пати и цело време кенка. До пред една недела кога ќе го земев веднаш се смируваше но сега не цело време тражи да е на цице (а не цица туку спие) и кога ќе го тргнам веднаш почнува да плаче. Во што може да е проблем искрено многу ми е напорно
Женски , некоја да сподели искуство со вакви сунѓерести коцки. Дали може директ на плочки да ги ставам или ќе се лизгаат лево десно? Беба е 7,5 месеци и се превртува од седечка во лежечка положба и ми е страв сама да ја оставам по кревети. Гледам во Џамбо има и се мислам дали да порачам..
А да си земеш подлога место вакви? Мазни се,ќе шетаат по плочки,а не знам дали зависи од квалитетот се жалат дека се растурале ваквите коцки...