Ние сме 7,5 и веќе некое време се влече така наназад, се крева високо на раце и на меше се врти 360 степени во круг. Од тоа што читав така е редот на фазите, следува лазење (влечење) како војник, па да ги дознае коленцата на нозете и да се клацка така во место и потоа тргнува да лази Забчиња долу две извадивме и одма гледам циркаат по малце и горните кецови кои го помачија оваа недела
Да не се заби? Или имаш воведено оброк плус а да не е подготвено уште па да го мачи меше? Јас кај моето така приметив трет оброк навечер кога му воведов се будеше плачече. Изгледа не беше спремен и му одложив уште некоја недела. Коцки можеш вакви само без бројки има еднобојни. Овие катастрофа тоа бројките паѓаат се вадаѕ ги глода во уста.
Честото запче. Да му се редат бели И здрави Подлогата е попрактична. Овие ги вадат И јадат. Плус меѓу спојовите влегува ѓубре И треба на секое метење да се креваат. Јас вакви 3 имам. Една во дневна каде бебе игра една на терасата а третата под капалката бидејќи е водоотпорна да не ми прска на паркетот.
Podobro podloga nea mnogu poveke ja iskoristiv otkolku ovie kocki rasturi se pa pak redi gi mene ne mi se mnogu prakticni Podolga i ne mu ja misli ic
Истото ни се случува и нам. Не знам што е. Се мислам заб, скок ли некој во развој. Преку ден спие само на мене на цицка, а некогаш и со цицката во уста. Навечер едвај го тргам од мене на прво заспивање. И после почнува ко навиен на 2 саати да се буди. Цица и презаспива и после едвај го преместувам во креветче да го ставам. Некогаш и се буди па одма го нишкам за да го презаспијам. Живи ненаспани сме веќе 3 недели. Не знам што да ти кажам. Освен издржи некако... Ќе помине...?
Како јас да сум го пишувала ова... исто и ние сме 7 месеци и потполно иста ситуација, лепенка за мајка... Инаку лазиме така да и до wc сама неможам да одам... Јас сакам нешто др да прашам: Во последно време палецот постојано до става во уста и го цица, купив 2-3 цуцли не ги сака, си игра со нив. Страв ми е дека ќе му остане навика да го цица прстот, Ве молам за некоја препорака како да го одвикнам...
Нормално е лазење наназад, 99% така прават. Прво наназад, па после нанапред. Фазата на лепенка за мајката, т.е стравот од оставање. Меѓу другото. Искомбинирано со растење заби, сонови од настаните преку ден, скокови во развој.
Кај некои и цел живот, мамини синчиња Шала на страна, индивидуално е. Големиов е поприврзан за мене отколку малото. Некаде после година се ослободи големово, малото порано, дека морав да почнам на работа кога имаше осум и пол месеци. Мачна е таа фаза, оти на раат ни да прднеш не можеш, прости на речникот. Имам приметено дека кај машките е поизразено, ама може нема врска, јас правам споредба со моиве и внуките... тие ко да не беа толку приврзани како мали за снаа ми, ни сега не се нешто посебно приврзани, за разлика од моиве кои знаат ептен да бидат лепенки.
Заради тоа сум загрижена, незнам како ке се одвоиме, а треба да се тргне на работа... градинки не работат, бабите стари, бебето ора 300 на саат
Ќерката на негова возраст беше понезависна. Некако беше и пољубопитна и посигурна во себе... Тој како плашлив да е, сѐ нешто некој да е до него. Не може сам да се заигра, мора некој со него да седи. Во џампер го ставам, ама само да е некој пред него и да го игра во џамперот. Среќа ќерката го игра па можам да направам доручек 15 минути. Инаку лепенка. Сака или да си играш со него, или ти сам да си играш а тој да гледа. И не е само за мене залепен. Залепен е и за татко му, ама за мене муабет нема колку е. Плаче кога ќе ме види. Скроз различен карактер од со ќерката. Таа беше многу поврзано бебе, ама пред да почне да го осознава светот. Кога наполни 6-7 месеци, да не претерувам и јас, не дека беше да ја оставиш - и таа плачеше за во раце и гушкање, ама имаше поголем дел од денот во кој знаеше да поседи сама. Тој секунда не седи сам. А не само што не седи, туку и да сум до него не е доволно. Морам да сум му 100% посветена и да го играм... И сѐ ќе е ок, да спие барем навечер малце повеќе. На саат и пол или два тој пушта сирена. Среќна сум што барем ок презаспива, без драми поголеми. Знам што треба да направам за да сум поодморна... (Ама не сакам). Треба да легнам во 9.30 со децата. Ама искрено, ако го немам раатот што го имам од 10.30 (кога ќе ги успијам) до 12 некаде, да седнам во тишина и да изгледам некоја серија, од ум ќе си излезам.
Мене ми рекоа пливит Д3. По 2 капки. Имам уште едно паковање вигантол па одам со пливит Д3. @Kaetana многу сакам да те читам. Дури и кога се жалиш. Има позитивна во тоа жалење. Ме насмеа во постот во мајчински муабети кога те фрустрира спиењето на моево бебе. Замисли веќе спие 1,5 часа до утре до 8:00. Можам до Солун или Белград да скокнам и вратам таман за цицка кај 3 часот. И не мора може со цуце да презаспие. Ептен границите се затворени ме зезнаа. И ова како ќерката многу сама се заигрува. Некогаш од мерак ја земам да ја љубам. Ама знај брзо растат. Синко воошто не ми спиеше како вчера да беше. Ене го 15 год поголем од мене. Сеуште не е некој спанко ама веќе е момче. Ми е мака што брзо растат. Само здрави и живи да се.
@Presrekna пливит јас шо ги имав земено поради мене, се 200 ie a Вигантол се 500ie по капка. Ама може има и појаки од Пливит, утре баш ќе проверам. Фала мила
@Presrekna за жалење не се жалам многу. Си пишувам како е за кога ќе се читам да си се смешкам дека ми било полошо. )) Да се жалам и да кукам, неблагодарно е. На крај знам дека е бебе. И дека нема нешто лично против мене. ) Дека му требам да го гушнам. Башка, второ бебе - знаев во што се впуштам. ) Само имав надеж демек дека второво пофино малце, демек како награда оти првото така темпераментно и со карактер. Јас и трето на маж ми му вртам во муабети, ама гледам ме гледа со еден запрепастен поглед, особено кога не е спиен.. ))) Знам колку лета времето, до толку што после двете породувања јас живеам во некоја блага форма на егзистенцијална криза. Ќерчевич 5 години наполни, јас уште возљубено гледам слики кога имаше 2 и ми е ко завчера да беше. Побогу бебчо ќе прави 8 месеци, а јас уште не сум свесна кога ми летнаа. Ги гушкам секој ден најмногу, и ги впивам моментите со нив. Се трудам да ги запамтам и најмалите ситници... Бои, мириси, песни, расположение... Оти знам дека денес ми заминува, а утрето иако е слично со денес, полека ми носи нови работи. Поздрав иначе, бебе само што заспа. 22:15. Сега уште најтешката операција - да го префрлам во креветче и да се ослободам. Па да го чекам да рикне накај 00.00, и ко Пепелашка да истрчам од журката во дневна... ))
@Kaetana и јас те читам стално Ме фати смеа за тоа дека си очекувала помирно второ бебе дека првото темпераметно. Моево е мирно. И викам: Не се осудувам да раѓам второ којзнае какво ѓаволче ќе биде да ми наплати за првово што е мирно Ама ете ти ми даде надеж дека може да се погодат две исти! У мојов случај би биле две мирни! Хахахахаха. Ако се одлучам некогаш де! У далечна иднина! Се зафркавам на твоја мука... не ми замеравај. Шала Бебе може да се смени 360 степени. Преку ноќ!